Извршители (легални рекетари).

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.857
Граѓаните ги плаќаат недоразбирањата меѓу ЕВН и извршителите

Стотици граѓани плаќаат десетици пати повеќе од реалниот долг за струја затоа што извршителите не постапуваат по предметите што ЕВН им ги испраќа пред секоја акција за исклучување на струјата.

Кампањата за плаќање на рати ќе трае уште два дена

Скопјани што сакале да ги платат заостанатите сметки во наплатниот пункт во Ѓорче Петров, пред последната акција за исклучување на струјата останале вчудовидени кога службеници на ЕВН им објасниле дека имаат тужени сметки што им се предадени на извршители, а биле стари и по две години.

- На прашањето зошто не добивме опомена за застарена сметка и кај кој извршител треба да се плати сметката ни одговорија дека ЕВН не испраќа веќе опомени како порано и дека не знаат кај кој извршител е предметот. Исто така, не ни дадоа документ кога е испратена тужбата. Друг службеник, пак, ни рече дека извршителите чекале да помине акцијата за плаќање на сметките на рати и дека со почетокот на месецот тие ќе почнат да тропаат на нашите врати - вели револтиран жител на скопската општина Карпош.

Другите граѓани што ги затекнавме на наплатните пунктови на ЕВН стравуваат од тоа дека за долг од 2.000 денари, на пример, ќе треба да плаќаат неколкукратно повеќе за камати и за наградата на извршителот.

Претседателот на Комората на извршители, Антонио Коштанов, признава дека долгот на граѓаните расте со секој ден неплаќање, но тоа било така затоа што ЕВН не ја плаќа потребната такса за да можат извршителите да издадат налог за наплата на долговите.

- ЕВН ни испраќа по стотици предмети за наплата и ние не можеме да ја плаќаме таксата од 500 денари за секој предмет поединечно. Со секоја уплата на такса од ЕВН извршителите веднаш почнуваат со наплата. Точно е дека и наградата за извршителите расте, но само во случаи кога долгот на граѓаните надминува илјада евра. Тогаш наградата на извршителите се пресметува на процент - вели Коштанов.

Од ЕВН, пак, велат дека постои договор извршителите да го почекаат крајот на кампањата, бидејќи до крајот на месецов ситуацијата може многу да се смени.

- Многу граѓани ќе ги платат долговите и тогаш нема да има потреба од извршители. Нелогично е сега, во текот на кампањата, извршители да одат да ги наплаќаат долговите затоа што до крајот има уште неколку дена. ЕВН ја поведе оваа акција во која граѓаните ќе можат да ги платат долговите на рати и во која нема да им се пресметува каматата за задоцнето плаќање, како и каматата што произлегува по плаќањето на долгот - вели портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.

Коштанов, пак, тврди дека извршителите немаат никаква врска со акцијата на ЕВН за плаќање на долговите на рати.

- Ние не сме виновни што поради каматите долгот на граѓаните за неплатена струја расте. Ние немаме никаква врска со таа акција, туку чекаме ЕВН да ни ги плати таксите за тужбите што ни ги даваат за да може да издадеме налог за извршување на наплатата - вели Коштанов.

Проблемите со наплатата на струја и начинот на кој тоа го прават извршителите станаа речиси секојдневие за граѓаните, но и за фирмите што плаќаат индустриска струја, по цена неколкупати повисока од онаа за домаќинствата. Од ЕВН информираат дека има граѓани што не платиле струја и по осум или десет години и чии долгови достигнуваат и по неколку стотици илјади денари.

http://novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=1301292116&id=10&prilog=0&setIzdanie=22492

Господин Михајло Маневски кој го предложи овој закон да биде тој лично извршител и да го наплати долгот во Тетово, Зајас, Гостивар, Дебар, Арачиново, Чаир, Велешта, Кичево...

Друга работа и Михајло Маневски нека си го наплати долгот кон државата бидејќи зема и пензија и Министерска плата...Законски не смее да зема и пензија и плата...
 
bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.831
prvo ako imas priliv nekoj na transakciska smetka vo banka nema potreba od izvrsiteli direktno ti secat a dokolku nemas ti doagaat dma ti zimaat nekoj predmet vreden 1000 evra go procenuvaat na 200 evra i eban si vo zdrav mozok....
inace da im ebam sve na izvrsitelite
poz
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278

Не е баш така едноставно, ако имаш прилив на сметка од плата не смее да ти чепне над една третина плата, ако имаш веќе некоја задршка за плата (отплаќаш кредит), налогот на извршителот ќе си чека на ред да се заврши кредитот па после тој може да си наплати, од дома не смее да ти земе ни мебел ни шпоре, фрижидер, маси столици печка со која се грееш.... не смее да ти земе ништо од што заработуваш (машина, трактор...) може само работи кои се некој вид луксуз. Така да ни тие не смеат баш се и сешто да прават. Тоа значи дека извршител може да наплати долг али не од сретства кои ти се неопходни за живот ниту од предмети кои ти се неопходни за нормален живот
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718

сигурен си за ова? прв пат слушам... ај поубаво појасни или дај линк да прочитаме...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Сосем точно е она напишано од Лет3. Со тоа што, да појаснам, 1/3 од приливот од плата, а секој друг прилив 100% може да биде веднаш одземен.
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
34
Поени од реакции
18
сигурен си за ова? прв пат слушам... ај поубаво појасни или дај линк да прочитаме...
мало појаснување :)

Закон за извршување

Член 5 - Заштита на должникот
(1) Извршувањето заради остварување на парично побарување не може да се спроведе врз предмети или врз права кои се нужно неопходни за задоволување на основните животни потреби на должникот и на лицата кои тој според законот е должен да ги издржува, или за вршење на самостојна дејност која е должников главен извор на средствата за живот.
(2) При спроведувањето на извршувањето ќе се води сметка за достоинството на личноста на должникот, како и за тоа извршувањето да биде што помалку неповолно за должникот.

Член 105 - Ограничување на извршувањето
(1) Извршувањето врз плата и пензија, како и врз надоместок наместо плата, за побарување врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката, може да се спроведе до износот од една половина, а за побарувања по друга основа - до износот од една третина на платата или пензијата.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
сигурен си за ова? прв пат слушам... ај поубаво појасни или дај линк да прочитаме...
Глава дванаесетта
ИЗВРШУВАЊЕ ВРЗ ПОДВИЖНИ ПРЕДМЕТИ
Изземање од извршување
Член 84
(1) Предмет на извршување не можат да бидат: 1)облека, обувки, долна облека и други предмети за лична употреба, постелнина,
садови, мебел, шпорет, ладилник и други предмети со вообичаена вредност што служат за задоволување на основните потреби за домаќинството, доколку му се потребни на должникот и на членовите на неговото домаќинство;
2)храна и огрев за потребите на должникот и на членовите на неговото домаќинство за три месеца;
3)работен и расплоден добиток, земјоделски машини и други орудија за работа, семе, добиточна храна, алат, машини и други предмети што на должникот земјоделец или занаетчија му се неопходни за одржување на земјоделското стопанство, односно за вршење на занаетчиската дејност, во мера во која е потребно со тоа да се оствари минимален приход за неговото издржување и за издржување на членовите на неговото семејство;
4)книги и други предмети што му се потребни на должникот кој самостојно во вид на занимање со личен труд врши научна, уметничка или друга професионална дејност;
5)готови пари на должникот до месечниот износ кој според закон е изземен од извршување;
6)ордени, медали, воени споменици и други знаци на одликување и признание, венчален прстен, лични писма, ракописи и други лични списи на должникот, како и семејни фотографии и
7)помагала што на инвалидот или на друго лице со телесни недостатоци му се дадени врз основа на прописите или што ги набавил сам, а се неопходни за извршување на неговите животни функции.
(2) Одредбите од ставот (1) точка 3 на овој член не се однесуваат на извршувањето заради остварување на парични побарувања на банките по основа на наменски кредити за развој на земјоделската, односно на занаетчиската дејност под услов таа можност да е изрично предвидена со договорот за кредитот.
(3) Поштенска пратка или поштенска парична дознака упатена до должникот не може да биде предмет на извршување пред да му се врачи.
(4) Со закон може да се определи дека и други подвижни предмети не можат да бидат предмет на извршување.

Ограничување на извршувањето
Член 105
(1) Извршувањето врз плата и пензија, како и врз надоместок наместо плата, за побарување врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката, може да се спроведе до износот од една половина, а за побарувања по друга основа - до износот од една третина на платата или пензијата.

Многу граѓани не знаат за овие свои прва и многу извршители злоупотребуваат тоа незнаење и извршуваат и над третина плата како и заплена на работи од дома кои се изземени по закон. А законот вели и дека Извршителот одговара за секоја штета настаната при извршување така да можеш да ги пријавиш во комора, да ги тужиш.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Било каква сметка ако не се наплати до една година од датата на фактурирање таа автоматски застарува и нема никој никаков основ за наплата
Како може извршител да наплати кога треба прво да ти ја занае сметката,а банката не смее да ја даде зашто се обврзала дека ќе ја штити приватноста(нема да дава податоци на сопственикот на сметката)
 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
236
И јас сум против извршителите не сакам да навлегувам длабоко во темава само сакам да ви соопштам дека во Прилеп почнаа да ги тепаат тие неранимајковци, еве пред неколку дена тројца маскирани лица влегоја во канцеларија на извршител и го шинаа од чотек :tapp: кој си заслужил ќе си јади чотече... со лесно пари не се вадат кога токаш ќе го кркаш стапот
 
K

kalimer0

Гостин
Доколку некој предмет е во сопственост не на должникот туку на неговиот татко на пример а должникот го користи, дали извршителот има право да го одземе предметот?
Пример должникот живее во куќата која е сопственост на неговиот татко.
 
Нема право ни да звони на врата не па да зема туѓа сопственост.Ако должникот е полнолетен тогаш родителот може на извршителот комотно да го отера у пичку материну и да му се закани со тужба за нарушување на слободата и приватноста...............
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Доколку некој предмет е во сопственост не на должникот туку на неговиот татко на пример а должникот го користи, дали извршителот има право да го одземе предметот?
Пример должникот живее во куќата која е сопственост на неговиот татко.
ова што го кажуваш и прашуваш теоретски е издржано ама практично е парадоксално.... ако долговите се направени за таа куќа (вода, струја, парно, телефон) тогаш по дефолт сопственикот (таткото) е должник, а не станарот (синот-керката)...
 
Значи должникот (синот) има своја фирма а живее со неговиот татко
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
И јас сум против извршителите не сакам да навлегувам длабоко во темава само сакам да ви соопштам дека во Прилеп почнаа да ги тепаат тие неранимајковци, еве пред неколку дена тројца маскирани лица влегоја во канцеларија на извршител и го шинаа од чотек :tapp: кој си заслужил ќе си јади чотече... со лесно пари не се вадат кога токаш ќе го кркаш стапот
Таа кучка што крка маст ќе крка и стап.
 
A

Advokatisce

Гостин
Било каква сметка ако не се наплати до една година од датата на фактурирање таа автоматски застарува и нема никој никаков основ за наплата
Како може извршител да наплати кога треба прво да ти ја занае сметката,а банката не смее да ја даде зашто се обврзала дека ќе ја штити приватноста(нема да дава податоци на сопственикот на сметката)
Сега одат со платни налози кај нотар. Нотарот врши достава до должникот и ако тој не плати или пак не даде приговор во рок од 8 дена го дозволува и истиот е правосилен и извршен. Тогаш доверителот ја носи извршната исправа кај извршителот, а тој постапува по неа. Така да извршителите постапуваат само врз основа на извршна исправа,а не измислуваат ништо од ракав. Во врска со застареноста - Нотарот нема обврска да проверува дали побарувањето е застарено, доколку должникот поднесе приговор тогаш нотарот го праќа предметот во Суд и судот ќе одлучи дали некој предмет е застарен или не.
Во врска со сметката - ако е така тогаш никој нема да може да си наплати побарување. Приватноста е заштитена во секој случај. Должникот имал шанси да плати претходно а не го сторил тоа. Значи затоа се вика присилно извршување( блокирање сметка, попис на ствари и сл)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom