1. Јас с еобидувам да најдам само егзактност во ТЕ, а токму тоа фали таму.
2. Арно ама така работи целата еволуција, врз база на генерализација.
3. Самиот велиш нема правила нема ништо, има само своевиден хаос кој допринесува за формирање на нови видови или изумирање на стари.
4. Доколку ТЕ секојпат започнуваѓе со зборот МОЖЕБИ или НАЈВЕРОЈАТНО тогаш се ќе беше во ред.
а.Можеби човекот и горилата имаат заеднички предок.
б. Најверојатно човекот и горилата имаат заеднички предок.
Овие две реченици се спротивни од "Човекот и горилата имаат заеднички предок."
5. Ми смета тоа што Дарвин е дигнат на пиедестал за нешто што е толку очигледно (4те составни елементи на еволуцијата) а тој само рекол овие 4 работи ќе ги викаме еволуција.
Ништо помалку догматично од библиското создавање на Адам и Ева, во поглед на немање цврсти докази, математички точни.
1. Очигледна математичка егзактност можеш да бараш во математика. Не можеш да бараш во биологија, на пример. Кога би го правел тоа, би очекувал сите брези да имаат идентичен лист со идентична големина и идентичен бој на жили.
Животната средина е окружување со
катаљон и кусур варијабли. Едно е да генерализираш во лабораторија, па да дојдеш до конкретен однос време/генерации/услови, а сосем друго нешто истото тоа да го генерализираш во еден
отворен систем каков што е планетата Земја. Тоа
не значи дека е невозможно да се развие математички модел кој би ја опишал еволуцијата во своето природно окружување. Значи само дека е тоа огромна работа за која не сум сигурен дека поседуваме толкави пресметковни капацитети во моментов. Можеби се лажам.
2. Повторно: ТЕ генерализира
врз основа на научниот метод. Ти генерализираше врз основа на
шпекулативни информации и
проста математика за
лабораториски опит на
конкретен вид. Од каде ја повлече паралелата?!? Твојата генерализација
не е со иста тежина како генрализациите во ТЕ. Дали може конечно да се согласиме околу ова?
3. Јас
не викам „нема правила - нема ништо“. Ти го викаш тоа. Јас неколку пати напишав дека постојат
јасни правила. Не постои правило какво што ти го бараш. Нема универзален број на генерации потребни за да се добие нов вид. Ти дадов и причини зошто е тоа така. Дали може и ова прашање да го затвориме или треба уште нешто да се дообјаснува?
4. Ако читаш внимателно, не ТЕ, него
било кој научен текст ќе забележиш дека исказите за тврдења ја имаат следнава синтакса: „Според теоријата за... ова или она е вака или онака“ или „Во светло на информациите
со кои располагаме во моментов...“ или „Досегашните наоди потврдуваат дека...“ Ниту еден научен труд
не се служи со апсолутни тврдења. Затоа и најчеста форма на пишување е passive voice.
5. Дарвин е „дигнат на пиедестал“ поради тоа што
прв го опишал тоа што е толку очигледно. Зошто се дига Њутн на пиедестал, кога опишал нешто што е толку очигледно? Зошто се дига на пиедестал Питагора, кога денес децата у 4-то за само еден школски час самите ја изведуваат теоремата, без никакви претходни информации за истата? Пиедесталот во науката е за оние кои
ПРВИ ќе
постават и
одбранат некое револуционерно тврдење. Тоа го направил Дарвин.
И, за крај:
Многу ми смета кога луѓето ја критикуваат ТЕ на „бафтана“, со тоа што ќе кажат: „...абе, има
многу нешта кои не се во ред со таа Теорија“ или „Горе-доле тоа има смисол, ама
нешто не ми штима...“ или, не дај боже, „Ова е
„само“ теорија...“
Кои се тие „многу нешта“ кои се тие „догми“ кои ги сервира ТЕ? Знаат ли луѓе уопште
што е тоа ДОГМА?!?
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 17:31 ---
DBack,
да не се вреѓамо...
Она кое е „едно„ за повеќето науки, се нарекува:
1. Експеримент, во изолирани лабораториски услови (значи, надвор од природниот контекст од настанот кој се испитува) и
2. Заклучокот, .т.е. заклучоците од тој експеримент, кои се редовно субјективна категорија.
Разбира се, доколку не сметаш една една социолошка студија може да ги користи денес достапните акцелератори и од нив да „вади„ заклучоци за социологијата како општествена наука, или доколку не сметаш дека општествените или хунамитарните науки користат телескопи-сателити, стационирани некаде во Земјината орбита, јас пак се навраќам на моето прашање: ми треба барем еден научен метод, кој е својствен исклучиво за еволуцијата...Ви спротивно, ќе сметам дека еволуцијата не е ништо друго, туку саде збирка од философски шпекулации, како што би рекол Расел.
Хвала.
Гледам ја дека ти фали нешто, ама тоа нешто едноставно не постои. Научниот метод, МИКИ1, е
еден и единствен.
Бујрум да си прочиташ.
Какви научни методи познаваш ти? Духовни?