Фан Клуб: Вардар

Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.975
Среќни Божиќни празници и од тимот на www.komiti.org
Поставен е нов форум на нашиот сајт,на кој ке може да се логирате и преку фејсбук.

НЕЗАПИРЛИВИ 87'
 
Член од
25 август 2011
Мислења
93
Поени од реакции
285
Работата со АД кажувате дека иде уште одамна ама ништо.
За ревијата немој да лажеш и кажи дека си играте ку*** со дечките што изгубиле време и пари за да ја направат и сега ги шеткате секој ден и телефон не им кревате. Можеби ќе искочи ако се смилувате ама тоа е едиција за декември а не за март !
Администрацијата на клубот е чиста нула, маркетингот е чиста нула, без љубов го водите клубот, колку ради реда, среќа ваљда илчо што е попаметен па фудбалски гази Вардар.
Шишко можеби дава се од себе, ама тоа не е доволно, нека вработат уште некој, Вардар е бренд и треба да има таков статус, а не пола народ незнае што се случува.
Камо фаншоп, соба со трофеи, добар веб сајт, простории на клубот и слично?
Со најдобри намери е коментарот, за да се опаметите.

Ти благодарам за коментарот со најдобри намери и јас ќе ти одговорам со најдобри намери со тоа што доволно сме опаметени да не избрзуваме со се, како досегашните раководства па да усереме се што градевме досега и да ги направиме истите грешки ко незнам колку досега раководства имаше клубот.

Како ништо нема за АД кога се чекаше да донесе одлука Советот на Град Скопје па да биде објавена во службен гласник на градот да влезе во сила, потоа да донесе одлука и 2-от акционер, и откако се донесоа се донесоа и потребните одлуки се организираше и собрание на клубот и се донесоа потребните одлуки и сега сме во фаза на реализација. Гледам да дадам информации таман толку колку што е потребно без да се загрозат интересите на клубот. За ревијата тоа се информациите што беа презентирани на управата и како такви ги пренесов, а за другото е во завршна фаза. Дури и за сајтот ќе се најде решение и мене не ми се допаѓа ама има чаре не е исклесан во камен па да не се смени и тоа.

Шефе тоа коментарите за љубовта кон клубот не ти чинат, а дали работиме со љубов или не, тоа си знаеме ние, што од 15 јуни 2011 година, кога го превзеде Градот клубот 24/7 ги средуваме пиздариите таложени 20 години со милион долгови, а да не зборам што ни криви ни должни кркавме прекршочни пријави за секоја утакмица и уште казните ФФМ, па ниту се откажуваме ниту ќе се откажеме.

Да, за сите е бренд Вардар па гледам каде беше клубот до сега и кој што се не направи за да стигне до таму и кој што прави за да излезе од таму. Изгледа стварно премногу го сакале клубот па требаше да дојде до фаза на исчезнување па да излезе на површина целата нивна љубов.

ПС. Извини на револт и речник ама тоа за љубовта кон клубот у нерв ме удира, а дека има слабости има ама се средуваат, мора трпение не може се одеднаш. Битно е дека мора од негде да се почне па тоа што не чини ќе се менува.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Клубот треба да се води темелно а не површински, тимот има резултати а клубот е како од времето на комунизмот. Нмаркетинг имате нула, па зарем Комитите требаше да вадат билборди за Вардар
Ако сте толку професионални кажи ми на кој датум ќе се игра со Динамо загреб и во колку часот?
И не се летак друже верувај ми ништо вон сериско немате направено до сега, па и Брацо кога беше во златните времиња ги имаше истиве работи па и многу повеќе, затоа немој да се поставуваш како вие да сте единствени. Зашто за прослава не играте со шалке? Кко сакате да го издигнете клубот и да докажете дека сте над другите управи кога го носите Динамо.. Веќе видено, ги изнагледавме цска, партизан и слично, ако бевте мангупи ќе се одвоевте од сите досегашни управи и ќе донесевте европски тим.
И за крај знаете ли со каков преварант(мамич) влегувате во ортаклук??.. Кој со ѓаволот тикви садел од глава си ги чукал, запамети го тоа за некои подоцнежни времиња..
Искрено јас сум задоволен од тоа каква е ситуацијата до сега, само барам поголем професионализам и иновативност и секако чесност за заедничко добро.
Професионализам е да правите прес конференции, да имате добар веб сајт, да имате сопствени простории, да имате повеќе од 2ца вработени во администрација, да имате фаншоп(како што гледам навивачите ваши пред вас ќе имаат фаншоп), иновативност значи да превземате ризик, а не сигурица се да биде( како во случајот со динамо и шалке), а под чесност подразбирам да кога ќе се договорите и ветите нешто да исполните на време(како во случајот со ревијата)
Со најдобри намери
П.с- знам дека ви треба време ама времето не ве чека вас, европа доаѓа за 3-4месеци а тогаш е правиот тест, фудбалски видовме со цска докај сме а административно далеку далеку од европа.
 
Апсолутно ти прифаќам дека немаме ништо вонсериско направено и далеку сме од нивото на кое треба да бидема, само чесно работиме клубот да биде и организациски и структурно поставен на здрави темели, да има добра основа, па после тоа и кога ќе се ризикува за нешто да не остави трајни последици па наредни 10 години да се чудиме како да се оправиме.

Вработени во администрацијата се далеку повеќе од двајца, а пријавени се и сите тренери на првиот тим и тренерите на младинските категории, а по формирањето на АД се предвидени нови вработувања за позициите за кои се потребни. Согласно со буџетот за 2012 на клубот така и ќе се реализираат другите активности што ги наведе. Просториите ти кажав дека се готови. За терминот за одигрување на утакмицата со Динамо, има првичен датум ама како да го пишам кога се зависи дали до тој термин ќе заврши реконструкцијата на стадионот. За ревијата кажав тоа што знам ама во секој случај ничив труд ниту смее ниту ќе пропадне. Тоа и за мене е една од подобрите работи.

ПС. Чекор по чекор
 
Член од
15 јануари 2011
Мислења
371
Поени од реакции
497
Сега немаме некои конкретни засилувања. Се ќе се одвива во рамките на подготовките за пролетната сезона. Има преговори, има понуди, има и заинтересирани клубови за наши играчи. За нас е најважно да го задржиме тимот што ја освои есенската титула, можеби со некои минимални промени. Знаеме дека не очекуваат тешки средби на стартото од пролетниот дел и за тоа ќе се обидеме да ја засилиме конкуренцијата на одредени позиции, но засега е рано да се говори конкретно-изјави Шефот на стручниот штаб на ФК Вардар, Илчо Ѓорѓиоски.
http://sportefe.com/1mfl/od-bugarija-vo-turcija
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
ФУДБАЛ, ЗИМСKАТА ПАУЗА ЗАВРШУВА И ЗА ЛИДЕРОТ
Вардар се враќа во ритам
Лидерот во македонското фудбалско првенство - Вардар, денеска ќе ги почне зимските подготовки со цел да се одбрани врвот и да се освои долгопосакуваната двојна круна, со триумф и во шампионатот и во купот.Со вообичаените мерења на физичката подготвеност „црвено-црните“ денеска ќе го означат стартот, а од утре и поинтензивно со првите тренинзи. Главниот дел од зимските подготовки ќе биде реализиран во странство, во Бугарија и во Турција. На 20 јануари вардарци ќе заминат за Сандански, каде што ќе останат една седмица.

- Добивме извонредно добра понуда за подготовки во Сандански, многу подобра од тие на нашите фудбалски центри. Условите се одлични, а ќе одиграме и еден контролен натпревар против Локомотив Пловдив на 25 јануари – вели Илчо Ѓорѓиоски, тренерот на Вардар.

На почетокот на февруари фудбалската експедиција на најтрофејниот македонски фудбалски клуб се сели во потоплите предели во турскиот туристички центар Анталија. Од 3 до 16 февруари таму ќе се прави завршната глазура на формата пред почетокот на пролетниот дел на домашниот шампионат.

- Во Анталија ќе бидеме две недели, а имаме можност за вистински подготовки и за тестирање на можностите со одлични екипи. Стапивме во контакт со раководството на Црвена звезда и можно е да одиграме пријателски меч со нив. Анталија е вистинска фудбалска мека и доста квалитетни екипи одат таму на зимски подготовки. Се надеваме дека ќе ги одмериме силите уште со неколку добри тимови, а во истиот термин со нас ќе има состави од Србија, Полска, Унгарија, Норвешка, Азербејџан... - додава Ѓорѓиоски.

Приоритет, според стратегот на водечката екипа кај нас, е да се задржи костурот на екипата, особено најдобриот стрелец во лигата, Филип Ивановски. За него има понуди, најмногу од Азија од кинески и јужнокорејски екипи, но засега останува во Вардар, до првата понуда од сериозен и силен клуб.

- Нашиот став се знае. Сакаме да остане Ивановски и се надеваме дека ќе продолжи барем до крајот на првенството. Одигра извонредно и експресно брзо се вклопи во Вардар. Можно е Огбона да се врати, но засега тоа не е сигурна варијанта – заврши Ѓорѓиоски.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=4367

Кој прв до Ќумбев, Вардар или Металург?

Ајде управа зграпчи ја оваа шанса што ти се пружа! Ќумбев е екстра играч и прилично поквалитетен од Вајс и Бојовиќ, а и од доверливи извори знам дека човекот има голема желба да го облече дресот на Вардар.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805

Панта после фузијата со Миравци рече на фб профилот дека е срaмота тоа што се случува и дека сте требале да сте се засрамеле од тоа !!! ;)
 
П

Паспарту

Гостин
Панта после фузијата со Миравци рече на фб профилот дека е срaмота тоа што се случува и дека сте требале да сте се засрамеле од тоа !!! ;)
Што значи дека сам си ги погазува сега тие зборови...
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.566
Ова не е ништо ново, првично дуелот со Динамо Загреб е закажан за 25-ти април, ама се ќе зависи дали ќе се заврши реконструкцијата на терено до тогаш, се уште не се знае.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom