F
fantomX
Гостин
Како велеше Марфи, ако нешто можи да стани на полошо од то шо е, ќе стани.
Да сме здрави и живи, ко шо се играчите на Челзи.
Да сме здрави и живи, ко шо се играчите на Челзи.
Нема да помине без ова..Не напраиле магариња глеам, а не ја глеав утакмицата .. Немам добар нет .. Како и да е ... начукајте се вечер!
Nadaj se kure na pijano pi4e...Нема да помине без ова..
Ја незнам каде има кривица Луиз тука ?Не е виновен Боас за резултатов,играчите се тие што се искиксаа-Луиз и Лампард највеќе.. Ја погоди замената Стариџ-Торесс,добро изигра Торес и тоа што не даде гол беше чиста среќа (пречка од 30тина метри) за Астон Вила.. Истотака и Босингва само што влезе (замена за Фереира) имаше добар удар под пречка одма откако влезе.. И овие Астон Вила почнаа да не дупат редовно секоја сезона (лани 3-3 ни израмнија во 96та),а воопшто не заслужија да победат зашто 80% од натпреварот се бранеа и играа со 10 во одбрана..
Пишав и порано Давид Луиз во Бенфика играше повеќе како десен или лев бек,многу малку како централен во одбрана.. Подобро ке биде да игра во средина заедно со Ромеу и Рамирес,а како централни да играат Тери и Иванович/Кејхил затоа што не е стабилен за таа позиција и така ке може повеќе да оди напред и да креира напади..
Чех има пад на форма да , тоа е вистина , али кога не спаси минатите утакмици од гомна тогај арен беше..а сеа е тапа.Ја незнам каде има кривица Луиз тука ?
Повеке би го обвинил Чех него Луиз, легнува пред време и нормално ке ни даваат голови како сакаат, кога имаме 0 од голман.
Чех има веке неколку години пад на форма,тс откога се повреди, ништо не покажува.Чех има пад на форма да , тоа е вистина , али кога не спаси минатите утакмици од гомна тогај арен беше..а сеа е тапа.
Еве и јас да ви кажам како го засакав Челзи , во детството не се секавам со која утакмица ги гледав Челзи , и Лампард најмногу ми се свиѓаше и поради него почнав да навивам за Челзи , другиот ден со татко ми за рака и одма одиме у продавница за дрес , и зимам јас од Лампард и ол деј ол најт со дресот , и почнаа дедо ми / неговите другари ( бог да ги прости некои од нив) да ме викаат Лампард , некои што се сеуште живи сеуште кога ке ме видат ми викаат Лампард а јас се нервирам поради тоа , но што тоа им останало во умот од кога бев малечокСамо што го изгледав Chelsea Blue Revolution...ах на што се ме потсети...
Се сеќавам летото 2004, јас копиљ и тато ми носи флипер. Тоа у драчево кај баба ми, и нормално цела улица кај мене. Секое утро јас уште неразбуден они кај мене. Флиперот беше со плави и црвени играчи (челзи вс манчестер ) . И кога да дадат гол плавите, се споредуваат со Лампард, Даф, Гудјонсен, Дрогба, челзи цареви итн.
И така тоа цело лето, и кога после некое време гледам реклама на А1 (Бог да ја прости) најава Челзи vs Mанчестер Јунајтед! Во истата секунда зимам лифче и пенкало и си запишуем дека во недела во 17 мора да гледам! Едвај дочекав и што да видам?! Лампард, дрогба, даф. чех и компанија против манчестер.
Утакмицата ја памтам ко вчера да била. Гудјонсен даде гол, Лампард и Мурињо веднаш ги засакав, иако после неколку натпревари цел тим ми стана подеднакво драг.
Не пропуштав утакмица од тогаш. Денот кога играше Челзи беше празник. Ради мене цела фамилија почна да навива за челзи! Мајка ми, татко ми, и посебно дедо ми (Бог да го прости кој претходно не изгледал утакмица) и БАБА МИ! Мене Лампард омилен, а дедо ми Дрогба и се каравме кој е појак, а на баба ми идол и беше МУРИЊО! Па каква харизма имаше човекот тоа е невозможно. Верувам дека на секој фан на челзи му фали Мурињо.
Колку ми фалат овие времиња Чех, есиен, даф, џо кол, карваљо, дрогба, гудјонсен, робен, даф, лампард, во пакет со мурињо. Ми фали оваа екипа. И тие што останаа не се истите веќе.Би сакал да се вратат овие времиња назад. Но знам дека неможе, така да моменталната состојба на челзи да се реши, и тимот повторно ќе го гледаме на старите патеки. Верувам во тоа.
П.С Знам дека забегав, али си кажав што сакав