Авто огласи (интересни возила за продажба)

Член од
2 јануари 2012
Мислења
603
Поени од реакции
146
комшија мој што има фиќо 80 и некоја мислам беше ама со прва боја како ново и ме зачуди што шмигавците предни се долу на браникот и така вели фабрички биле јас барам по огласиве нема такво чудо иначе тоа е 850 лухе човекот многу го пази. од гаража не го вади моторот како нов е а и ентериерот е многу убав. да не видел некој такво фиќо јас барам ама нигде нема ни по огласи ни на гоогле?????
 

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
комшија мој што има фиќо 80 и некоја мислам беше ама со прва боја како ново и ме зачуди што шмигавците предни се долу на браникот и така вели фабрички биле јас барам по огласиве нема такво чудо иначе тоа е 850 лухе човекот многу го пази. од гаража не го вади моторот како нов е а и ентериерот е многу убав. да не видел некој такво фиќо јас барам ама нигде нема ни по огласи ни на гоогле?????
Дај сликни го ако можеш.
Не сум сретнал до сеа такво.
 
Член од
2 јануари 2012
Мислења
603
Поени од реакции
146
е немам слики.човекот не го ваѓа од гаража а имам видено слика од фиќото кај синму на мобилен кај што го вози 130-135 не верував ама кога го видов се чудев исто така летоска на асвалт кога тргинаше го шлајфуваше можеби 3 метра. Не верував на очиве !!!
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Роџер ги има огласено Мерцедесите, S280-ката, понтонот и оној зелениот неам поим кој модел е. Можно е овој сивиот да е еден од нив.

Едит: Јеп, огласот е поставен од zoran.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.097
Поени од реакции
11.505
Хамер 3 на плин.

:facepalm:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Хамер 3 на плин.

:facepalm:
Шо му фали? Бензинот е 80 денари, плинот е 40... потрошувачката е огромна, исто како и моќноста, па не гледам зошто не би турил плин. Ем нема да го осетиш (20 кс на 350), ем ќе возиш поефтино.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Шо му фали? Бензинот е 80 денари, плинот е 40... потрошувачката е огромна, исто како и моќноста, па не гледам зошто не би турил плин. Ем нема да го осетиш (20 кс на 350), ем ќе возиш поефтино.
Можам да ја замислам фацата на вработениот на бензиска кога сопственикот на Хамерот ќе му каже "ставај плин " :pos:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Можам да ја замислам фацата на вработениот на бензиска кога сопственикот на Хамерот ќе му каже "ставај плин " :pos:
Хаха... остај фацата, ич не ме боли тулето за фацата.... туку има друго нешто шо ме интересира колкава потрошувачка има чудото реално за секојдневно возење и дали е доволно 80 литарска боца? Пошо ако троши 25-30 литри плин на отворено си наебал... од Ск до Бт одење идење со 1 полнење заборај :)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.097
Поени од реакции
11.505
Шо му фали? Бензинот е 80 денари, плинот е 40... потрошувачката е огромна, исто како и моќноста, па не гледам зошто не би турил плин. Ем нема да го осетиш (20 кс на 350), ем ќе возиш поефтино.
Затоа што треба да си голем шутрак на возило од 30 илјади евра кое е направено за воени цели и алтернативно се користи за курташање ако си голем богаташ. А да го купиш и да го бушиш моторот за да ставиш плин - катастрофа.

Видов и една Х5 4.4и исто на плин.

Нашиот народ не ја разбира филозофијата на голем мотор. Тој е направен да биде поиздржлив од останатите слични во серијата автомобили каде се продаваат (повеќе цилиндри итн) да пружа поголема сила пред се за влечење глисер, бродче, камп приколка, едрилица итн (В6, В10, В12) и при нормално возење да троши незначително повеќе од помалите мотори, бидејќи на помали вртежи остварува поголем обртен момент па нема потреба со голема туража да се вози на автопат. Вака, си имаш супер количе кое е удобно, доволно големо да го сместиш целото семејство внатре, да закачиш камп приколка или бродче и да одиш на викенд или одмор.

Ама овие коли не се направени да се возат нон стоп на резерва на балканот и да се возат 0-100 од семафор до семафор. Па кога ќе види кабадајата дека колата троши 40 литри на сат тогаш дај да му туриме плин, ќе го избушиме моторот, ќе туриме плинска боца во багажник. И што си добил, унаказен мотор кој нема теорија да ги извози оние километри за кои е способен и направен, немаш багажник бидејќи ти треба 120 литри боца да извозиш 300 км на автопат. Имаш Франкештајн од кола.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom