Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
еј те молам кажи ми кој е. Секако дека има талент и можност во иднина да биде најдобар играч, но моментално е далеку од тој статус. А тоа што Борко не може да му фати ниедна топка, па воопшто не го прави таков. Патем имаше две просечни, а може и подпросечни сезони во АСОБАЛ и подобро што си се врати во Данска. Значи да не бидам погрешно сфатен... дечкото е супер играч, но не е најдобар. И не само што не е најдобар, туку Борко има во неговиот тим играч кој барем е пред Хансен според повеќе параметри.

Не ќе се расправам повеќе за џабе...Борко кажа најдобар лев бек,а и не далеку од вистината.Плус Кире игра десен бек и е најдобар играч на светот,а Хансен е меѓу најдобрите не реков дека е бест оф,а ова што го тврдам не го измислив јас.
 
Во ваква ситуација обично се вели: Па ово нема ни у Београду (кој гледал Викенд на мртовци, знае), ама сега ни тоа не можам да го кажам.:(
 
Стварно неможам да ги сватам ваквите. Па пријателе бе, кој ќе си купи карта, тој ќе оди. Незначи дека сите шо се таму се жестоки навивачи.
Да беа ојдени без пари (како шо беше за Литванија) тогаш да си против нив. Има луѓе кои сакат да гледаат мирно ракомет, а не да навиваат.
 
Абе добро памтам дека мојот аватар не изигра воопшто вечерва, не ми се уште средени нервите...
ACO%20JONOSKI%20ODBRANA%20GOLEMA.JPG

Ама мислам дека не влезе ич?!А требаше со оглед дека е најкорпулентен и доста агресивен тамам за друштво на Хансен.
Инаку во видеото од крајот 2 удари одбрани Ристовски.Голот на Мојсоски беше чист.
http://www.youtube.com/watch?v=E0CyizUZOCk&feature=player_embedded
 
Лино можит ќе бидит некогаш селектор, ама првенство пак во соседство амин. Се требаше да се склопи сеа...
1. Лазаров у животна форма- Check
2. Јак клубски ракомет. Check
3. Полна сала навивачи -Check
4. Правилен избор на играчи - :(
5. Червар. :(

Освен третото кое знае да биде од круцијално значење за нашите, другите четири може да бидат check и наредна година на СП.

Па и третото, ќе пушти Грујо 5-6 чартери до Мадрид... :D

Што авиони се тоа да ви еам !? :pos:
 
Освен третото кое знае да биде од круцијално значење за нашите, другите четири може да бидат check и наредна година на СП.

Па и третото, ќе пушти Грујо 5-6 чартери до Мадрид... :D

Што авиони се тоа да ви еам !? :pos:
You sir,made my day!!
Како ме насмеа со ова на крај,фала што ме орасположи :D
 
Игра во Данска, во Копенхаген, во тимот кој е меѓу најсилните во Европа, имаат одличен тим оваа година. Се вратија неколку играчи во тој тим..
Па сеа ти види..
Каков Карабатиќ, какви бакрачи.


незнам од каде излезе Карабатиќ. Но како и да е , малце ги прецени Копенхаген. Toa e солиден тим но далеку е од финал 4. Патем никој не се врати во тимот а особено не Хансен кој претходно не ни има играно за Копенхаген.
И кога веќе погрешно ме сфати, не го имав на ум Карабатиќ туку Лазаров и Наѓи, кога велам дека Хансен не е најдобар бек (а можеби и Карабатиќ).
 
Две клучни работи по мене за поразот, прва тоа што наместо со 6 отидовме со 3 на полувреме, со оглед на тоа што Данците го имаа првиот напад во второ 3 беа за игра каква што тие практикуваат ништо. Друго, на +2 некаде на средина на второ, единствениот момент во кој му се спомна името на Златко Мојсовски на првенствово, постигна гол човекот но направил престап и го поништија. Наместо на +3 да одиме, ни намалија на +1 веднаш, за во следниот напад да израмнат и потоа да ја превземат предноста... сигурен сум дека со +3 на 15 минути до крај на свој терен ќе го приведевме мечот со долги напади гол за гол но тоа е сантиметар при престапот одлучи...
 
Освен третото кое знае да биде од круцијално значење за нашите, другите четири може да бидат check и наредна година на СП.

Па и третото, ќе пушти Грујо 5-6 чартери до Мадрид... :D

Што авиони се тоа да ви еам !? :pos:
Ждрепката за баражот за светското е при крајот на европсково како секогаш нели? Кои се можни противници?
 
Штета штета, огромна штета. Срцево ми плаче, а највеќе ми е криво за ракометариве.
После утакмицава да можам гзот би им го бацил.

Момците одиграа одлично, али ете, како никогаш досега спортската среќа ни го сврте грбот. Тоа што се случи во последните 10 секунди за мене е само немање спортска среќа.

У никој случај не треба да се плука по ракометарите. Тој што не заслужува да е на ова Европско е селекторот Шундовски.

Изгледав доста натпревари од ова Европско, што у Ниш, што утакмици на тв од другите групи, и тоа што го видов е дека моментално само Хрватска, Шпанија па донекаде и Унгарија и Франција, иако Французиве одиграа слабо у прва фаза, значи само овие 4 репрезентации моментално одскокнуваат од нас.
Буквално со сите други репрезентации можеме да се надигруваме. До сега ниту една ртепрезентација не успеа да не надигра.

Кога ќе се сумира се до сега...ептен малце фалеше за Македонија да игра у 1/2 финале. Само малце спортска среќа.

Видете ја Германија, они не одиграа ништо повеќе или подобро од нас, а еве веќе се 99% у 1/2 финале.

Ставрно е голема штета што оваа генерација нема да се најде помеѓу четирите најдобри репрезентации во Европа, а веќе беа доволно зрели и искусни за тоа.
 
абе каков хансен. на претходните 3 утакмици имаше дадено 14-15 гола, а само денеска 12.
некаде читав... ни ја прочитале играта. ок. е то значи дека данецот си ја сработил работата. нашиов шо прочитал? весник в кенев? оти не применил нешто од полската одбрана? тие го запреа хансен? оти не го стави јоноски?
е народе, тука беше разликата на денешната утакмица-шо некој си ја сработил домашната, а некој не, или си ја сработил, ама заради незнаењето, ограничените можности или просечноста, истата е лошо сработена и ние изгубивме!
 
Леле колку ми е мука у пичку материну , ама од друга страна сум горд и среќен што го гледам Кире како гази и што го имаме у состав . Дојде прва важна утакмица и ја зема топкана и симултанка си играше . Алал да му е . Како играч и човек имаме не сме свесни .
Да беше Лино селектор ќе изнудевме уште 2-3 гола по утакмица и од Мојсо сигурно .
Ах тешко ми е ...
 
Ждрепката за баражот за светското е при крајот на европсково како секогаш нели? Кои се можни противници?
Австрија,БИХ, Белорусија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Португалија и ваљда од овие шо беа 4ти во групите на европското
 
добро бе мајка му стара.. бива ли толку баксуз да сме.. колку ми е мака.. :S
 
Ждрепката за баражот за светското е при крајот на европсково како секогаш нели? Кои се можни противници?

сите учесници на ЕП освен Франција и Шпанија кој се директно влезени + тие од квалификации мислам.

незнам од каде излезе Карабатиќ. Но како и да е , малце ги прецени Копенхаген. Toa e солиден тим но далеку е од финал 4. Патем никој не се врати во тимот а особено не Хансен кој претходно не ни има играно за Копенхаген.
И кога веќе погрешно ме сфати, не го имав на ум Карабатиќ туку Лазаров и Наѓи, кога велам дека Хансен не е најдобар бек (а можеби и Карабатиќ).

Брат, кога ти иде - ти иде. Хансен нема шанси ваква утакмица да повтори на првенствово... му беше денот. Кире го сметам за класа погоре, затоа нему ќе му се повтори ваква утакмица... :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom