Се надевам Столе дека ќе игра, и дека новиов голман е бар приближно добар ко Борко....
И не е можно овака да ми се поклопат термините да не можам ни оваа со Нексе ни у четврток таа со Загреб да ги гледам... -.-
Четврток?
Мислам дека во сабота е мечот, на 10 Март.
Инаку да се позанимаваме малку со математиките.
На крај нерешениот резултат со Босна може скапо да не чини.
До крајот имаме уште 5 кола и ние и Нексе.
Дома играме 3 меча, со Извиѓач, Металург и Загреб, а на гости со Нексе и Татран.
Извиѓал сигурно паѓа, но реално овие други 4 меча ни се ептен гадни и можно е дури сда имаме 4 порази во овие мечеви.
Тоа би значело дека на крај би имале 44 бода.
Ако претпоставиме дека Нексе ќе не победи, тогаш во случај се друго да изгубиме, ќе треба да се молиме Нексе да загуби два од последните 4 дуели, или да изигхра нерешено и еднаш да загуби.
Освен со нас, Нексе игра уште со Борац на домашен, и на гости кај Ловќе, Сутјеска и Татран.
Според мене во Прешов имаат сигурен пораз, со Борац дома ќе биде занимлива утакмица, со Сутјеска лчесно ќе победат, па ќе ни остане во ваков случај да се молиме да кикснат во Ловќен. Ловќен игра одлично на домашен терен, така да може да очекуваме изненадување.
Многу важно ќе биде ако извадиме нерешено во Нашице или ако тепаме. Тогаш скоро 100% сме во фајнл-форот...
Татран на гости игра со Борац и со Црвена Ѕвезда. Со Ѕвезда сигурно победуваат, но мечот во Бања Лука не им е баш лесен и Борац може да победи.
Татран на домашен терен има само дерби утакмици, со нас, со Металург и со Нексе.
Да тепаа пешљациве со Нексе на гости, немаше да му ја мислиме сега. Сигурен сум дека и во Прешов ќе изгубат, пошто мислам дека тој меч ќе им биде во моментите кога ќе имаат згуснат распоред ради двомечот со Загреб во ЛШ.
Значи во моментов:
ВАРДАР 41
ТАТРАН 37
НЕКСЕ 33
Сите три екипи имаме по 17 меча!
До крајот: ДОМА ГОСТИ
ВАРДАР: Извиѓач Нексе
Загреб Татран
Металург
ТАТРАН: Вардар Борац
Металург Ц.Ѕвезда
Нексе
НЕКСЕ: Вардар Ловќен
Борац Сутјеска
Татран
Имаме голема преедност пред Нексе, не смееме да ја загубиме.
Аи битно ќе биде да завршиме пред Татран, за да не вкрстиме со Загреб во полуфинале.
Притоа Загрев сметам дека ќе бидат први, а Металург втори.