Европско првенство Србија 2012 - генерална дискусија

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
тие што планирате со воз да одите еве мало појаснување
Е брат многу благодарам, ја оваа авантура ќе ја земам со воз (језда повеќе време) хехехе
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 16:18 ---

http://kurir.mk/sport/rakomet/56765-Balkan-handball-Lazarov-i-navivacite-najgolemi-aduti-na-Makedonija
Добра статија
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.208
Поени од реакции
34.447
Во склоп на Кајгана подготвивме и посебен потпортал посветен на ЕП во ракомет. Го стартуваме во недела, а од лице место ексклузивно ќе ви ги донесеме сите најнови вести, фотографии и видео репортажи. Напред Македонија! :)
 
the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Да копирам еден пост од Миленко на Фејсбук (со кој горе доле и јас се согласувам но од се срце се надевам на демант)

Хммммммм, се плашам за резултатите на нашите ракометари.

Сум бил акредитиран новинар на две Олимпиади, три Свестки и две европски првенства во фудбал.... И, на милион други натпревари во колективни и индивидуални спортови. Првенства, купови, финалиња...

Од тоа искуство, знам едно. Најтешко се игра кога императивот е голем. Кога надежите на нацијата се огромни. Кога очекувањата се надвор од реалното.
Тогаш, за жал, се постигнуваат лоши резултати.
Ефектот, од билдањето на големи надежи, мнооогу често е спротивен од посакуваното.
На пример Шпанија, Италија или Германија не беа Свестки шапиони на првенствата организирани во нивната земја. Португалија и Англија не беа Европски шампиони. (во фудбал, нели)

Посакувам да не сум во правo
Се слагам со ова и се плашам баш од тоа играчите се ставени под голем притисок и се плашам од преполната сала нашите играчи да не изгорат во желбата за победа, но што ке биде ке видиме за неколку дена како и да е нека ни е со срека, ке ни треба и на ова Европско Првенство
 
Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Па колку повеќе слушам работи и слушам интервјуа од Лазаров толку повеќе го почитувам како личност оти е реален и тој има минато низ сите категории и знај што се случува со ракометот во државава а некои прават да ги сокријат проблемите кој и тоа како ги има во младинските категории.​
 
Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Не успеав вчера да отидам во Кале на натпреварот, некој што бил да направи компарација помеѓу играта на тој натпревар и играта со Србија?
Има некој новости, поувежбани акци, поцврста одбрана или?
Со Србија не ја гледав, ама од оваа можеше да се види нешто.
Секогаш при промашување на противникот и наш брз противнапад, Јоноски од одбрана се префрлаше на лев бек, а Велко Маркоски влегуваше како пикер. Во случај да се успори нападот овие излагаја и влагаја стандардните. Исто во напад се пробуваше со двајца пикери (влегување на крило на пикер), како и К. Лазаров во случај да сме играч помалку и да му играа фластер. К. Лазаров лесно се ослободуваше, па мислам дека таа варијанта нема којзнае колку да влијае на играта. Митков ептен слабо изигра на почетокот кога не играше Кире. Така да, да се молиме дека Кире ќе може сите утакмици да ги изигра целосно (нормално со повремени одморања при одбрана). Иначе во одбрана Кире го чуваше левото крило. Јоноски и Маркоски централни, и редовно по едно крило отпаѓаше од одбрана на сметка на еден од овие двајца. Диви фати доста добри топки дур играше во прво од кои и неколку контри (y). Исто и дадовме два гола при два играчи помалку (y). Манасков 0/10 имаше ваљда, Георгиевски покажа дека требаше да биде викнат место Златко. Ојлевски даде неколку гола ама па и многу промаши. Сакаше да се докаже ама не беше нешто посебно. Треба да се истакне и добрата комуникација меѓу Наумче и Кире (y). Ама па се виде и негативното од средбава, по стандард Кире требаше да шутира пенал, се погледнаа со Шундовски, а Кире му рече Филип да шутира. Факт е дека и Филип е добар шутер на пенали, ама па селекторот тоа треба да одлучи нели. :)
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Денеска се задлабочив на Ѕоутубе, се загледав доста утакмици од ЕП2009 во Хрватска па навака.Не знам, некако ептен ми се набилда довербата во дечките.Уште да беше и Раде, ама ајде и вака сме добри.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Од сите можни избраници на селекторот, Митков најмногу ми боде очи. Постојано игра на првенствата, а е дрво невидено, дури мислам поголемо и од Филип Лазаров. Раце ми се треселе кога ќе го пуштеле во игра, а осеќам пак ќе урлам кога ќе биде на терен. Воопшто не е стабилен како играч, нема сигурност и изгледа комплетно дезориентирано на секој меч на кој сум го гледала. Буквално како да е ставен само да ја комплетира бројката играчи на терен.
 
И ја се сложувам, незнам како можел да игра у Германија... ајде важно одбрана ќе покрие. И така немаме друг саглам лев бев, освен можеби Мајнов ама и тој ништо не покажа у Металург кога играше, ама еве сеа у Шпанија дава голови. Можеби требало со него да се проба...
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.696
Поени од реакции
6.062
Да не иде некој у сабота у ниш со авотбусот на ниш ескпрес во 9 и 25 што трга од скопје?
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
конечниот список:

Голмани: Петар Ангелов (Металург), Борко Ристовски (Вардар ПРО)
Крила: Стевче Алушовски (Металург), Дејан Манасков (Металург), Владимир Темелков (Башараж), Златко Мојсоски (Металург).
Бекови: Бранко Ангеловски (Констанца), Филип Лазаров (Вардар ПРО), Велко Маркоски (Металург), Ацо Јоноски (Металург), Наумче Мојсовски (Металург), Филип Миркуловски (Металург), Кирил Лазаров (Атлетико М), Влатко Митков (Бармбах)
Пивоти: Ванчо Димовски (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар ПРО)

отпаднати: Митровски, Н. Марковски и Кукоски.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.058
Џабе го ставив Кукоски на аватар :(
Не го тргам за инат :D
 
Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Продавам карта за натпреварот со Германија заинтересираните нека пишат
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.912
Поени од реакции
7.007
Не сум некој експерт ама од просто навивачко искуство, не сме малце претенки на позиција пикер?! Димовски до вчера со бандажирана нога одеше, а и буре е и не е во некоја форма во Металург и такаречи остануваме само со младиот Стоилов.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Со Србија не ја гледав, ама од оваа можеше да се види нешто.
Секогаш при промашување на противникот и наш брз противнапад, Јоноски од одбрана се префрлаше на лев бек, а Велко Маркоски влегуваше како пикер. Во случај да се успори нападот овие излагаја и влагаја стандардните. Исто во напад се пробуваше со двајца пикери (влегување на крило на пикер), како и К. Лазаров во случај да сме играч помалку и да му играа фластер. К. Лазаров лесно се ослободуваше, па мислам дека таа варијанта нема којзнае колку да влијае на играта. Митков ептен слабо изигра на почетокот кога не играше Кире. Така да, да се молиме дека Кире ќе може сите утакмици да ги изигра целосно (нормално со повремени одморања при одбрана). Иначе во одбрана Кире го чуваше левото крило. Јоноски и Маркоски централни, и редовно по едно крило отпаѓаше од одбрана на сметка на еден од овие двајца. Диви фати доста добри топки дур играше во прво од кои и неколку контри (y). Исто и дадовме два гола при два играчи помалку (y). Манасков 0/10 имаше ваљда, Георгиевски покажа дека требаше да биде викнат место Златко. Ојлевски даде неколку гола ама па и многу промаши. Сакаше да се докаже ама не беше нешто посебно. Треба да се истакне и добрата комуникација меѓу Наумче и Кире (y). Ама па се виде и негативното од средбава, по стандард Кире требаше да шутира пенал, се погледнаа со Шундовски, а Кире му рече Филип да шутира. Факт е дека и Филип е добар шутер на пенали, ама па селекторот тоа треба да одлучи нели. :)
Ми се свиѓа како убаво си доловил ситуација, веќе ја имам во глава одбраната и контрата после успешна одбрана.
Како што и очекував Велко со Јоноски на центархалф да играат, Кире мора краен зашто во напад многу се троши.
Манасков од желбата да се истакне гори во тоа, Митков и на натпреварот со Србија беше дрво невидено а Георгиевски штета што не почна да се кали уште од ова првенство во репрезентација.
За пеналите не е важно кој ќе шутне се додека се погодува ама биди сигурен кога ќе треба со пенал да се одлучува капитенот ќе ја преземе таа обврска.
Голманите одсекогаш ми биле феномен, ако им се погоди денот или што би рекле им тргне тогаш ретко која топка проаѓа.

Ајдеееееееее уштеееееее 2 дена и идеме во Ниш.(y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom