Океј, значи по 500ти пат. Оди во Англија и кажи му на некој црнец вака и после пиши ни ја адресата да ти праќаме колачиња во затвор.
Ти ако би играл фудбал во Саудиска Арабија би го соблекол дресот кога би прославувал гол?
Секоја држава си има свои правила и регулативи, аман, не значи дека ако тука кај нас во секојдневен живот народов меѓусебно се дофрла со секакви зборови, во другите држави тоа е дозволено. И џабе „плачете“, мислам дека и Обама да беше белец и од него ќе побаравте стручно мислење за случајов.
Oкеј сето тоа, дури и јас одамна се изјаснив дека законите во Англија се строги по ова прашање. Меѓутоа, муабетов на Перица ме потсети на некои работи и ме поттикна да видам каде грешам. Значи, вака размислувам околу случката со расизмот меѓу Еврејов и Суарез..
Законите во Енглеска се стриктни: за расизам се води постапка, и според постапката ќе се одлучи за казна.
Меѓутоа, навредата на расна основа била направена на фудбалски терен, меѓу двајца играчи, ниту јавно ниту некој друг од нив двајца чул или видел што се случило.
Е сега... мене ме занима... знам дека во секоја земја постои закон за физички напад, односно, доколку некое лице изврши физички напад врз друго лице ќе одговара, и ќе се води постапка. И според „тоа и тоа“ ќе има и соодветна казна (if any). Меѓутоа, што би се случило доколку во Енглеска Суарез му врзеше шамар на Евра? Дали Суарез би идел во затвор? Дали Бојер и Даер заминаа во затвор?
Не прашувам за да постигнам поента, туку стварно прашувам... дали игерата треба да се одвои од јавните начела, и дали воопшто расна процедура може да се поведе доколку навредата не е јавна?
И зошто кога законите се толку строги за расизам, Суарез не беше процедуиран од надлежните законски органи од Енглеска? И зошто ФА го презеде случајот, кога ФА нема закони како UK.
И дали е исто ако во туѓа земја навредиш граѓанин на таа земја или странец?
И што ако двајцата се странци?
И сл...