Со Србија не ја гледав, ама од оваа можеше да се види нешто.
Секогаш при промашување на противникот и наш брз противнапад, Јоноски од одбрана се префрлаше на лев бек, а Велко Маркоски влегуваше како пикер. Во случај да се успори нападот овие излагаја и влагаја стандардните. Исто во напад се пробуваше со двајца пикери (влегување на крило на пикер), како и К. Лазаров во случај да сме играч помалку и да му играа фластер. К. Лазаров лесно се ослободуваше, па мислам дека таа варијанта нема којзнае колку да влијае на играта. Митков ептен слабо изигра на почетокот кога не играше Кире. Така да, да се молиме дека Кире ќе може сите утакмици да ги изигра целосно (нормално со повремени одморања при одбрана). Иначе во одбрана Кире го чуваше левото крило. Јоноски и Маркоски централни, и редовно по едно крило отпаѓаше од одбрана на сметка на еден од овие двајца. Диви фати доста добри топки дур играше во прво од кои и неколку контри
. Исто и дадовме два гола при два играчи помалку
. Манасков 0/10 имаше ваљда, Георгиевски покажа дека требаше да биде викнат место Златко. Ојлевски даде неколку гола ама па и многу промаши. Сакаше да се докаже ама не беше нешто посебно. Треба да се истакне и добрата комуникација меѓу Наумче и Кире
. Ама па се виде и негативното од средбава, по стандард Кире требаше да шутира пенал, се погледнаа со Шундовски, а Кире му рече Филип да шутира. Факт е дека и Филип е добар шутер на пенали, ама па селекторот тоа треба да одлучи нели.