Илјада билети и бесплатен превоз со воз за Македонија-Полска

I

Ilindenka

Гостин
Возот е бесплатен за сите ;) (барем така велат на информации на железничка)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Возот е бесплатен за сите ;) (барем така велат на информации на железничка)
Сигурно?
Инаку, патувањето Ск - Бг е околу 9 сати и нешто ситно.Значи би се стигнало отприлика кај 2 попладне, макс.3.
Патем, коментари за МЖ од буилд.мк.

Posted: 08-Jan-2012 at 20:47
Ај по подолго време да пуштам една пофалба за МЖ, барем за линијата Ск-Бт. На две композиции, едната со 5 вагони, другата со 4, сите вагони се реновирани, едните од пrед неколку години, другите се гледа дека се најтазе реновираните кои порано се користеа на Пелагонија експрес линијата. Прво ме зачуди како е можно сите 9 вагони да не бидат воопшто прљави во вецињата, нешто што долго време не сум го видел. Како второ, во Бт, барем јас прв пат гледам, влезе жена да ги среди накратко вагоните, ама таков народ сме и штом влезе жената, ние одма после неа да фатиме место и ајде ичисти коа имаш багра внатре.

Конечно, после не знам колку време, се враќам дома, а да не смрдам на железо од МЖ вагон.
Уште кога би ја средиле кушет колата (онаа која редовно патува према Београд), бар да ги офарбаат старите железни елементи, па сликата да биде многу подобра него што беше пред неколку години. Греењето, барем во споменативе вагони беше солидно накај одлично. Се гледа дека работнициве во Колска добро си ја свршиле работата, со оглед на ограничените можности.
Пред некој ден рандом се качив на станицава, да видам како стои со другиве композиции и приметив и дека една композиција за Гевгелија е составена од еден реновисан вагон, барем на таков ми личеше и една кушет кола. Тука е нашиот проблем. Што наместо кушетите да ги реновираме, па догодина во договр со ЖС, ХЖ, па зошто да не МАВ-Старт и ЧД, да имаме и други меѓународни линии, а не вака кушети да патуваат до Гевгелија.

Интересно е и што Србите имаат пуштено тазе реновиран вагон (барем до пред 2 месеци не беше пуштен), што секако колку толку го подобрува патувањето до Београд.

Posted: Today at 17:38
Денес во Ѓорче Петров забележав дека возот на линија Скопје-Кичево имаше 3 вагони. Добро е да се види дека има повеќе вагони поради тоа што преку викендите има многу поголем интерес на оваа траса. Морам да истакнам дека со парното нема никаков проблем, во првиот воз од Кичево наутро имаше прекрасна атмосфера со вагоните(еден беше кушет кола) и нивната состојба. Внатре беше претопло и прекрасно за патување.

Posted: Today at 19:40

Една голема пофалба до МЖ. Вчера се враќав од Белград, со вонредниот воз кој е само за ракометот пуштен, во 23:30 од Белград. Бевме во вагон, кој беше целосно обновен, нови тапацири(кожни што и малку беше лошо заради потењето кога седиш на кожа), парното беше максимално топло можеше да се спие, а и доста беше чисто за зачудување. Само се надевам дека ќе се продолжи со обновување на вагоните​
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Возот е бесплатен за сите ;) (барем така велат на информации на железничка)
Потврдена ли е оваа информација? Да не се спотеруваме за џабе од Велес... Ве молам пишете побрзо! :)
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 22:10 ---
Возот е бесплатен за сите ;) (барем така велат на информации на железничка)
Потврдена ли е оваа информација? Да не се спотеруваме за џабе од Велес... Ве молам пишете побрзо! :)
 
I

Ilindenka

Гостин
Pred da pocne utakmicata Hrvatska:Spanija se javivme na zeleznicka i ni rekoa deka vozot e besplaten za site. Jas ne mozam da garantiram, ama taka rekoa. Javete se i proverete.
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Не удира ВМРО во коприва дечки, доста сонувате.
А СДСМ удира?

Дајте ве молам еднаш приберете си ги тоа муцките аман!
Вие да имате 10 карти на кого ќе ги дадете? На блиските или на копиљаната од маало?
Они си имаат обезбедено карти за цела фамилија, не се секирајте вие, да им беше само они да си идат ќе си отидеа до сеа. Пари имаат да ве купат со се гаќи! Мрчаторски народ, аман!!

Он: Инаку штета не сум сеуште полнолетна, па неам лична карта :(. Убаво да си поминете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom