1 болд-а кој е крив за тоа? тој шо седи на клупа или тн. селектор.
2 болд- овде гледам дека најголем дел од форумџииве се реални. никој не бара преку леб погача. само на најголемиот дел од нас не ни е јасно како можи селекторот така да се изгуби и да дозволи да прокурцаме 6 водство. голем и КВАЛИТЕТЕН селектор нема да дозволи такво нешто, така?
плус имаме страшно квалитетна репрезентација. ни треба само некој да командува со неа соодветно! мое мислење, не мора никој да се сложи со мене.
Не си реален, да точно е имаме квалитетна репрезентација. Но Данска, Шведска и Германија имаат подобри поединци. Нивните играчи играат или во бундес или во шпанска лига цела нивна кариера. Секоја година играат ЛШ, нашиот втор најдобар играч немаше ни играно ЛШ до сезонава. Да се живи Минчо и Червар шо го направија Металург ѕверска екипа и да е жива регионалната лига што почнаа македонски играчи да играат понормални утакмици, наместо да играат со мизерни екипи во Македонија и да се помачат кога изграат меѓусебно Вардар-Металург два пати годишно. Квалитетот на оваа репрезентација 80% го прајт Лазаров, НАЈДОБАР светски играч според мене, Кире е све од А до Ш во репрезентацијата. Другите репрезентации го немаат Кире, но имаат распореден квалитет на сите 16 играчи, психолошки силни.
___________________________________________________________________________________
Еве ќе ти напрам една замислена ситуација. Нерешено е и Данска напаѓа, промашуваат и има уште 3-4 секунди. Кое наше крило ќе истрча напред во контра? Никој! Кое наше крило ќе остане да гледа и да се радува на бодот? Сите! Зашто? Зошто така се игра во македонскоо првенство, веројатно 90% од ракометарите не биле у таква стресна ситуација.