- Соработката со Динамо Загреб е планирана 2 месеци претходно, а неможе да се направи успат договор со нив. Кога ја склучивме соработката сите вардарови легенди се јавуваа да ни честитаат зошто тоа не му успеало на никого а се обидувале 20 години. Исто така имаме соработка и со раководстовото на Партизан, а на добар пат сме да склучиме соработка и со другите лидерски балкански клубови.
- Пари клубот има буџетот за 2012 е скроен, а за спонзорите нека биде па ќе обелодениме кои ќе бидат тие ќе бидат добредојдени за екстра засилувања за наредна сезона, а ќе ги има зошто начелно првичната соработка е потврдена, само нека продолжат добрите игри. Мислам ќе се сложиш дека по 20 години заебанции во мак фудбалот сите спонзори или инвеститори уште со недоверба гледаат како ќе се одвиваат работите па тек после да вложат било што. Ама ќе биде...
- Во однос на пресот се појавија две поделени мислења. Првото: дека е потребно да го заокружиме процесот на целосно преструктуирање па претставување на клубските работи во јавност, а Второто дека требаше прес да се свика уште многу порано на што сум присталица и јас зошто немаше да се шират разно разни муабети или струи. Во секој случај се надевам дека наскоро ќе има пошто нема што да се крие ниту има проблеми.
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 13:34 ---
Договорено. Да поминат празнициве и да проверам до кај се преговорите со менаџерите за неколку играчи, Огбона е сигурен треба уште договор да се потпише.