Абе луѓе јас вака ке ви кажам за духови. Значи моја теорија
! Според секакви случки,кажувања на луѓево се и сешто, јас ќе кажам и претпоставувам дека духови се појавуваат ако се трагично умрени,загинати и на тоа место каде што умреле таму се појавуваат и неможат да се ослободат-заглавени се меѓу двата света. Еве пример: Некој камионџија на пат одел Скопје-Тетово и кај Карпалак (мислам дека така се викаше местово) во среде ноќ му се појавувало чета со луѓе(духови) и тој се чудел, застанал и потоа прашал некого што се дешава ..дека повеќе пати по ред му се појавувале. И му кажале дека тука луѓето загинале. А иста случка со патишта вака со појавување е со деца истово значи-децата се појавувале и кажале дека децава тука загинале. И јас некако навистина верувам во ова. Значи чим загинале на тоа место не им е мирна душата и се појавуваат. Ако секој човек што ке умре најнормално духот треба да му се појави тоа ке биде научна фантастика. Јас мислам дека само немирните души се јавуваат! Ете така
Ајде поздрав :*