Mr.47
Juve Fan
- Член од
- 29 јули 2008
- Мислења
- 10.042
- Поени од реакции
- 6.070
Конте: Зошто нема пенали за Јуве?
Тренерот на Јувентус, Антонио Конте, се уште не може да се помири со недосудените пенали во корист на неговиот тим за време на вчерашниот натпревар со екипата на Парма. Судијата не покажа на белата точка откако Џакерини беше соборен во шеснаесетникот, но уште позачудувачко беше неговото „премолчување“ по стартот врз Пирло во самиот финиш од мечот на „Енио Тардини“.
„Играме фер, се бориме лавовски, но навистина не знам што треба да се стори за да биде досуден пенал во наша корист. Сите на стадионот го видоа стартот врз Пирло, сигурен сум дека и судијата го виде но сепак реши да покаже играта да продолжи. Ова не е прв пат да се прават вакви неправди против Јувентус, има барем пет натпревари на кои што очигледни прекршоци во противничкиот шеснаесетник не се санкционираат со пенал за нас. Имаме причина за ваков револт бидејќи судиите ни одземаа два бода со кои што ќе бевме на врвот на табелата“ - изјави кормиларот на „старата дама“.
Ваквите коментари на Конте се поддржани и од страна на анализата што ја направи весникот Тутоспорт, според која Јувентус е тимот за кој што е досуден само еден пенал сезонава, најмалку во Калччо-лигата. Само за споредба, фудбалерите на Милан, кои се главни ривали на Јуве во трката за скудетото, извеле дури шест удари од белата точка, Лацио и Наполи имале пет пенали во своја корист, додека Интер и Удинезе имале можност четири пати да ја затресат противничката мрежа со удари од 11 метри.
Во спротивната анализа, најмногу пенали се досудени против Џенова, дури девет. Против Јуве се досудени три пенали, од кои што е реализиран само еден, додека против Милан во досегашниоте тек од сезоната судиите само еднаш покажале на белата точка.
p.s. Ме мрзеше Конте да го тргам, па само „табелата“ да седи.