Во мојата зграда, ЕВН мери од 10 до 10 секој месец ( таква е групата )
Последна сметка, која сум ја платил, е од 10. 12 - до 10. 01 и изнесува 7860 денари. Сме потрошиле околу 2000 KWh. Сите три клими работеа нон - стоп 24 часа, Ги исклучуваме само ако никој нема дома, а тоа ретко се случува.
Инаку, ние воопшто не штедиме на греење, познавам луѓе кои плаќаат многу помалку.
Следната сметка ја очекувам по 20. ом. и ќе те исвестам за нејзината висина
--- надополнето: 15 февруари 2012 во 13:36 ---
Не биди злочест
На страна 55 од оваа тема во постот # 816, објаснив во што е разлика меѓу клима со и без инвертор.
На страна 61 во постот # 912 ги предизвикав сите кои тврдат спротивно да го образложат тоа.
Сега те повикувам тебе да образложиш на кои закони на физиката и природата е спротивно моето тврдење.
ОК е, еве јас ти верувам... и не противречам на физиката, но ти можеш ли да противречиш или негираш дека има некои меѓународни стандарди и вон нив се друго е импровизација!? Се прашуваш ли зошто на пример еден од најголемите производители во светот Mitsubishi произведува класични клима уреди кои првенствено служат за ладење, но ги препорачуваат и за затоплување при надворешни температури до минус 5,6 .... и инвертори или хиперинвертори кои квалитетно перманентно и долгорочно можат да греат при најсурови зимски температури до -20..... мислиш дека во овој реномиран производител, можеби најголемиот во светот во оваа бранша не ги знаат законите на физиката, или пак ќе го ризикуваат својот тешко стекнат реноме на квалитетен бренд, правејќи ги ретардирани своите клиенти? Мислиш дека доколку тоа воспоставените стандарди им дозволат тие не би ги нарекле грејни термални пумпи и препорачале за греење и обичните клими? Многу логично е дека би го направиле тоа за 24 часа, притиснати од конкуренцијата и од ѓубрињата кои доаѓаат од Кина како "No name" производи.....
Ова е Балкан што би рекла Анџелина, се е можно! Овде фиќото го товаревме со 7-8 вреќи цемент, Санџаклиите ги товареа шлеперите 28 тона, некој друг ‘‘тамчињата‘‘ 4,5 тона.... ние сакаме од болва лој да извадиме, па и за чварки ако остане.... и тоа е во ред! Сиромаштија, беспарица .... и во ред е кој како умее да се снајде и заштити!
Но сепак да бидеме реални дека постојат стандарди на кои неможеме да им пркосиме....
Но доколку тебе ти врши работа обична клима фурај друже!.....
Некој мисли дека тоа може да му го овозможи единствено инверторот (не и климата).....по-долгорочно по-квалитетно греење, без стравови и мислења дали ќе падне под минус 5-6-7..... комфорот и квалитетот се плаќаат!
Некој предходно спомна Мерцедес и 101 не е исто! Mitsubishi хиперинвертор и NEO па макар со квалитетен компресор не е исто! Дури ни обичен Panasonic од 20,000 споредено со некој инвертер од напредна генерација и иновации од истиот производител кој чини 50,000 ,,, колку пари толку музика! Иако има и повеќе варијации на таа тема!