Aдвокатишчето е во право.
И, порано, кога платните налози ги издаваше судот, сега нотарот, не навлегуваа во основаноста на долгот.
Тоа е, всушност, дозвола за извршување врз основ на веродостојна исправа, т.е. фактура на пр.
Кога нотарот го издава платниот налог, му го доставува на доверителот, но и на должникот, и тој платен налог има рок од 8 дена да биде обжален до Претседателот на судот каде нотарот има седиште. По истекот на тој рок, се разбира доколку нема приговори, платниот налог е правосилен и како правосилен оди кај извршител, по барање на доверителот.
Доколку има приговор, должникот и доверителот се упатуваат да поведат граѓански спор, и во овој случај нема извршување, доколку граѓанскиот спор заврши со пресуда во полза на должникот.
Практично би одело вака на пр.:
Ми доаѓа платен налог заверен од нотар, каде јас сум должник а на пр. ЕВН е доверител.
Од платниот налог гледам дека ЕВН приложил финансиска картица (веродостојна исправа) дека не сум платил струја во износ од 10000 денари по десет фактури кои се однесуваат за преиодот од 1-10 месец 2010 година.
Го примам платниот налог на ден 18.02.2012 година, и во законскиот рок поднесувам приговор, и по повод мојот приговор упатен сум на судски спор каде јас сум тужител, тужен е ЕВН, вредност на спорот е 10000 денари.
Докажувам пред судот дека по ЗОО периодичните побарување застаруваат една година од денот на доспевањето, а воедно барам и судот да му наложи на ЕВН да го брише мојот наводен долг од книговодствената евиденција.
Го добивам спорот, ЕВН може да се слика! Толку...
Ај сега и другата опција:
Ми доаѓа платен налог заверен од нотар, каде јас сум должник а на пр. ЕВН е доверител.
Од платниот налог гледам дека ЕВН приложил финансиска картица (веродостојна исправа) дека не сум платил струја во износ од 10000 денари по десет фактури кои се однесуваат за преиодот од 1-10 месец 2010 година.
Го примам платниот налог на ден 18.02.2012 година,и си велам ич кур не ме боли, шо ги ебам!
Помине рокот за приговор, ЕВН не е известена дека е поднесен приговор, а со самото тоа е поведен спор, и фино лепо, тие си одат кај извршител, му доставуваат правосилен и извршен наслов, т.е. платниот налог и јас можам да се сликам!
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 22:37 ---
Нотарот мора да биде запознаен со целиот случај за тоа што го потопишува,а ако рокот е застарен во доставените фактури тогаш предметот треба да го врати назад за да се поништи налогот.
Што има врска што живее во моја ќуќа и кои рабити се негови кога живее и се води на адерсата на куќа во моја сопственост.
Инаку е вработен и платата ја даваа дома,а јас купувам за него ама тоа е моја сопственост,а извршителот ако има дупе прво нека влезе кај мене дома па после нека докажува што е сопственост на синот
И да заканите имаа неверојатен ефект,бидејќи увиде дека згрешил,иначе следеше ќотек.Затоа и си пополни налогче да ми ја надомести направената штета и омаловажувањето и така среќни и задоволни заедно отидовме во банка да направима трансакција во моја корист
За горниот дел од твојот пост напишав погоре, ама поинтересен ми е долниот дел
1. НИЕДЕН извршител нема да се замара да попишува и одзема предмети доколку може да наплати долг од канцеларија, т.е. преку забрана за исплата на 1/3 од плата. Таа забрана ја спроведува исплатителот на плата, т.е. фирмата каде работи должникот. Ако тоа не го може, тогаш ќе бара возила на име на должникот или недвижности. Предмети од дома... тоа слабо го работат, скоро никогаш. Но, не е невозможно.
2. Во претходен пост имаш напишано дека стварите ги продал, а дел подарил по пријатели или роднини, не е битно.
Таква изјава од твоја страна е нелогична и смешна бидејќи:
а. Сигурно ти како заинтересирано лице чии ствари се попишани би реагирал веднаш, бидејќи кога извршителот попишува предметите не ги продава веднаш, туку пак остава рок во кој може да се плати долгот. И, најчесто не ги зема веднаш, туку го чека рокот па и повеќе од тоа.
б. Ако си се заканувал, веднаш би добил кривична пријава за закани кон службено лице во вршење на службена должност.
в. Ниеден извршител не е толку глуп да изгуби лиценца поклонувајќи предмети. Има тука процедура пропишана со закон како се продаваат запленети предмети, а во која процедура во секој момент учествува и извршеникот (лицето-должник), сето тоа ме наведува да мислам, и во огромна мера да сум сигурен дека измислуваш приказни.
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 22:41 ---
Не ме заебавај татко ми има за наплата 10000 евра од поранешната фирма каде што има работено што за стаж што од плати. Е сега татко ми е должен околу 1000 евра сметки ако успееше да си ги наплати тие 10000 евра кои што извршителот не можел да наплати дрн мрн фрн тој ќе си ги исплатеше тие сметки каде што е должен.
Кога ќе си ги наплати татко ми своите побарувања тогаш ќе си плати каде што е должен, а ако дојде извршител да наплаќа има крваво да си ги заработи тие пари
.
МММММММММММммммммммммммм мир во мене мир од мене
.
А дали татко ти има правосилна судска пресуда за тие побарувања?
Ако има, дали побарал од извршител да ги наплати? Дали можеби, ако е должникот во стечај, тие побарувања се пријавени како побарувања во стечајната постапка?
Е, ако дојде извршител, сигурно ќе праша дали должникот има побарувања и дали може да го докаже тоа? И, едноставно извршителот ќе земе дел од тие побарувања за наплата на долгот кој го има татко ти.