Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

  • Креатор на темата Креатор на темата Keiko
  • Време на започнување Време на започнување
Човекот и човеколиките мајмуни (шимпанзо, бонобо, орангутан, горила) имаат заеднички предок. Ниту човекот настанал од мајмун, ниту мајмуните настанале од човек. Ова го знаеш. Време е да почнеш и да го комуницираш.

Знам дека си љубител на сликици + не беше тука деновиве, па може ти се лизнала оваа слика:

skeleton.gif


Како тоа Јахве ги направил човеколиките мајмуни баш по подобието Адамово? Немал боља идеја?
Оној на средина е прилепчанец?
 
Ја имаш забелешката у мојот пост погоре. Лоша калкулација на време и услови, лоша генерализација дека ако е точно за бактерии, истото важи и за останати видови на пример од класата цицачи
Дали можеш да ми линкуваш нешто каде се тврди дека постои стандарден број на генерации кои се потребни за да се создаде нов вид? Јас не знам за таква бројка.

Лично, сметам дека е невозможно да дојдеш до конкретна бројка на генерации потребни за промена на видот, поради тоа што промените се случуваат поради промените во окружувањето во кое живее единката. Оттука, на некој вид кој живее во искучително предизвикувачки околности ќе му бидат потреби еден број генерации. Некои од ајкулите се немаат променето ама ИЧ во последниве 300 милиони години од проста причина што немало промени ВО СРЕДИНАТА кои би условиле такво нешто.

Нешто смрди тука, навистина, само мислам дека смрди изворот на информацијата кој го цитираш ;)
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 14:50 ---
Оној на средина е прилепчанец?
Тој е. Лево од него е мајмунката Кала. Лево од Кала е Тарзан. Десно од прилепчанецот е Луи од Jungle Book.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 14:54 ---
Иако веќе го имам напишно ова прашање барем во два наврати, по мое сеќавање, еве го пак:

Каде се формира новата информација во генетскиот запис/геномот:

1, Кај родителите?
2. Кај породот?
3., Некаде помеѓу?

Го имаш поставено во сто наврати и секогаш добиваш исрпно објаснување. Сега ќе добиеш концизно:

Кај породот. Секоја нова единка е нова информација составена со соединувањето на хромозомите од мајката и таткото. Тоа е новата ДНК, една и единствена и неповторлива.

Секое дете - нова информација.

Дали е сега јасно, Мики?
 
Дали можеш да ми линкуваш нешто каде се тврди дека постои стандарден број на генерации кои се потребни за да се создаде нов вид? Јас не знам за таква бројка.

Лично, сметам дека е невозможно да дојдеш до конкретна бројка на генерации потребни за промена на видот, поради тоа што промените се случуваат поради промените во окружувањето во кое живее единката. Оттука, на некој вид кој живее во искучително предизвикувачки околности ќе му бидат потреби еден број генерации. Некои од ајкулите се немаат променето ама ИЧ во последниве 300 милиони години од проста причина што немало промени ВО СРЕДИНАТА кои би условиле такво нешто.

Нешто смрди тука, навистина, само мислам дека смрди изворот на информацијата кој го цитираш ;)
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 14:50 ---

Тој е. Лево од него е мајмунката Кала. Лево од Кала е Тарзан. Десно од прилепчанецот е Луи од Jungle Book.

Ааа јок, не е до изворот, ама ај. Бројката на 500 до 600 илјади генерации е вештачки индуцирана во лабораториски услови врз бактерии чиј животен век е 15 минути.

Јас само генерализирав, онака како што тоа го прави ТЕ:) за некој друг вид.

Ако во лабораторија при идеални индуцирани мутации ти требаат 500 илјади генерации колку би ти требале во реалниот свет што мислиш?

Не инсинуирам ништо, само кажувам факти кои не одат во прилог на ТЕ.

Кога се појавил хомоспаиенсот или шимпанзото, и дали според тебе таа бројка на години е доволна да се нарече еволуција?
 
Вака поставена може само да се вметне во теоријат ан ахаосоти причинско последични односи кои допринесуваат до создавање на таканаречен нов еволутивен вид.
Штотуку ја опиша еволуцијата. „причинско-последични односи кои придонесуваат понекогаш да се создаде нов вид.

Новиот вид е последица од механизмот на еволуција. Не е цел на тој механизам.

Еволуцијата нема план или намера. Можеби тоа те буни во сето ова. Оттаму, нема ниту однапред дефиниран систем за КЛАСИФИКУВАЊЕ на живиот свет.

Класификацијата е човекова конвенција која нас ни помага подобро да ги опишеме и категоризираме организмите. Во природата не постојат видови, родови и класи. Постојат само живи суштества.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 15:06 ---
Колку време е потребно од заедничкиот предок да се добие човек?
Не постои такво правило.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 15:07 ---
Адам и Ева се последните вонземјани кои паднале тука на земјава :vozbud:
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 14:26 ---


Истите, нека биде шимпанзото, слонот или кој сакаш цицач.
ОК. Значи, тебе ти се проблем цицачите. Што конкретно те буни кај еволуцијата на цицачите?
 
Биг-банг и Теорија на Еволуцијата не се единствен аргумент на страната на Атеизмот. Колку што знам во Библијата е напишано дека Господ ја создал земјата и животот на неа за 7 дена ако не се лажам, а има потврдени научни докази дека денешниот облик на земјата е последница на низа од вулкански ерупции, како и други трансформации настанати под дејство на природата и космосот кои се одвивале илјадници и илјадници години. Се што треба да направите е да ја баталите Библијата малку и да земете да читнете некоја Енциклопедија, верувајте многу повеќе ќе ви користи ;).
 
Штотуку ја опиша еволуцијата. „причинско-последични односи кои придонесуваат понекогаш да се создаде нов вид.

Новиот вид е последица од механизмот на еволуција. Не е цел на тој механизам.

Еволуцијата нема план или намера. Можеби тоа те буни во сето ова. Оттаму, нема ниту однапред дефиниран систем за КЛАСИФИКУВАЊЕ на живиот свет.

Класификацијата е човекова конвенција која нас ни помага подобро да ги опишеме и категоризираме организмите. Во природата не постојат видови, родови и класи. Постојат само живи суштества.


Тоа понекогаш се случувало десетици илјади пати.

Пак ќе кажам не е работата дали некој го разбира механизмот на ТЕ како што сме го изучувале. ГОлемо фајде од тоа што го разбирам, а знам дека се коси со некои други работи.
Ајде вака Хомосапиенсот ќе земем дека е точна бројката од 200 000 години се појавува за прв пат некаде во Африка.
Според горните пресметки тоа е ненормално малку време за еволуцијата, причинско последичните односи, што и да е, да предизвика формирање на нов ВИД.

Дали ќе се поместува границата за потеклото на човекот а согласно тоа и другите видови наназад, или пак ќе испадне дека Хомоеректусот и Хомоспаиенсот и останатите слични на нив претставувааат еден вид, ќе видиме понатака.


Милион пати напоменав не ги спорам 4 т еосновни елементи на еволуцијата, го оспорувам нивното лошо соединство во рамките на една теорија, која се коси со најегзактната наука на денешницата - математиката.
 
ОК. Значи, тебе ти се проблем цицачите. Што конкретно те буни кај еволуцијата на цицачите?
Абе оваа мојава, ме буни, , ако не и удра една по тил, се заборава, стварно ме збунуе човече, не знам шо да правам веќе, руката ме заболе :place:
 
Не постои такво правило.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 15:07 ---

ОК. Значи, тебе ти се проблем цицачите. Што конкретно те буни кај еволуцијата на цицачите?

Епа ако не постои правило, како можеш да тврдиш дека се е еволуција?

Јас ти изведов потполно релевантен заклучок преку примерот на бактерии, а ти велиш нема такво правило.

Нема врска цицачите. Нека бидат птиците.

Сеедно е. Мала е бројката од неколку стотици илјади години еволуција.
 
Биг-банг и Теорија на Еволуцијата не се единствен аргумент на страната на Атеизмот. Колку што знам во Библијата е напишано дека Господ ја создал земјата и животот на неа за 7 дена ако не се лажам, а има потврдени научни докази дека денешниот облик на земјата е последница на низа од вулкански ерупции, како и други трансформации настанати под дејство на природата и космосот кои се одвивале илјадници и илјадници години. Се што треба да направите е да ја баталите Библијата малку и да земете да читнете некоја Енциклопедија, верувајте многу повеќе ќе ви користи ;).
Ни биг бенгот ни теоријата на еволуцијата имаат врска со атеизмот. А што ако не се точни?
 
Биг-банг и Теорија на Еволуцијата не се единствен аргумент на страната на Атеизмот. Колку што знам во Библијата е напишано дека Господ ја создал земјата и животот на неа за 7 дена ако не се лажам, а има потврдени научни докази дека денешниот облик на земјата е последница на низа од вулкански ерупции, како и други трансформации настанати под дејство на природата и космосот кои се одвивале илјадници и илјадници години. Се што треба да направите е да ја баталите Библијата малку и да земете да читнете некоја Енциклопедија, верувајте многу повеќе ќе ви користи ;).
Проблемот не е во Библијата - него во оние кои ја толкуваат буквално.
 
Биг-банг и Теорија на Еволуцијата не се единствен аргумент на страната на Атеизмот. Колку што знам во Библијата е напишано дека Господ ја создал земјата и животот на неа за 7 дена ако не се лажам, а има потврдени научни докази дека денешниот облик на земјата е последница на низа од вулкански ерупции, како и други трансформации настанати под дејство на природата и космосот кои се одвивале илјадници и илјадници години. Се што треба да направите е да ја баталите Библијата малку и да земете да читнете некоја Енциклопедија, верувајте многу повеќе ќе ви користи ;).

И шо вика твојата енциклопедија за настанокот на чоекот, на слонот, на крокодилот, на кајсијата?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom