Твојот став е : Денес за денес.
Не се гради куќа од кров надоле , туку од темел нагоре.
Си слушнал кога се вели Недомаќинско трошење на пари , тоа важи за Скопје 2014.
Децата трпат за леб , а таткото купува скапи одела , часовници , парфеми и ракија , за да изгледа поубав пред женските и богатото друштво.
Исто и ние , 33% невработеност , а парите ги трошиме за разубавување , да им се прикажеме на германците и скандинавците како развиена земја , со богата историја и барок згради.
И онака не можеме да го спречиме овој проект , но јас би рекол барем да го забрзаме крајот , што поскоро да се заврши и да се фокусираме на реални проблеми и потреби , јас не можам да трпам уште 3 години главна тема да ни биде Скопје 2014 , по 3 месеца без прекин на МТВ1 да ми се прикаже сечењето на ленти на секој споменик поединечно , да ми го перат мозокот.
Дали знаеш дека 6 години од твојот живот поминале зборувајќи за Скопје2014 , 6 години ти сечеле ленти на споменици , за време на економска криза ... јас не можам да им го простам ова ...