Е ајде нека ни е среќна Новата година, да не куртулите од здравје, пари и успех во се' што ќе посакате.
Само две недели ме нема и одма попушти дисциплината, а? Не сте да ве остави човек сами...
Гледам прилично работи сум пропуштил - DBack со херојски напори се обидел на MIKI1 и на некои други да им надокнади се' она што тие пропуштиле да научат во последниве 20 - 30 години за еволуцијата и општо за науката и научните методи. Милион лајка да му дадам, малку ќе биде. Затоа ќе го частам едно пиво, кога ќе се најдеме. Ако добро разбрав, редовно збирање на пиво за атеистите е во Ајриш паб на кеј, така? Доаѓам на следната сеанса сигурно, освен случајно ако не ме спречи некоја натприродна демонска нечиста сила/ламја (сопруга - некаде ја викаат)...
...ТЕ е голем залак за да кажеш дека потполно ја разбираш. За такво нешто ти треба еден куп познавања од еден куп други области за да можеш да ја потврдиш веродостојноста на истите....
Јас не се обидувам да кажам дека сум ја разбрал, јас се обидувам да укажам дека таа има недостатоци кои треба сериозно да се разгледаат ...
Ако те прашам дали си ја разбрал теоријата на релативноста (ова само како пример ја наведов), , веројатно ќе кажеш веднаш ДА (како и многумина други). Но ако седнеме на маса ќе излезе дека не е така....
Со Miki1976 се сложувам за следново: никој не треба да се занесува дека разбрал нешто од некоја научна област, ако не прочитал една планина книги и научни списанија. Научни списанија - а не популарни како Scientific American или Discover! Евентуално би можел да каже само дека е добро информиран.
Во светло на горново кажано,
не се сложувам со Miki1976 дека така лесно некој може да воочува недостатоци во некоја научна теорија - за такво нешто е потребно
навистина да ја разбрал конкретната научна теорија. А за тоа, се сложивме, треба
огромно знаење. На невидено и со мирна душа тврдам дека нема човек во Македонија (вклучувајќи го и Miki1976) со доволно знаење од Теоријата за еволуцијата, за да може да укаже на недостатоци кои би ја собориле таа теорија. А кој не се сложува со мене за ова - бујрум, Нобеловата награда и милион евра ве чекаат зад вратата! Само треба да изнесете докази пред научната јавност...
Само!
Јас би запрашал според тебе колку генерации се потребни за еволуција на хомосапиенсот од неговиот предок кој не знаеме кој е (или знаеме?), во согласност со експериментите со бактерии?
...
Ај сега ова генерализирано за хомосапиенсот, иако е невозможно да важат истите услови за хомосапиенсот и за бактеријата.
Една генерација 80години старост. 500 000 генерации се 40 000 000 (40 милиони години).
ФРАПАНТНА БРОЈКА НЕЛИ???? Не имало заедно со Тираносаурусот. Не бива работава.
Една мала корекција на горниов лапсус (со црвена боја): една човекова генерација не е 80 години, туку само 25 - 30. Нова генерација се раѓа на возраст од родителите од околу 25 - 30 години. Порано сигурно било и помалку од 25 години, ама да кажеме дека е 25. Тогаш 500 000 генерации се 12 500 000 години (12,5 милиони). Е, тогаш немало Тираносауруси, а оваа бројка веќе е блиску до препоставената за предокот на човекот - кога застанал на две нозе. Бива работава...
Прекинувам сега, а на Ateist и на другите ќе им одговорам утре...