3D во кино Милениум

Член од
4 декември 2011
Мислења
44
Поени од реакции
19
Само што се вратив од Кино ,го гледав "Најмрачниот Час" и сум воодушевен од 3д.
Но морам да признаам дека филмот беше ТАПА,и можеле да стават некој подобар од овој...
А воопшто не беше страшно,дали дека седев у 13 ред... и не беше НЕШТО како што го замислував,и + очите ме болеа многу.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847

Ти машко си или женско? Определи се веќе еднаш, на профилот ти пишува дека си женско а по коментарот што го пиша личиш на машко. :pos::pos:
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ти машко си или женско? Определи се веќе еднаш, на профилот ти пишува дека си женско а по коментарот што го пиша личиш на машко. :pos::pos:
Лејди Гага? :)
Туку ако биде Star Wars, ако треба сам ќе одам да го гледам, ама ќе одам :)
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Thor и Fast Five сум ги гледал во 3D во САД и се навистина урнебес за сите пари. Инаку таму во киното 9 долари беше карта а наочарите + 2 долара и можеш да си ги земеш или да ги оставиш за рециклирање. Неможе да влезеш во 3D кино ако не си купиш наочари кои патем ти ги наплаќаат сосе картата. Ако и кај нас го направат истото ќе му се изназемаат пари.

Инаку очилата се обична пластика со фолии.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
19 ноември 2008
Мислења
741
Поени од реакции
286
Кој епизода на Star Wars се најавува?
Супер ќе биде ако го даваат Star Wars:cuc:,сто посто одам.Инаку ако го даваат ќе ја даваат првата епизода фантомска закана.Секоја година ќе исфрлаат по еден 3д филм.Кој ќе чека да дојдат старите:(.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
05.02.2012, 18:36
3-Д киното направи бум во „Милениум“

Киносалата на премиерата на „Пина“ беше преполна, а пред билетарницата имаше мешаница - сите бараа билет повеќе
Во саботата вечерта во киното „Милениум“ се вратија годините наназад, во времето кога киното беше настан и кога сите, без оглед на возраст и афинитети, сакаа да ги видат филмовите и да бидат дел од ексклузивните кинопремиери. Се чини цело Скопје сакаше да присуствува на отворањето на првото 3-Д кино во Скопје, па на билетарницата во „Милениум“, иако сите билети за 20 часот беа продадени, сепак, беше преполно и се бараше билет повеќе за втората проекција од 22,30 часот, но и за следните проекции во наредните денови, кои ќе се одржуваат исто од 22,30 часот.

Сепак, првата привилегија ја имаше главно филмската фела. Таму беа сите филмаџии, беа претставници на дипломатскиот кор и градоначалникот Коце Трајановски, кој во име на Град Скопје стои зад оваа голема инвестиција и можност и нашата публика да почне да ги гледа филмовите онака како што ги гледа и светот. Филмот „Пина“ на Вим Вендерс иако замислен како документарец, факт е дека е толку креативен и инвентивен, што и не може да се нарече само документарен филм.

Тој дури и не се потпира толку на портретот на големата светска кореографка Пина Бауш, колку на нејзината игра, фантазија и моќ заедно со својата танцова група „Вупертал“ да покаже дека играта и танцот можат да бидат многу повеќе од тоа. Со други зборови, начин на живот. Филмот им се допадна на многумина, но фактот дека тоа е арт-филм кој, сепак, се осврнува на една специфична област и пристап можеби и не ги одушеви сите, но сепак ги покажа можностите што ги нуди ова кино. Иако, останува мислењето дека имаше филмови (како актуелниот „Ѕвездени војни“, чија премиера откако е префрлен на 3-Д е токму во февруари) кои можеа многу поатрактивно да ги покажат сите можности на 3-Д киното.

Инаку, во „Милениум“ се' протече во најдобар ред. Очилата се одлични и оригинални, а односот кон целиот овој настан, организација и ниво на негово реализирање од страна на сите вработени во оваа киносала беше за пофалба. (С.У.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B205A0629FFB3344B05E75CF83E4EA3E
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Тапа филмови на почетокот им е добра стратегија. Напочетокот никој не оди на 3Д поради филмот туку поради љубопитноста и ефектите.
Моето искуство со 3Д е дека се исплати да се гледат филмови кои се направеи и конципирани за оваа техника. Како на пример Аватар или Алисија во земја на Чудата.
Кај дреами , тирлери , романтични комедии 3Д техниката според мене нема голем ефект.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Лејди Гага? :)
Туку ако биде Star Wars, ако треба сам ќе одам да го гледам, ама ќе одам :)
Абе каков Star Wars, нека дадат некој појак филм како Аватар и сл. Титаник сега ќе излезе во 3Д.

Инаку вака со незанимливи и стари филмови, ќе гледа народот 2-3 месеци и после досадно ќе им стане да гледаат стари филмови без ефекти итн. Јас искрено би одел само за 3Д, не дека ме интересира филмот каков е. City Mall најверојатно би требало да имаат поголеми 3Д кина со поголем капацитет на седишта.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Абе каков Star Wars, нека дадат некој појак филм како Аватар и сл. Титаник сега ќе излезе во 3Д.

Инаку вака со незанимливи и стари филмови, ќе гледа народот 2-3 месеци и после досадно ќе им стане да гледаат стари филмови без ефекти итн. Јас искрено би одел само за 3Д, не дека ме интересира филмот каков е. City Mall најверојатно би требало да имаат поголеми 3Д кина со поголем капацитет на седишта.
Star Wars неинтересен и стар филм, додека Аватар е јак филм. Кај мене даскалот до 4то викаше секој чоек, башка будала.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom