84-то издание на Оскарите

Оскарот за најдобар филм оди за...


  • Вкупно гласачи
    36
  • Гласањето е завршено на .
Ај за The Artist оскар за најдобар филм ќе разберам (жирито од академијата се палат на артистички филмови што само они ги разбираат), ама за главна машка улога пред Гери Олдман уште не можам да се помирам. Може се одлучиле да снимат нем филм пошто 2 збора англиски не знаеше оној :ROFLMAO: Инаку за Мерил Стрип иако ми е одбивна и неможам да ја поднесам, мислам дека заслужи оскар. Како глуми значи... класа е, тука нема збор.

Идната година ќе биде поинтересно, се надевам на The Hobbit дека ќе ги истури со оскари!
 
Публиката не ја боли кој ќе победи на Оскарите уште од Господар на прстените. Џабе им се сите новини, водители и што ти јас знам, се додека не пронајде академијата НЗС со вкусот на публиката која очигледно во вакви случаи делува недоветно, до тогаш само академијата ќе си ги гледа филмовите.
 
Омилената глумица ја портетираше личноста која најмногу ме инспирира и која премногу ја почитувам. Има ли нешто поубаво од тоа? :pipi: Многу ми е мило што Мерил го доби Оскарот иако заспав, значи бувално една номинација пред неа.:(

Може се одлучиле да снимат нем филм пошто 2 збора англиски не знаеше оној !

:pos::pos::pos:

И јас го помислив истото. :icon_mrgr: Тоа беше силување за моите уши, полош англиски не сум чула. Ко оној за музика шо доби, мон шери, жтем, не можат да издржат, а да не промумљаат на француски. :facepalm:

Жал ми е за Скорсезе... :( Многу го сакам и криво ми е барем што не зеде како режисер.

Артист бе... Доби само заради тоа што е нем филм, а не дека нешо е посебно. Ме нервира кога така од ракав делат Оскари само затоа што се работи за нем филм, слеп човек, РАЗМОНТИРАЊЕ БОМБИ (ова никад нема да им го заборавам).

Инаку многу досадно и вештачко шоу, посебно годинава. Вештачки насмевки, вештачки ракоплескања... не ми се допадна, досадно ми беше до даска. На крај мислам дека дури и од досада и заспав, башка ова Американциве не се живи ако не умрат со место за реклами. Значи на секои 9 минути имаше реклами од по 3 минути. Аман заман и тоа беше досадно максимално.
Не дека очекувам нешо од Оскарите, ама ова ми беше... многу грдо шоу.
 
Што го отупе Миланка го отупе..Жено дај или преведувај се што зборат или затни си ја муцката да слушам.Го отупе со Rango и нашата мк екипа, ми ги дигна сите влакна на косата!Но, да остаам тоа на страна, Миланка е приказна сама за себе нели:icon_lol:
Што се однесува до победниците, Артист како и 90% од вас тука, осеќам дека ќе го изгасам после 10мин гледање.Мерил Стрип, краљица, немам зборови за жената, заслужен оскар ама исто и оваа Октавија Спенсер толку ми беше душичка коа доби за споредна, што слатко си се изнасмеав:)За французинот не зборам, нека научи прво англиски.
Hugo деф. растури според мене иако можеа и + еден два оскари да му доделат(се надевам ќе најдам време да го sирнам деновиве).
Били Кристал sвер, ама чоеку прекини више со пеењето аман:D
 
Sbe ajde voa cisti zaebancii , trebashe na Brad Pitt da mu daat za Moneyball
 
Останав касно да ги следам оскарите,гледав како се појавуваа главните фаци на црвениот килим,таман да започне шоуто вртам на каналиве дали има нешто друго и гледам на Канал 5 го даваат Трансформери кецот.Иако го имам гледано 32837283 пати пак си го репризирав.Сега гледам дека мојот избор не беше погрешен.Наместо 3 саати чиста досада си дозволив 2 саати "пушти го мозокот на пасење". :)
 
Артист бе... Доби само заради тоа што е нем филм, а не дека нешо е посебно. Ме нервира кога така од ракав делат Оскари само затоа што се работи за нем филм, слеп човек, РАЗМОНТИРАЊЕ БОМБИ (ова никад нема да им го заборавам).
За кои филмови збориш?
 
Клуни фино лепо си кажа човекот кој ќе го земи оскарот за главна улога,кога одговори на прашањето кој ќе го земи оскарот рече дека некој кој зборува франфуски.
Секако акадијата не ја почитува репутацијата што ја имаат холивудските актери.Па ете се појавил некој дојден од “село“и го собрал оскарот пред Пит, Клуни,Олдман...

А за Мерил никој нема да каже дека не заслужила.
 
2982665_460s.jpg

Одамна (2 години) не му мавам рецка на наградиве...
 
Убо шо гледав All Star наместо ова. И така филмот на годинатa(Drive) според мене, не беше номиниран...why bother? Последниве 3 години оскарите за најдобар филм ги добија исклучително досадни филмови.

Се дур академијава е водена од бајати "уметници" и светската публика нема ни бар 5 проценти некаква застапеност во процесот на гласање, цела оваа манифестација ќе е ваква. Досадна и вештачка.
 
War Horse ништо......фак д академи:facepalm:

Сара Џесика Паркер добила овде награда за најдобар коњ у филм...

И with all respect to Meryl, али доста и е, нека не изиграва Алушевски сеа, нека остави место за помладите...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom