Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Па провери колку минути играл иколку коша давал по натпревар и ќе видиш дали го бива или не.
А се најдува некое клипче негово? можеби и ќе ни биде право засилување.:vozbud:
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
Stevan Stojkov might join too (has experiences with Bologna in EL)

Marko Kolaric (center plays in Turkey)
Tod Zafirovski (center belongs to Duke Basketball in USA)¨
Ivan Zoroski (experiences with Olympiakos)
Vladimir Micov (experiences with Partizan and Caja Laboral)

And Kiril Nikolovski our most talented center will recover after his injury late during the EC preperations. Gecevski will recover, Riste Stefanov former AEK,Lukoil,Besiktas and Union Olimpia player will also recover.

Most importent thing is to get to London.

на еден странски форум го најдов ова а од момциве освен Коларич и Тод зафировски другиве ми се непознати :) ако знае некој кој се нека пише..
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Статистиката на овој му е катастрофална, а и минутажата му е за резил. Еве еден коментар од јутјуб кој можеби најдобро го опишува:
He's more just like a fan who gets to travel with the team.
Што се однесува до пријателскиве натпревари, не сум сигурен дека е добро да играме такви натпревари со Литванија и со Русија кога многу е веројатно дека барем со едната од нив ќе се соочиме на квалификациониот турнир.
И пред ЕП игравме со екипи со кои покасно се сретнавме... Не е страшно... ;)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Не мора да значи дека Зафировски е неквалитетен, ама тој во составот на Duke влезе како walk-on, т.е. да ги загрева соиграчите и да им биде добар спаринг партнер на тренинзите. Чат пат добива минутажа, оваа година повеќе од минатите две, ама ништо сериозно. Од оваа година доби и стипендиски договор, додека во првите две години сам си ги сносеше трошоците околу образование и сл. ствари. Вреди да се проба, нема да изгубиме ништо, висок е ако не се лажам 2.08 сантиметри, може да се најде. За Владимир Мицов, мислам дека има играно за младинските категории на Србија, а мислам и дека не има одбиено во минатото. Овој Зороски не го знам, а уште мислам дека мора да се добие Стефан Поповски (Туруњанин) кој е роден во Скопје, до 14-15 години живеел тука, а сега игра за младинските репрезентации на Србија. Посебно мора да се притисне за овој играч со оглед на тоа што игра на крилната позиција на која сме доста тенки, а изгледа станува збор за голем квалитет.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Статистиката на овој му е катастрофална, а и минутажата му е за резил. Еве еден коментар од јутјуб кој можеби најдобро го опишува:
He's more just like a fan who gets to travel with the team.
Што се однесува до пријателскиве натпревари, не сум сигурен дека е добро да играме такви натпревари со Литванија и со Русија кога многу е веројатно дека барем со едната од нив ќе се соочиме на квалификациониот турнир.

леле значи со парите на татко му ќе влезе да игра кај нас :D
 
Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=5594
На промоцијата на селекторот Лазовски, МКФ му стави „резервација“ за Тод Зафировски?!
Никола Ѓуровски Репрезентација
14.02.2012 19:17
Марјан Лазовски денеска беше официјално промовиран во нов селектор на кошаркарската репрезентација, но се чини дека уште првиот ден доби „резервација“ за едно место во националниот тим. Како нов потенцијален репрезентативец е најавен Тод Зафировски од универзитетот „Дјук“, синот на познатиот бизнисмен Мајк Зафировски, кој „покажал сериозен интерес да биде дел од оваа репрезентација“.
Ова од старт ја деградира функцијата што треба да ја извршува Марјан Лазовски, затоа што токму тој треба да биде селектор и да ги селектира кошаркарите кои имаат квалитет да играат во репрезентацијата. Со преговорите што ги направиле челниците на МКФ, тие веќе се вмешале во селектирањето или во најмала рака го наметнуваат Тод Зафировски како еден од потенцијалните кандидати за настап во кошаркарската репрезентација на Македонија.
Еве како информацијата за Тод Зафировски е пренесена на официјалниот сајт на Македонската Кошаркарска Федерација (www.basketball.org.mk).
„Претседателот Димевски, ги информираше медиумите и за успешните преговори со кошаркарот на „Дјук“ универзитетот, Тод Зафировски кој има македонско потекло. Синот на познатиот бизнисмен Мајк Зафировски, покажал сериозен интерес да биде дел од оваа репрезентација и МКФ во наредниот период ќе се посвети на завршување на правните задачи, за Тод да може да се приклучи на поширокиот список на репрезентацијата.“
Без да навлегуваме во стручна анализа на квалитетите на кошаркарот Тод Зафировски, што и апсолутно не можеме да го сториме, затоа што не сме гледале ниту еден натпревар во живо на кој настапувал, мора да се потенцира важноста на селекторската функција, која во овој случај е прескокната. На денот на претставувањето како нов кошаркарски селектор на Македонија, на Марјан Лазовски му беше потенцирано дека треба (или пак мора) да го има во предвид Тод Зафировски. Објаснувањето е дека самиот кошаркар се заинтересирал за да игра за репрезентацијата на Македонија. Тоа е апсолутно неприфатливо, затоа што за да игра за националниот кошаркарски тим на Македонија не треба да биде важно чиј син е тој (татко му е Мајк Зафировски, кој патем ќе помогне во организација на подготовките на репрезентацијата во Канада, САД и во Порторико), ниту пак е важно дали кошаркарот покажува интерес за настап.
Има само еден и единствен коректен чекор за Тод Зафировски да го облече дресот на Македонија. Новиот селектор Марјан Лазовски да замине во САД, во живо да гледа барем неколку натпревари каде што тој ќе настапува за својот универзитет „Дјук“, па дури ако Зафировски го убеди со своите квалитети, да го повика во репрезентацијата.
Но, Марјан Лазовски денеска беше промовиран за нов кошаркарски селектор. Ниту беше со челниците на МКФ на „визита“ во САД, ниту пак во живо ги следел настапите на Тод Зафировски. Нема информација дали и воопшто некој од сегашната раководна гарнитура на МКФ ги следел игрите на Зафировски во живо, па прашање е како така лесно тој е „препорачан“ во иднина да биде дел од поширокиот список на кошаркарската репрезентација.
Да повториме, единственото легитимно право да ги повикува и да ги селектира кошаркарите кои ќе настапуваат во репрезентацијата на Македонија во идниот период, се додека има валиден договор со МКФ, го има штотуку именуваниот селектор Марјан Лазовски. Од него на денешната прес-конференција не слушнавме дека го има во предвид Тод Зафировски, затоа што досега ги следел неговите настапи за „Дјук“.
Ова отвора многу широко поле за дискусија. Има ли во Македонија, или пак во Европа и во светот, други кошаркари кои се синови на познати бизнисмени и покажуваат „сериозен интерес да бидат дел од македонската кошаркарска репрезентација“?!
****************************************************

Oдлично напишано! :cuc: Браво за екипа(y)
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Тод Зафировски не игра за Duke за да може селекторот да се увери во неговите квалитети. Ама тоа што не игра за Duke не значи дека не го бидува, имал понуди за стипендиски договори од други колеџи но тој избрал да биде дел од Duke. Ова не е од сега, со него се контактираше и од претходно, не беше единствено на иницијатива на играчот, туку и од нашата федерација го контактираа. На интернет нема видеа со неговите игри, ама дечково нема лоши бројки од средно школо, ниту Стојан Ѓуроски не игра за Lousiana Tech па можеби е еден од најдобрите во нашата младинска репрезентација, а се на приближно иста возраст со Тод. Исто така на Тод во Duke му е тренер селекторот на USA, Мике Крижевски, што исто така е голем плус. Дел е од можеби најсилните пет NCAA состави, во 2010 иако не „виде акција“ беше шампион со Duke во NCAA. Јас мислам дека треба да добие шанса на пријателски натпревари, нема ништо да се загуби и така имавме двајца гледачи на ЕП.
 
Добар квалитет.

M

Mario Gómez

Гостин
Сигурно не е поголемо дрво од Чековски, ќе биде добар како замена за Перо, пошо коа излага Антиќ од игра губиме 200% во rebounds... Јас сум ЗА!
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Абе дај нека ги земат сеа Николовски и Трајковски нека не се заебаваат со овој. Типувам дека овој ќе биде кошаркарскиот Славковски :noze:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Добар квалитет.

Oва е заебанција од негов другар.
Абе дај нека ги земат сеа Николовски и Трајковски нека не се заебаваат со овој. Типувам дека овој ќе биде кошаркарскиот Славковски :noze:
Николовски сигурно ќе биде дел од репрезентацијата, за Трајковски не верувам дека ќе биде дел од потесниот избор. Зошто да не добие шанса човекот, ако се покаже ќе биде супер, ако не се покаже никому ништо. Овој не може да биде како Славковски затоа што лично нема големи успеси, Славковски беше најмладиот играч што настапил за Интер. Инаку овие од Екипа нека пишат нешто за нашата импресивна фудбалска репрезентација и кој, како и зошто игра таму.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Oва е заебанција од негов другар.

Николовски сигурно ќе биде дел од репрезентацијата, за Трајковски не верувам дека ќе биде дел од потесниот избор. Зошто да не добие шанса човекот, ако се покаже ќе биде супер, ако не се покаже никому ништо. Овој не може да биде како Славковски затоа што лично нема големи успеси, Славковски беше најмладиот играч што настапил за Интер. Инаку овие од Екипа нека пишат нешто за нашата импресивна фудбалска репрезентација и кој, како и зошто игра таму.
Ваљда не се и коментарите на видеото заебанција... :)

Ако, нека му дадат шанса на пријателските, нека биде дел од поширокиот список. Каде што мора да биде и Трајковски. Па кој ќе се покаже најмногу тој, нормално...

Се плашам само да не имаме Златко Мојсовски и у кошаркава... :cenzura:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom