Ми се срам сега да објаснувам што мислев, ама да ме сфатите погрешно.
Не реков дека Мики1976 е верник, прочитав што имаше самиот напишано. Не сум до толку.
Изразува сомневање, ама тоа сомневање е одговорено. И буквално сомнежот му е затоа што нему не му изгледало веројатно.
А другиот МИКИ дури не ги знае ни основите.
Затоа реков, дека се
плашам, во случај да ја прочитаат и да ги прифатат критиките, таа научна теорија толку ќе им изгледа реална што ќе ја прифатат како факт. (Ова малку дигресија за твоите нервози за тие што ја земаат теоријата како догма)
И нај на крај, реков дека не знаат како се прифаќа теорија. Како теорија. Затоа, мислејќи дека треба да ја прифатат како догма (затоа што некои навистина ја прифаќаат како таква) не ја прифаќаат ни како теорија.
--- надополнето: 10 јануари 2012 во 01:43 ---
Јас теоријата ја прифаќам некако вака:
http://www.youtube.com/watch?v=3Z2vU8M6CYI
Ова е пародија на документарците на History, знам дека не може да се споредува историја со природни закони, ама мислам дека ќе ја сфатите споредбата.
Абе младичу да не излезе по тебе дека оној што не ја поддржува ТЕ, без разлика што се има да понуди во однос на тоа, е по автоматизам верник.
Гледам си пишал дека одлично ја разбираш научно поткрепената теорија на еволуција.
Јас лично се сомневам во твојов исказ, или уште повеќе сигурен сум дека не е точен
Ти само ја прифаќаш како најдобро објаснување за потеклото на виовите во овој момент, како и многумина други.
Тоа е она што се обидувам да укажамм како што вели Ateist не е се црно и бело, остави можност, резерва, дека постои некоја трета, четврта опција која во овој момент нам не ни е позната и сеуште нема земено замав.
Доколку се прифаќаш однапред со 100% веројатност, и тврдиш дека ти си разбрал се, тогаш пријателе ти не си различен од радикален верник.
Мојот став во животот, е дека не постои сигурен настан, постои само СКОРО СИГУРЕН настан, а тоа се должи на краткиот век на човечката индивидуа и неможноста голем дел од процесите да бидат опсервирани.
ТЕ е голем залак за да кажеш дека потполно ја разбираш. За такво нешто ти треба еден куп познавања од еден куп други области за да можеш да ја потврдиш веродостојноста на истите.
Она што ти го правиш е обсервација и селектирање на веќе искажани, заокружени работи и мерења од некои луѓе и институции и земјаќи ги истите генерализирани како веродостојни без проблем ќе кажеш ЈА РАЗБРАВ ТЕ? Но дали?
Јас не се обидувам да кажам дека сум ја разбрал, јас се обидувам да укажам дека таа има недостатоци кои треба сериозно да се разгледаат и да се искорегираат или во рамките на истата или со "анекси" на истата, или со тотално нова теорија.
Ако те прашам дали си ја разбрал теоријата на релативноста (ова само како пример ја наведов), , веројатно ќе кажеш веднаш ДА (како и многумина други). Но ако седнеме на маса ќе излезе дека не е така.
И еве бидејќи е таква темата и завртевме на ТЕ, јас би ја чачнал и абиогенезета која е во нераскинлива врска со ТЕ.
Што имаш да кажеш по тоа прашање. И неа си ја разбрал?
Или само си одлучил да го прифатиш тврдењето дека СЛУЧАЈНО во целокупниот хаос во универзумот се наредиле Х аминокиселини во точниот редослед за да донесат живот?
Или можеби имаш осознаено со веќе селектирани факти дека ова е научно потврдено во рамките на нашата техника и технологија?
--- надополнето: 10 јануари 2012 во 08:50 ---
Хмм интересно дефиниција околу деизмов
Ова таман ми служи како пример за начинот на систематизација кај ТЕ.
Јас ги кажувам своите размислувања и ставови без притоа да знам дека веќе некој со конвенција утврдил таквите ставови да ги смести во едни купче и да ги нарече деизам.
Оваа дефиниција
"For deists, God created the universe but then divorced itself from it and now simply contemplates the ongoing development of Creation."
е многу непрецизна.
Прво многу лесни употребен поимот Бог не објаснувајќи на каков Бог мисли креаторот на дефиницјата
.
И што знам мислам дека треба да најдеме друга дефиниција за моиве размислувања.
Уставри јас секогаш се врзувам со каузалноста, според мене ( и теоријата на хаосот) целиот универзум почива н апричинско последични односи. И тие и те како влијаат врз животот на секоја жива единка на планетава.
Е сега следствено на ова би се добило дефиниција дека Бог е некоја супермоќна енергија или бите кое би ги знаело однапред тие причинско последични односи, односно кои причини водат кон кои последици. А тоа е огрооомна моќ.
Каузалноста, барем теориски е веќе издржана.
Присуството на енергија, битие кое може да ја конторлира каузалноста е сеуште предмет на верба
Кога велиме среќа, всушност се надеваме дека причинско последичните односи ќе се наредат во редослед кој нам ни одговара на замислите.
Кога верниците се молат, всушност бараат од некое си битие (замислено или не, не знам) да ги нареди причинско последичните односи онака како што тие би сакале.