Клубот треба да се води темелно а не површински, тимот има резултати а клубот е како од времето на комунизмот. Нмаркетинг имате нула, па зарем Комитите требаше да вадат билборди за Вардар
Ако сте толку професионални кажи ми на кој датум ќе се игра со Динамо загреб и во колку часот?
И не се летак друже верувај ми ништо вон сериско немате направено до сега, па и Брацо кога беше во златните времиња ги имаше истиве работи па и многу повеќе, затоа немој да се поставуваш како вие да сте единствени. Зашто за прослава не играте со шалке? Кко сакате да го издигнете клубот и да докажете дека сте над другите управи кога го носите Динамо.. Веќе видено, ги изнагледавме цска, партизан и слично, ако бевте мангупи ќе се одвоевте од сите досегашни управи и ќе донесевте европски тим.
И за крај знаете ли со каков преварант(мамич) влегувате во ортаклук??.. Кој со ѓаволот тикви садел од глава си ги чукал, запамети го тоа за некои подоцнежни времиња..
Искрено јас сум задоволен од тоа каква е ситуацијата до сега, само барам поголем професионализам и иновативност и секако чесност за заедничко добро.
Професионализам е да правите прес конференции, да имате добар веб сајт, да имате сопствени простории, да имате повеќе од 2ца вработени во администрација, да имате фаншоп(како што гледам навивачите ваши пред вас ќе имаат фаншоп), иновативност значи да превземате ризик, а не сигурица се да биде( како во случајот со динамо и шалке), а под чесност подразбирам да кога ќе се договорите и ветите нешто да исполните на време(како во случајот со ревијата)
Со најдобри намери
П.с- знам дека ви треба време ама времето не ве чека вас, европа доаѓа за 3-4месеци а тогаш е правиот тест, фудбалски видовме со цска докај сме а административно далеку далеку од европа.