Zaptija Stojkov
Комунист
- Член од
- 23 февруари 2010
- Мислења
- 3.178
- Поени од реакции
- 2.857
Граѓаните ги плаќаат недоразбирањата меѓу ЕВН и извршителите
Стотици граѓани плаќаат десетици пати повеќе од реалниот долг за струја затоа што извршителите не постапуваат по предметите што ЕВН им ги испраќа пред секоја акција за исклучување на струјата.
Кампањата за плаќање на рати ќе трае уште два дена
Скопјани што сакале да ги платат заостанатите сметки во наплатниот пункт во Ѓорче Петров, пред последната акција за исклучување на струјата останале вчудовидени кога службеници на ЕВН им објасниле дека имаат тужени сметки што им се предадени на извршители, а биле стари и по две години.
- На прашањето зошто не добивме опомена за застарена сметка и кај кој извршител треба да се плати сметката ни одговорија дека ЕВН не испраќа веќе опомени како порано и дека не знаат кај кој извршител е предметот. Исто така, не ни дадоа документ кога е испратена тужбата. Друг службеник, пак, ни рече дека извршителите чекале да помине акцијата за плаќање на сметките на рати и дека со почетокот на месецот тие ќе почнат да тропаат на нашите врати - вели револтиран жител на скопската општина Карпош.
Другите граѓани што ги затекнавме на наплатните пунктови на ЕВН стравуваат од тоа дека за долг од 2.000 денари, на пример, ќе треба да плаќаат неколкукратно повеќе за камати и за наградата на извршителот.
Претседателот на Комората на извршители, Антонио Коштанов, признава дека долгот на граѓаните расте со секој ден неплаќање, но тоа било така затоа што ЕВН не ја плаќа потребната такса за да можат извршителите да издадат налог за наплата на долговите.
- ЕВН ни испраќа по стотици предмети за наплата и ние не можеме да ја плаќаме таксата од 500 денари за секој предмет поединечно. Со секоја уплата на такса од ЕВН извршителите веднаш почнуваат со наплата. Точно е дека и наградата за извршителите расте, но само во случаи кога долгот на граѓаните надминува илјада евра. Тогаш наградата на извршителите се пресметува на процент - вели Коштанов.
Од ЕВН, пак, велат дека постои договор извршителите да го почекаат крајот на кампањата, бидејќи до крајот на месецов ситуацијата може многу да се смени.
- Многу граѓани ќе ги платат долговите и тогаш нема да има потреба од извршители. Нелогично е сега, во текот на кампањата, извршители да одат да ги наплаќаат долговите затоа што до крајот има уште неколку дена. ЕВН ја поведе оваа акција во која граѓаните ќе можат да ги платат долговите на рати и во која нема да им се пресметува каматата за задоцнето плаќање, како и каматата што произлегува по плаќањето на долгот - вели портпаролот на ЕВН, Атанас Ковачевски.
Коштанов, пак, тврди дека извршителите немаат никаква врска со акцијата на ЕВН за плаќање на долговите на рати.
- Ние не сме виновни што поради каматите долгот на граѓаните за неплатена струја расте. Ние немаме никаква врска со таа акција, туку чекаме ЕВН да ни ги плати таксите за тужбите што ни ги даваат за да може да издадеме налог за извршување на наплатата - вели Коштанов.
Проблемите со наплатата на струја и начинот на кој тоа го прават извршителите станаа речиси секојдневие за граѓаните, но и за фирмите што плаќаат индустриска струја, по цена неколкупати повисока од онаа за домаќинствата. Од ЕВН информираат дека има граѓани што не платиле струја и по осум или десет години и чии долгови достигнуваат и по неколку стотици илјади денари.
http://novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=1301292116&id=10&prilog=0&setIzdanie=22492
Господин Михајло Маневски кој го предложи овој закон да биде тој лично извршител и да го наплати долгот во Тетово, Зајас, Гостивар, Дебар, Арачиново, Чаир, Велешта, Кичево...
Друга работа и Михајло Маневски нека си го наплати долгот кон државата бидејќи зема и пензија и Министерска плата...Законски не смее да зема и пензија и плата...