Скијање Зима 2011/12

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување

Оваа зима на скијање:

  • Бугарија

    Гласови: 34 40,0%
  • Македонија (на некои од нашиве ски центри)

    Гласови: 34 40,0%
  • На подалечно место, ќе наведам на кое

    Гласови: 4 4,7%
  • Оваа зима не одам на скијање (финансиска криза)

    Гласови: 3 3,5%
  • Србија

    Гласови: 2 2,4%
  • Не одам на скијање, ќе одмарам оваа зима

    Гласови: 8 9,4%

  • Вкупно гласачи
    85
:cuc: Ме радва ова...да живни темата! И да ни се множи снегот(еден преѓеска ми рече `во дворо да си го носиш`! Само напред, давајте информации!
Ајде Б`лгари јунаци мои...кажете дума од таму како се состојбите, за да не испадне после она сичко има тешко се намира :)
 
Снежна покривка од речиси еден метар на Кожуф

Снежна покривка од 84 сантиметри е формирана на падините на Кожуф од последните внежи на снег во изминатите неколку денови.
На Маврово е формирана снежна покривка од 48 сантиметри, во Крушево од 33, Лазарополе 32, додека на Попова Шапка има наврнато 30 сантиметри снег.
Снегот на повисоките места ќе продолжи да вее и денеска. Исто така во државава не’ очекува претежно облачно, студено и ветровито време со слаб локален снег. Попладне облачноста ќе се намалува и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи од -1 до 4 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавува сончево и студено време, особено во утринските часови. Во недела и понеделник ќе има локален слаб снег, а потоа ќе настапи постепено стабилизирање на времето.
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=96491&kategorija=1
 
Во весник пишеше дека Маврово се отвара од утре додека Кожув после нова година од 2 Јануари...
 
Па ако има на Кожув снег зошто уште сега не го отворат?
Или чекаат 3 метра да падне.
 
Да каже некој повеќе информации за Крушево?

Јас бев во 2007 година, и повеќе не идам. Стазата за нигде со дупки, гужва имаше многу знам тогаш. Ноќен живот НЕМА. Повеќе има кучиња отколку луѓе во градот. Мене не ми се допадна градот. Освен Куќата на Тоше и тоа музејот не вреди ништо таму.
 
:cuc: Ме радва ова...да живни темата! И да ни се множи снегот(еден преѓеска ми рече `во дворо да си го носиш`! Само напред, давајте информации!
Ајде Б`лгари јунаци мои...кажете дума од таму како се состојбите, за да не испадне после она сичко има тешко се намира :)
Прашаj каквото те интересира...
Во моментот има около 100 см снег на Банско, лифтовите работат, чекат турсти. :)
Информации овде
http://www.banskoski.com
 
Прашаj каквото те интересира...
Во моментот има около 100 см снег на Банско, лифтовите работат, чекат турсти. :)
Информации овде
http://www.banskoski.com
Супер штом заврна толку снег...минатата година средината на јануари беше малку незгодно, се скијавме на вештачки снег ама барем скијавме! Друго е кога ќе заврне убаво!
Одам таму за две недели.
 
Супер штом заврна толку снег...минатата година средината на јануари беше малку незгодно, се скијавме на вештачки снег ама барем скијавме! Друго е кога ќе заврне убаво!
Одам таму за две недели.
Побрзаj заштото таа година не се знае дали пак нема да се кара на вештачки снег понатамо во jaнуари и февруари.
 
Како почетник без разлика дали се работи за скии или даска, што ми треба за да почнам да учам да скијам/бордам?
 
Како почетник без разлика дали се работи за скии или даска, што ми треба за да почнам да учам да скијам/бордам?

Желба, изнајмени скии од 300-400 денари и некој да ти ги покаже основите. Скијање е радост другар,само тоа не заборавај,зошто додека не ги научиш основите малку е заморно

Инаку јас денеска отворив сезона! Шапка беше топ спремена! Еден збор:Церипашина! Отворена беше топ спремена, како мали деца бевме со другарите!
 
Како почетник без разлика дали се работи за скии или даска, што ми треба за да почнам да учам да скијам/бордам?

Најбитно некој што добро знае да ти ги покаже основите на скијањето, за кога ќе почнеш асално да се пушташ да не изгледаш како дивјак од страна. :D
 
Желба се има затоа и прашувам, што со скафандери, кондури итн итн..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom