Мислам дека се почна со сарказам на големо во последните постови . Само Џони и Сладоледџијата се такка посериозни со теорииите на заговор...инаку стварно е досадно со секој втор меч, местенка местенка. А има пресврт, досуден пенал, или недосуден, тоа е местенка. Во Англија, Германија и Шпанија тоа е убавината на фудбалот, а овде местенка.....Зошто мислите дека Лацио-Чезена е местена, а на пример Челзи-Манчестер не е? Реал исто така направи еден куп пресврти сезонава па никој не спомна дека е местено. Според вас не може да се случи пресврт на ни еден меч без притоа да не е наместен. Претеравте со овие теорииве на заговор. Гледајте малце фудбал и уживајте во него а не само да цимолите, местено, местено, местено!
Има две дамки, just sayin'^ Има една дамка што секогаш ќе го следи италијанскиот фудбал,сигурно знаеш која е.
Типично за јувенташ,општо на калчополи мислев.Има две дамки, just sayin'
Јас мислев на дамката која прва се појави пред 30 тина години а после продолжи да се шири како зараза низ Калчото.Типично за јувенташ,општо на калчополи мислев.
Таа дамка го уништи првенството кое и ден денес не може да се опорави.
Сеедно кога се појавила,секојдневно го јаде фудбалот,нема да има посреќен од мене кога ќе се врати првенствово на ниво на Премиер и сл.Јас мислев на дамката која прва се појави пред 30 тина години а после продолжи да се шири како зараза низ Калчото.
Епа работата е во тоа што Чезена продолжи да се надигрува со Лацио по 0-2. Да се затвореа во вторите 45 минути така како што против Милан и Јуве играат 90 минути сигурно немаше да примат 3 гола. Според мене вчерашниот дуел беше реално одигран.Серија А (Земјата на Чудата на Алиса) каде Милан и Јувентус(втор и прв на табелата) на домашен терен едвај го разбиваат бункерот на малите екипи кои се борат за опстанок,завршуваат 0-0 или 1-0,додека Семоќниот Лацио од 0-2 со таква екипа со играч помалку ги зема 3те бода.......неверојатно но вистинито !