Европско првенство Србија 2012 - генерална дискусија

Член од
28 ноември 2011
Мислења
97
Поени од реакции
18
Нема шанси толку евтино ... До Гевгелија е толку ...
До ГвГ е 300 рамно ако не ги качија центе уф меѓу време.

Па нема логика да ги пренесуваат сите три дуели од нив, не се само тие на ова ЕП, има и други квалитетни репрезентации кои верувам нашата јавност сака да ги види..
Србија нема да ја пренесуваат бидејќи во ист ден игра и нашата репрезентација, а Сител ќе ги пренесува мечевите од нашата група + Хрватска..
Франција - Шпанија играат во исто време со Исланд - Хрватска.. заради тоа нема да оди пренос од дуелот Франција - Шпанија, а сигурно ќе биди одличен дуел..
А за втор круг ќе видиме колку преноси ќе одат во директен пренос.. чисто се сомневам дека ќе се три во еден ден..
Поинтересен ке биде Хрватска-Исланд од Франција-Шпанија веруви бај д веј Чешка пак изгуби од Србија тоа Јиха Миха ка го викте незнам само 4 гола даде!
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Да копирам еден пост од Миленко на Фејсбук (со кој горе доле и јас се согласувам но од се срце се надевам на демант)

Хммммммм, се плашам за резултатите на нашите ракометари.

Сум бил акредитиран новинар на две Олимпиади, три Свестки и две европски првенства во фудбал.... И, на милион други натпревари во колективни и индивидуални спортови. Првенства, купови, финалиња...

Од тоа искуство, знам едно. Најтешко се игра кога императивот е голем. Кога надежите на нацијата се огромни. Кога очекувањата се надвор од реалното.
Тогаш, за жал, се постигнуваат лоши резултати.
Ефектот, од билдањето на големи надежи, мнооогу често е спротивен од посакуваното.
На пример Шпанија, Италија или Германија не беа Свестки шапиони на првенствата организирани во нивната земја. Португалија и Англија не беа Европски шампиони. (во фудбал, нели)

Посакувам да не сум во правo
 
Да не ме сфатат погрешно, ама и јас од ова се плашам.Крева(в)ме тензија уште недела време пред почеток.А и апетитите се поголеми после Литванија.Само овде се е од почеток.

Имаме еден голем плус, а во првите минути можно е и минус - контраефект во зависност од психолошката стабилност на играчите - ЦРВЕНО ЖОЛТА САЛА! Знам дека се професионалци, па такво нешто е можно само во првото полувреме со Шведска.Многу битни први 30 минути.Односно 60.

Сепак очекувам поминување на групава.И следствено на нашиот менталитет, мислам дека со Шведска и Германија подобро ќе одиграме отколку со Чешка.А и подобро ни е така, да не се замараме на крај со бројки и комбинации.
 
Член од
30 јуни 2011
Мислења
322
Поени од реакции
196
Ги гледав вчера на натпреварот и зборете што сакате,али имаме страшни бекови...која брзина,техника,силина на шут ја имаат Наумче,Кире и Миркуловски тоа е страшно нешто,плус се доста добро уиграни..се читаат ко буквар и задоволство тие да ги гледаш едноставно.Исто така додека гледав(само прво полувреме)Филип Лазаров имаше 3 страшни проектили каде што и 3 голмани да имаше на гол..тешко дека ќе ги фатеја топките(y)Дечкото се гледа дека доста напреднал и ќе биде доста солидна замена на лев бек.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Да не ме сфатат погрешно, ама и јас од ова се плашам.Крева(в)ме тензија уште недела време пред почеток.А и апетитите се поголеми после Литванија.Само овде се е од почеток.

Имаме еден голем плус, а во првите минути можно е и минус - контраефект во зависност од психолошката стабилност на играчите - ЦРВЕНО ЖОЛТА САЛА! Знам дека се професионалци, па такво нешто е можно само во првото полувреме со Шведска.Многу битни први 30 минути.Односно 60.

Сепак очекувам поминување на групава.И следствено на нашиот менталитет, мислам дека со Шведска и Германија подобро ќе одиграме отколку со Чешка.А и подобро ни е така, да не се замараме на крај со бројки и комбинации.
Школски, па немој вака бе...
Кои очекувања ги имаш ти? :) Мене на пример како за почеток би ми било доволно да влеземе во втор круг, а после што биде нека биде :) Ми се свиѓа тоа што Чесите се имаат преценето, т.е. не имаат потценето и добро ќе беше да го играме првиот меч со нив за да ги треснеме неколку пати од земја, ама па крајот го краси делото, како само ги уништивме Русите при претходното учество на големо натпреварување. Инаку и да бидат 16-ти нема да ми е криво, играме на ЕП, чувството е супер :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Многу погрешно ги толкуваат очекувањата, само ЕП нас како народ ни го дига адреналинот, а другите мислат дека очекуваме злато.И за кошаркарите очекувавме првата фаза да ја минат, што е и реално,бидејќи се поквалитетни и од ЦГ,БиХ и Финска, со Хрватска сме тука ама ете изненадија и со педерите.После тоа се беше плус во втората за Литва немора ни да зборам.И овде очекуваме да се мине првата фаза, повторно реално гледано...поквалитетни сме од Чешка тоа е факт, а тоа што и Швеѓаните и Германците доаѓаат ослабени ни дава надеж за уште некоја победа.;)
 
Член од
12 јануари 2012
Мислења
17
Поени од реакции
5
Еве за сите инфо што сакаат да пратат и други натпревари од првенствово "the EHF is proud to announce that all matches will be streamed free-of-charge on the Official EHF EURO Channel on YouTube - http://www.youtube.com/ehfeuro " инаку во недела на сител 3 во 17.15 германија -чешка пренос, а главното е во 19.25 на сител. Репрезентацијава ни е добро спакувана, бар за мене, и се надевам дека ке пројдат група без проблем пошто ке играат ко на домашен терен, па се е можно. п.с што сакаат нека прават ама мора да се реваншираат на Германците:)
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 12:46 ---
http://www.makedonija24.mk/?ContentId=4543 прес на репрезентацијата
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А бе одма со муабетот “не очекувајте ништо, ќе се разочарате, бла бла бла“... Да, точно е, има голем притисок врз нашите ракометари. Имам дури и чувство дека како да се осеќаат обврзани да ги стигнат или приближно толку да дојдат до кошаркарскиот успех. Ама тоа не е причина да не ги бодриме и да не веруваме во нив, затоа што сите тука знаат што можат и колку се способни. Не бидете како Чехот, не ја потценувајте оваа репрезентација. Не за друго, наша е. Другите нека потценуваат, не смееме да си дозволиме да се потценуваме самите себе. Крајно време е да го изгубиме менталитетот на “македонче“, мало, уплашено, подгрбавено и без трошка самодоверба што другите само го тапшаат по рамо. Мислам дека дојде крајно време да бидеме Македонци, со големо М. Нашите дечки го заслужуваат тоа. Не е ова фудбал (ФФМ браоС), па да имаме нереални очекувања. Ракомет секогаш ни бил јака страна и секогаш играле со срце. И подобро да се разочарам максимално, отколку да не верувам во нашите момци.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Не успеав вчера да отидам во Кале на натпреварот, некој што бил да направи компарација помеѓу играта на тој натпревар и играта со Србија?
Има некој новости, поувежбани акци, поцврста одбрана или?
 
Член од
12 јануари 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
LAST MINUTE - Stan u Nisu, odmah preko puta hale, 70 m2, 3 sobe, lux opremljen - kuhinja, kupatilo, najlepsi pogled u Nisu, idealno za 4 osobe. 85 E dan, najmanje na 5 dana. kontakt +381 61 17 00 258
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ете што напоменав и во претходниот пост, најголемиот притисок е споредбата со кошаркарите и нивниот успех...

Секако гледав и секоја чест за кошаркарите. Тие го направија она што секој спортист посакува да му се случи, а тоа е да ја собере целата нација околу себе. Нивниот успех ја подигна повисоко летвичката на очекувањата, и ние сме свесни дека барем потсвесно секој македонски љубител на спортот помислува на нешто такво. Но, треба да сме реални. Ние не одиме по медал во Србија. Таков резултат би бил вистинска сензација, дури и за нас самите. Не сакаме да го „палиме“ народот со преоптимистички ветувања. Меѓутоа сигурно, како што направија кошаркарите, и ние ќе „гинеме“ за својата земја. А, Господ е голем, и ако го заслужиш тоа, може да те послужи среќата. Верувам дека такво нешто е можно. На Светското првенство во Хрватска имавме шанса да влеземе во полуфинале, но не бевме подготвени ментално за таков чекор. Мислам дека сега сме подготвени, и ако ни се отвори таква ситуација нема да ја пропуштиме.
Интервју со Кире...
http://www.intervjua.com.mk/mk/zapis.asp?id=1284&kategorija=1

Само треба да играат без оптоварувања, а на нас е да им ја дадеме целата поддршка без да ги споредуваме. Мислам дека тоа највеќе ќе им значи.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Школски, па немој вака бе...
Кои очекувања ги имаш ти? :) Мене на пример како за почеток би ми било доволно да влеземе во втор круг, а после што биде нека биде :) Ми се свиѓа тоа што Чесите се имаат преценето, т.е. не имаат потценето и добро ќе беше да го играме првиот меч со нив за да ги треснеме неколку пати од земја, ама па крајот го краси делото, како само ги уништивме Русите при претходното учество на големо натпреварување. Инаку и да бидат 16-ти нема да ми е криво, играме на ЕП, чувството е супер :)
Групава да ја поминиме сигурно.За мене неуспех ќе е ако е обратно.
Во подготвителниве Шведска и не е нешто убедлива, а е наводно некој си фаворит во групата.Чешка е далеку од мислењето шо тие си го создале за нив.Муабетот ми е без разлика дали едните се со 5,6 играчи минус или другите губат со Србија 5-10 разлика и процентот на Јиха е смешен, ние нашето мораме на терен да го одработиме.Не е чудно и со 3 победи да одиме понатака, ако го запалат возот од почеток ќе е интересно.Притисок од публика сигурно нема да имаме, освен како шо реков погоре можда со Шведска првите 30 мин., ама мислам дека ќе се спремни ракометарите на таква атмосфера.
Германија ми е најголема енигма.
Е за понатаму многу фактори се во игра и дај Боже да одиме во Белград, таму ми е потребна само карта:) И моја лична желба е таму да ги победиме 'браќата од Север' - среде Белград.A и Полска не е толку страшна.
И не лажи дека нема да ти е криво ако се 16-ти, иако е невозможно :D
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 15:29 ---
Ете што напоменав и во претходниот пост, најголемиот притисок е споредбата со кошаркарите и нивниот успех...

Интервју со Кире...
http://www.intervjua.com.mk/mk/zapis.asp?id=1284&kategorija=1

Само треба да играат без оптоварувања, а на нас е да им ја дадеме целата поддршка без да ги споредуваме. Мислам дека тоа највеќе ќе им значи.
Ова го мислев со првиот пост од погоре, ама ете Кире го кажал баш со точните реченици.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom