Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Хммм... Доколку постои единствено фило-дрво, само за себе, можеби твоите скепси ќе имаа некаква тежина, НО, овде станува збор за филогенетското дрво на видовите.

Тоа што ти викаш „6 нозе, 3 очи и пар крила“ е потполно идентично со генетската структура на видовите. За поедноставно, за оние кои не можат да не' следат:

Живиот свет на планетата земја опишува едно дрво.

Во тоа дрво ПОСТОИ АПСОЛУТНО ПОКЛОПУВАЊЕ на физичките со генетските карактеристики на секој вид одделно. Оттаму, твојата „забелешка“ дека филогенетското дрво се однесува исклучиво на анатомските карактеристики на видот едноставно не е точна.

Доколку направиш макета од дрвото на видовите (според анатомијата), а потоа направиш генетско дрво на видовите, ОВИЕ ДВЕ ДРВА ЌЕ БИДАТ АПСОЛУТНО ИДЕНТИЧНИ.

Ова, Мики, кажува дека било која РЕСИСТЕМАТИЗАЦИЈА на анатомското дрво, ќе повлече ресистематизација во геномот. А, ќе мора да се согласиш дека ресистематизација на геномот е чиста глупост.

Лонг стори шорт: (1) Анатомското дрво е идентично со Генетското дрво на животот. (2) ТЕ има и тоа каква врска со развојот на генетиката - без механизмите кои ги предлага еволуцијата, генетиката е бесмислена.

Чекај стоп малку.
Ќе навлеземе во дискусија(за која во моментов ќе немам време да подприсоберам некои факти, бидејќи не ми е се у глава) каде ќе дојдеме до моментот дали мутациите кои се случуваат секојдневно допринесуваат за промена во геномот да тој допринесе да биде окарактеризиран како нов вид.

Додека бев на времето повеќе инволвиран во овие работи мислам дека цифрата беше исто фрапантна кај видовите од класа цицачи, да се случи ваквото пореметување на геномот.

Ј аимам следнава ситуација:

Филогенетско дрво (анатомско, генетско се заедно) поставено од позиција каква што сега ја имаме и сознанија какви што денес ги имаме.

Секој новооткриен животен облик во моментов, внимавај ОБЛИК, е многу лесно да го систематизираш некаде во постоечките видови или да му додадеш нов NODE во дрвото.

Дали ќе погрешиш или не, небитно. Дали ќе има нов вид на многуте досега небитно за никого.

Ги споменувам инскетите како најмногу бројни на планетава.
До пред низа години (десетици е рангот веројатно) ако не се лажам (треба да проверам нели, затоа и велам немам многу време за вакви подетални дискусии) пајаците се дистинцирано од инсектите, што укажуваше на тоа дека не само видот, туку и погорните скалила, ред, род , фамилија итн... се подложни на промени.

Досега не е откриен вид, иако времет е многу кратко стотина години, кој не може да биде систематизиран во филогенетскот дрво.
Сосема нормално оти секојпат се обидуваме да поставиме нов вид, или да го вметнеме во веќепостоечкиот.

Јас би запрашал според тебе колку генерации се потребни за еволуција на хомосапиенсот од неговиот предок кој не знаеме кој е (или знаеме?), во согласност со експериментите со бактерии?

И тоа ќе земеме иста веројатност, дека мутацијата кај една генерација бактерии, е еднаква на мутацијата кај една генерација хомоспаиенс што исто така е неприфатливо?

Она што јас го знам е дека за една бактерија која има живот 15 минути во лабораториски услови, за да дојде до промена на видот потребни се некаде околу 500 000 до 600 000 генерации.

Тоа значи дека има 4 генерации на час, тоа пак значи дека има 96 генерации во текот на денот, или 35040 генерации годишно. Значи потребни се 15 ина години и повеќе да дојде до формирање на нов вид.

Ај сега ова генерализирано за хомосапиенсот, иако е невозможно да важат истите услови за хомосапиенсот и за бактеријата.
Една генерација 80години старост. 500 000 генерации се 40 000 000 (40 милиони години).

ФРАПАНТНА БРОЈКА НЕЛИ???? Не имало заедно со Тираносаурусот. Не бива работава.
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 14:18 ---
И навивачите на оној тимот како се викаше сигурно биле фрапирани нели?:) Веќе кажав дека не шпекулирам за веројатностите, туку само за фактите.
Генетиката ја потврдува еволуцијата на човекот и неговата поврзаност со останатите примати.

Така е биле навивачите фрапирани ама виделе со свои очи и се увериле дек анекојпат и чуда се случуваат.


Токму така Ипси како во болдот. АПОСЛУТНО ТОЧНО со мала корекција.

Генетиката ја потврдува еволуцијата на човекот и неговата СЛИЧНОСТ со останатите примати.

Каде во погорниов болд гледаш дека го докажува нивното потекло?

Спорно е потеклото на видовите, не е спорна нивната систематизација откако веќе ги имаме на дланка сите.

Ако ти дадам 500 сликички да ги залепиш у албум соодветно, ќе го сториш тоа. И ќе си ги систематизираш кој з акоја репрезентација игра според дресовите. Ама како сум дошол до сликичките нема да те засега.

Тоа е генетиката, не ј аинтересира потеклото и зашто е човекот тука, туку да се подобри квалитетот на животот.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
За мене лично, уопште не е битно дали ме научиле погрешно или сум се збунил, оти ТЕ за мене е само, како велиме во Црквата, обично празнословие или „..мудрување телесно....„

Да, ТЕ не поаѓа од „ова„ од проста причина: секогаш, кога некоја теорија, т.е. теоретичари ќе се најдат „во небрано„ и ќе се судрат со реален проблем, за кој нема ниту рационален одговор а камо ли реален доказ/поткрепа, тие теоретичари се впуштаат во автокорективен процес, кој редовно завршува со промена на нивното првобитно становиште. Така, човекот, нели, не настанал од мајмун...А, од што? Од камења?
Човекот и човеколиките мајмуни (шимпанзо, бонобо, орангутан, горила) имаат заеднички предок. Ниту човекот настанал од мајмун, ниту мајмуните настанале од човек. Ова го знаеш. Време е да почнеш и да го комуницираш.

Знам дека си љубител на сликици + не беше тука деновиве, па може ти се лизнала оваа слика:



Како тоа Јахве ги направил човеколиките мајмуни баш по подобието Адамово? Немал боља идеја?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Од кај си толку сигурен? Можеби ни далечна иднина нема да покаже.
Епа ќе покаже или дека е грешка или дека е вистина. Засега, се што е истражувано е на страната на второво.
И додека ние дискутираме, се спремаат мисии за подлабоко да ѕирнеме во вселената, или да ѕирнеме поназад во времето, многу назад, скоро 13 билиони години назад во времето. :)

Што може да докажат тие набљудувања... размисли. :)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Човекот и човеколиките мајмуни (шимпанзо, бонобо, орангутан, горила) имаат заеднички предок. Ниту човекот настанал од мајмун, ниту мајмуните настанале од човек. Ова го знаеш. Време е да почнеш и да го комуницираш.

Знам дека си љубител на сликици + не беше тука деновиве, па може ти се лизнала оваа слика:



Како тоа Јахве ги направил човеколиките мајмуни баш по подобието Адамово? Немал боља идеја?

Колку време е потребно од заедничкиот предок да се добие човек?
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Човекот не настанал туку така туку просто кажано дошле вонземјани и го создале модерниот човек. Реално гледано тие се нашите „Богови“, но кој ги создал нив е друго прашање. Можеби енергијата можеби некоја интелигентна сила.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Чекај стоп малку.
Гледам ја каде оди муабетов.

Ај те молам само на момент заборави го homo sapiens sapiens. Замисли дека на Земјата е се' исто освен што НЕ ПОСТОИ ЧОВЕКОТ!

Ако го замисли ова, тогаш одговори ми само на следново прашање:

Кои се твоите забелешки на валидноста на Теоријата на Еволуција?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Човекот не настанал туку така туку просто кажано дошле вонземјани и го создале модерниот човек. Реално гледано тие се нашите „Богови“, но кој ги создал нив е друго прашање. Можеби енергијата можеби некоја интелигентна сила.
Адам и Ева се последните вонземјани кои паднале тука на земјава :vozbud:
--- надополнето: 9 јануари 2012 во 14:26 ---
Гледам ја каде оди муабетов.

Ај те молам само на момент заборави го homo sapiens sapiens. Замисли дека на Земјата е се' исто освен што НЕ ПОСТОИ ЧОВЕКОТ!

Ако го замисли ова, тогаш одговори ми само на следново прашање:

Кои се твоите забелешки на валидноста на Теоријата на Еволуција?
Истите, нека биде шимпанзото, слонот или кој сакаш цицач.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Хех...Бегањето од дискусијата за фаличноста на ТЕ, не значи и тоа дека ТЕ е супериорна на Божјото создавање и на начинот на кој Светите Оци го толкуваат Постанокот, кој не е ниту алтернатива на ТЕ, туку едноставна вистина-вистина сама по себе, која се прифаќа преку личната вера и преку туѓите искуства, а не со просто и механично прифаѓање на туѓи тврдења, кои ни оддалеку не можат да се поткрепат нити си некој најбеден и најизолиран и „најоптимистички„ лабораториски експеримент.
ТЕ не се занимава со никаков настанок. Смени плоча Мики, пошто глупо звучиш. Сите ти повторија катаљон пати. Време е да се корегираш.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Епа ќе покаже или дека е грешка или дека е вистина. Засега, се што е истражувано е на страната на второво.
И додека ние дискутираме, се спремаат мисии за подлабоко да ѕирнеме во вселената, или да ѕирнеме поназад во времето, многу назад, скоро 13 билиони години назад во времето. :)

Што може да докажат тие набљудувања... размисли. :)
Јас размислив.... знаеш што заклучив? Дека знам дека ништо не знам. И уште нешто заклучив.... Дека ни јас ни ти ни никој жив на планетава благе везе нема што ќе докажат, освен allmighty ако не е измешан во луѓево.....
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Јас размислив.... знаеш што заклучив? Дека знам дека ништо не знам. И уште нешто заклучив.... Дека ни јас ни ти ни никој жив на планетава благе везе нема што ќе докажат, освен allmighty ако не е измешан во луѓево.....
Дали ми с епричинува или повторно го задеваш Almighty THOR:cool:

Пак напразно го повикуваш, ќе бидеш казнет пак со кригла пиво.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Убо велиш: кој „еволурал„ (ај да речеме дека еволурал...) но од ВЕЌЕ ПОСТОЕЧКИ видови. Е ова е битното: значи, „еволираните„ бактерии, не настанале „онака„ и „инстантно„, туку и претходно (пред налјонот...) си битисувале.

И сега, дека е овде еволуцијата? Ако некој постоен бактериски сој, доживеал насилна промена во генестката структура и запис, значи дека сега имаме некој нов бактериски сој? И таа генетсктаа промена, во кој обем е изведена? Делумно, радикално, во мал или голем процент? И во што е битната разлика на од претходните и новодобиените бактерии? Можал ли тие да оставан своја реплика како идна геенрација?

Генетичарот Ли Шпетнер (или така некако...) вели дека 99% од мутациите се дегенерички и значат неповратно губење на записот во геномот....
Абе, Мики, Мики, години пројдоа, ти ТЕ не ја разбра...

Создавањето нов вид не значи уништување на стариот вид. Значи само дека одредени единки од постоечкиот вид се толку видоизменети што повеќе не можат да се парат со другите единки од тој вид освен со своите сродни (кои исто толку се измениле). Последниве го создаваат нивиот вид кој постои паралелно со „стариот“ вид.

Штета што не гледаш клипчиња пошто ова е толку лесно за разбирање ко ќе ти го нацрта некој... само треба да сакаш да разбереш, а ти не сакаш. Тоа е проблемот.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Дали ми с епричинува или повторно го задеваш Almighty THOR:cool:

Пак напразно го повикуваш, ќе бидеш казнет пак со кригла пиво.
Тор, Зевс, Перун, Маниту, Шива, Јахве...... Кој и да е долга е листата на семоќни.... 5000 and counting.....
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Тор, Зевс, Перун, Маниту, Шива, Јахве...... Кој и да е долга е листата на семоќни.... 5000 and counting.....
Не загазувај се повеќе во гревови. Едене е семоќен. Другите се лажна копија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom