Македонија - Данска [21.01.2012 - 18:15 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
еве и подобра варијанта, оттука само шведска тешко да ја победи србија, другото е би рекол за очекување: ако ние победиме со пол, гер со дан, и швед со срб, тогаш гер 6/7, срб 5, шве 4, мак 3, пол 3, дан 2...потоа дан да победи или нереш со швед, гер и пол небитно што ќе играат, а ние пак победиме, тогаш одиме сигурно во полуфинале
Алал да ти е! И фала многу, абе нема шо калкулатор си! :D
Сигурно имаш 10 математика.
Туку ајде не губете надеж, ако не полуфинале, да се пласираме за Олимпијада.
 
И ај доста го фалите тој Хансен, Кирил е подобар од него. :P

П.С нека осетат и Србите како е кога те е... судија. :)
 
Кога имаме добри играчи немаме добар селектор и обратно . Неприфатливо е од +6 да се побара тајм аут на -3 . Некој лчудни фаци излегоа денес на терен кој не ги видовме предходните утакмици , а еден Манасков кој даваше значајни голови да не влезе ни на 1 секунда на теран . Тактика 0 , не ли можеше да се неутрализира тој со косата што ни даде 15 гола ?
 
Борко е преслаб од крило, можит ќе одбранит против некој послаби крила но не против Данските. Сите модерни ракометни школи, посебно западните имаат многу јаки крила.И Диви е слаб од крило, го научија дека излага многу напред и крилата не скокаат многу внатре во просторот туку само се одразуваат и одма лесно поентираат. Според мене немаше шо да изиграме во одбрана за да подобриме, многу брз ракомет играат и затоа несмееше да се разреди зоната со фластери.

Абе од една страна, добра беше така одбраната. Не знаеја дека Хансен толку ќе се здиви. Но штом овој влезе у таква серија, требаше пожестоко на него.

Дури мислам и дека отидоја пожестоко, го избуткаа подалеку, но овој погоди 2-3 невозможни удари. Ебати чудовиштето...

Тајмаутот мораше Ѕвоне да го викне порано, ќе го сопревме налетот на Швабите, ќе успоревме колку толку игра.

И ебеш му матер, кај го фати она последноно голманон со врв на патиките, ко не носеше помал бр. на патики ебати ногата...

Многу среќа ни фалеше у последниот напад, многу... криво ми е... :oops:
 
еве и подобра варијанта, оттука само шведска тешко да ја победи србија, другото е би рекол за очекување: ако ние победиме со пол, гер со дан, и швед со срб, тогаш гер 6/7, срб 5, шве 4, мак 3, пол 3, дан 2...потоа дан да победи или нереш со швед, гер и пол небитно што ќе играат, а ние пак победиме, тогаш одиме сигурно во полуфинале
Циган се прајш за 2 букви. Напиши Полска, Данска, Шведска, да биди поразбирливо
 
Судиите ги ебаа.Последен напад Србите го имаа за 30 сек,судиите означија пасивен.Се сплеткаа овие и се знае дека овие каква среќа имаат и нема потреба да се коментира повеќе! :)
Јок, судиите во главен момент пресудија во корист на Србија(2 мин исклучување на 5 мин до крај). Србите прво не искористија напад, па после Германците им поклонија уште една топка, дечкото чекори направи, а околу него немаше никој. Србите пак не искористија, после уште една топка им поклонија директно во рацете, ама Никчевиќ погоди статива. Да, судиите ги оштетија.
 
Дечки полека. Данска е земја која најмногу вложува во ракометот децении наназад, кај нас како прво салите за играње се бројат на прсти. Знам дека ги водевме +6 ама убаво кажаа не е тоа како во фудбал да имаш 6 разлика. Имаат искуство, играле со силни репрезентации, имаат селектор кој ќе свика тајм аут и ќе им каже каде грешат и што да променат во играта. Европско е ова, нема репрезентација што случајно залутала. Не можеме преку ноќ и ние да се сметаме за таква ракометна сила иако тој спорт со години уназад ни е матичен спорт што се вели и единствена шанса да му покажеме на светот што знаеме.

И мене ме боли поразов, се осеќам како избацена од поплава, нема кој не го боли тука а замислете како им е на ракометарите. Треба да им дадеме максимална поддршка како и досега затоа што можеби самодовербата им е малку расклатена по сево ова.

И уште нешто. Многу работи треба да се сменат во земјава и спортистите да имаат многу повеќе бенефиции и да бидат заштитувани од федерациите како што тоа се прави во овие понапредни земји во спортот за ако сакаме да имаме што повеќе деца што се занимаваат со спорт. Ви ја кажав случката со Столе, секојдневието е полно со исфрустрирани и љубоморни фаци кои наместо да ти помогнат, само ти прават проблеми. Види во Америка бе, Фелпс кога ќе влезе во супермаркет сите се тргаат што се вели да не му попречат со нешто. Може малце забегав од темава ама за да се мериме со Данска, Германија, Франција мораме некои работи и од корен да ги средиме. Шундовски е најмал проблем.
 
Никој неможе да ме убеди дека ќе ни дадеа повеќе голови од крило каде аголот за погодок е помал за разлика од некој кој ти шутира по средина. И тоа Хансен како ги шутираше топката не се гледаше.
Не џабе кога се има играч помалку се остава крилото слободно, статистички најмали се шансите од таму да дадат т.е. повеќе шанса има голманот да ја фати.
 
мораше да се проба оти и вака ко шо бевме поставени не одеше. шо можевме да загубиме?
Ние ко прво неможевме да си ги направиме замените одбрана/напад па за да пробаме нешто. На сред напад некој ќе истрчаше да влезе одбранбен играч:facepalm:олд скул ракомет. Бидете реални малце, многу за ситници се фаќате. И данците правеа глупи грешки, и нивниот селектор правеше грешки, едноставно им тргна второ полувреме и не победија. Не барајте преку леб погача и самиот пласман во топ 10 ке бидит успех, со оглед што еден играч ни е и тренер и најдобар асистент, најмногу голови дава, мозок, срце, нозе и све можно на оваа генерација.
 
Јок, судиите во главен момент пресудија во корист на Србија(2 мин исклучување на 5 мин до крај). Србите прво не искористија напад, па после Германците им поклонија уште една топка, дечкото чекори направи, а околу него немаше никој. Србите пак не искористија, после уште една топка им поклонија директно во рацете, ама Никчевиќ погоди статива. Да, судиите ги оштетија.
Седи!
Ги оштетија како не, на само 30 сек пред крајот уште не започнат нападот судиите кренаа рака за пасивен напад.
Германец играше со нога судијата го виде тоа со очи и ништо не пресудија, ниту исклучување ниту па го прекинаа нападот. :)
 
Алал да ти е! И фала многу, абе нема шо калкулатор си! :D
Сигурно имаш 10 математика.
Туку ајде не губете надеж, ако не полуфинале, да се пласираме за Олимпијада.
Абе не се мои анализиве само ви ги пренесувам од еден пејџ :D Ау по некоја случајност Швеѓаниве да изиграат утакмица на животот и да ги тепаат Сврбине, во среда ќе биде КОЛЕЊЕ КАКО НА ТРИБИНИ ТАКА НА ТЕРЕН.
 
Абе само Германија да ги тепа до крај сите а последно коло Данска да ја тепа Шведска.Е тогаш ќе биде колење со Србија :)
Германија да ги победи сите а Србија да изгуби и од Шведска а не само со нас... Тоа е едната варијанта. Во пресметките внесете и можност за нерешен натпревар, грубо гледано и тоа би ни одговарало на пример помеѓу Шведска Данска, Германија - Полска
 
Лино мора да биде селектор и сигурен сум дека полуфинале не ни бега!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom