Скијање Зима 2011/12

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување

Оваа зима на скијање:

  • Бугарија

    Гласови: 34 40,0%
  • Македонија (на некои од нашиве ски центри)

    Гласови: 34 40,0%
  • На подалечно место, ќе наведам на кое

    Гласови: 4 4,7%
  • Оваа зима не одам на скијање (финансиска криза)

    Гласови: 3 3,5%
  • Србија

    Гласови: 2 2,4%
  • Не одам на скијање, ќе одмарам оваа зима

    Гласови: 8 9,4%

  • Вкупно гласачи
    85
Не е само патот... кожув е многу дива и непредвидлива планина, така да скијањето таму во декември и јануари се сведува на мрзнење и трошење на време во виулици. Такво скијање, не фала.

Па добро, за Скопје шапка е бр 1... маврово е подалечку. Ама ако треба да бирам маврово или кожув, мојот глас оди за маврово. Далеку повеќе терени има, споредено со кожув, барем засега.
Има уште многу работа на Кожуф, ама ако се истера до крај има да го биде, и тоа како само(пристрасен сум ЈБГ), викенди натаму ако најдам превоз :D
 
Има уште многу работа на Кожуф, ама ако се истера до крај има да го биде, и тоа како само(пристрасен сум ЈБГ), викенди натаму ако најдам превоз :D
Дајбоже да го биде... нема да даваме пари кај Грците, туку тие ќе даваат кај нас.
 
Еве понекоја слика од Бигла над Лерин лани...
30012011128.jpg


30012011126b.jpg

Двоседот од с.Писодер(17 мин. возење- 2,5км стаза)

30012011127.jpg


На врвот Бела Вода, 2000мнв.
 
Има некој што бил на Копаоник?
-Да каже како е таму, какви се цените, смештајот, стазите.....
 
Не е само патот... кожув е многу дива и непредвидлива планина, така да скијањето таму во декември и јануари се сведува на мрзнење и трошење на време во виулици. Такво скијање, не фала.

BANG! Конечно некој да прозбори за овој проблем. Тоа е и ќе биде рак рана за кожуф. Минатата година планираните пари за Банско,се решив да ги потрошам на Кожуф и искрено зажалив. Сместувањето е поскапо од било каде во Бугарија и патот е тежок за возење. Но сето тоа може да се заборави ако има топ скијање. Верувајте јас за една недела таму,3ипол дена дали скијав. Се случуваше прст пред око да не сее гледа и навистина е страшно зошто црната стаза е стварно стрмна а не гледаш каде одиш. Јас бев во Јануари некаде 14ти до 21-22ри и ветер шибаше од сите страни. Инаку инфраструктурата е топ се е ново и пиц-пец,нема застој брзи се лифтовите и жичарата. Толку да се вложуваше на Шапка,ке и немаше рамен на Балканот.

Оваа година најверојатно ќе одам на Пампорово или во Банско,зависи од финансиите. последниве години почнаа многу со вода да ги прскаат стазите на Банско и имам многу другари што се вратија со скршеници.

За викенди не ми бега Маврово и се надевам дека тенденцијата на поефтинување ке продолжи. Предминатата година беше 1300:eek: лани беше 1100. се надевам дека ќе поефтинат пак. Нажалост на Шапка не ја пуштаа Церипашина одамна и целиот центар е запустен,па мора во Маврово да бараме пар добри спуштања по едноседот:vozbud:
 
Јас сум почетник на борд и оваа година се надевам дека Џиш ќе ме земе во Грција :icon_lol:
Иначе Попова Шапка не бега за викенди.

Повеќе би ти препорачал да одиш на Кожуф или Маврово ако си почетник, на Шапка ќе поминеш доста време во пешки : )))))
--- надополнето: Oct 19, 2011 4:47 PM ---
Дај боже да е така! И јас прочитав за патот...

Ама мислам дека сепак Шапка уште долго ќе биде бр.1, ако ништо друго, географската локација си го прави своето.

Уште една работа, доколку бил некој минатите година две на Копаоник, да пренесе впечатоци, дали е таму нешто мрднато?

Шапка е најочаен ски центар во Македонија, освен за нас од Скопје што ни е блиску ништо подобро не нуди од другите центри.
 
Повеќе би ти препорачал да одиш на Кожуф или Маврово ако си почетник, на Шапка ќе поминеш доста време во пешки : )))))
--- надополнето: Oct 19, 2011 4:47 PM ---

Шапка е најочаен ски центар во Македонија, освен за нас од Скопје што ни е блиску ништо подобро не нуди од другите центри.

Уф Маврово само што ја гледам стазата веднаш се откажувам од помислата да се пуштам :icon_lol:
Копаоник не сум била, ако се стрмни стазите барем ноќен живот дали имаат знае ли некој?
 
Банско,редовно. Дефинитивно најдобро на Балканот,почнувајки од стазите па се до ноќниот живот :)
Колку сакаш стази,од стази за почетници до стази за професионалци.
И да нема снег на скоро секоја стаза имат топови и прават вештачки..
Е сега само проблемот е во цените на смештај,ски карти и ски опрема за тие што немат :)
 
BANG! Конечно некој да прозбори за овој проблем. Тоа е и ќе биде рак рана за кожуф. Минатата година планираните пари за Банско,се решив да ги потрошам на Кожуф и искрено зажалив. Сместувањето е поскапо од било каде во Бугарија и патот е тежок за возење. Но сето тоа може да се заборави ако има топ скијање. Верувајте јас за една недела таму,3ипол дена дали скијав. Се случуваше прст пред око да не сее гледа и навистина е страшно зошто црната стаза е стварно стрмна а не гледаш каде одиш. Јас бев во Јануари некаде 14ти до 21-22ри и ветер шибаше од сите страни. Инаку инфраструктурата е топ се е ново и пиц-пец,нема застој брзи се лифтовите и жичарата. Толку да се вложуваше на Шапка,ке и немаше рамен на Балканот.
Уште еден мој истомисленик, кој што осетил што значи планина на своја кожа :) И ај кажи, би одел уште еднаш таму?
 
Уф Маврово само што ја гледам стазата веднаш се откажувам од помислата да се пуштам :icon_lol:
Копаоник не сум била, ако се стрмни стазите барем ноќен живот дали имаат знае ли некој?

Јас мислам дека на Водно најдобро ќе ти биде хехе (се шалам се разбира, да не сватиш погрешно). Зашто толку лесно се откажуваш? Мора од некаде да се почне. Јас искрено да ти кажам и не ги познавам многу стазите низ Балканов така да и неможам да ти препорачам на некое место, но можам да ти препорачам да одиш на некое нестрмно место (ако можат другите форумџии нека ти препорачаат полесно место за скијање). И како почетник на некоја лесна стаза можеш лека-полека да се научиш. Нема неможам. Све се може. Само да имаш добра воља.
 
Уф Маврово само што ја гледам стазата веднаш се откажувам од помислата да се пуштам :icon_lol:
Ниже Поле за тебе само... ама има еден проблем, на ски лифт (шо те тегни нагоре такви има на Шапка два, шо носат до аеродром) тешко со даската... многу паѓаат барем овде кај нас.

Инаку и грција можиш, не е до толку стрмно.
 
Повеќе би ти препорачал да одиш на Кожуф или Маврово ако си почетник, на Шапка ќе поминеш доста време во пешки : )))))
--- надополнето: Oct 19, 2011 4:47 PM ---

Шапка е најочаен ски центар во Македонија, освен за нас од Скопје што ни е блиску ништо подобро не нуди од другите центри.

Ок, јас сакам `терсене` стази...
Знам Шапка во каква состојба е но сепак Шапка ги има `најскиорските` стази , кажано по `старски` (сепак сум Битолчанец :)) и тоа ме рани.
Маврово е супер, одам со цел ќеф, ама е и tres legere.
 
Ниже Поле за тебе само... ама има еден проблем, на ски лифт (шо те тегни нагоре такви има на Шапка два, шо носат до аеродром) тешко со даската... многу паѓаат барем овде кај нас.

Инаку и грција можиш, не е до толку стрмно.

Ќе идеме годинава почесто на скијање дефинитивно.
Не се откажувам во принцип од ништо, али незнам зошто Маврово го доживувам како место каде лесно може да ме префрлат во инвалидска количка :icon_lol:
 
Ќе идеме годинава почесто на скијање дефинитивно.
Не се откажувам во принцип од ништо, али незнам зошто Маврово го доживувам како место каде лесно може да ме префрлат во инвалидска количка :icon_lol:

Ок, јас сакам `терсене` стази...
Знам Шапка во каква состојба е но сепак Шапка ги има `најскиорските` стази , кажано по `старски` (сепак сум Битолчанец :)) и тоа ме рани.
Маврово е супер, одам со цел ќеф, ама е и tres legere.

Хахахах тоа зависи по која стаза ќе се пушташ. На пример ски лифтот Жути на Маврово е перфекција за почетници, кратка блага стаза за учење со многу простор.
Лани кога бев на Шапка се качивме да се пуштаме по Церепашина, а имаше еден куп магла, не се гледаше на 2 метри пред тебе, али нормално нив кур ги боли, пуштена жичарата, не означен патеката, не поминат ратрак, камења штрчат по сите страни и едно девојче што не одмина после пуштањето завршила во болница зошто летнала на некои карпи. Јас го утнав малце патот и ќе продолжев во едни други карпи али среќа ми викнаа одозгоре луѓе што случајно ме видоа па додека се качував нагоре пешки да се вратам на патеката го видов и спасувачкиот тим што го имаа пуштено по девојчето, 4ца скијачи од кои 3ца паднаа пред мене. Требало со хеликоптер да ја земат али ради временските услови (густата магла) не можеле па пуштија комбе брза помош без доктор, само со возач!
Една година пред тоа кога бев на Шапка пред да купам карта ги прашав дали ќе работи Церепашина зошто 800 денари не ми се даваат за Аеродром и Гето (чекаш 30 минути да се качиш а се пушташ за 3 мин и згора на тоа ратрак немаше поминато дента на стазите) ми рекоа дека сега кај и да е ќе дојде човекот да ја пушти. И супер купуваме карти се возиме малце на Гето после саат време гледам уште не ја пуштаат Церепашина а времето беше перверзии, снег еден куп и + ни потврдија од претходно дека ќе работи. Го прашувам истиот за до кај е човекот што работи на Церепашина и мртов ладен се врти и ми вика „Ааа слава му било, денес не доаѓа на работа нема да ја пуштаме Церепашина“.
Така да Шапка со овој начин на работа и сериозност никогаш нема да биде прав ски центар.
Возам даска од пред 10 години, во меѓу време имам возено и скии и сакам кога ќе отидам да скијам стварно да скијам, дали поминувам пола саат во одмор и до сега најдобро скијање ми има пружено Маврово, Кожуф и Банско (пред 10 години уште кога не беше ко сега), додека на Шапка сум ги имал најлошите искуства.
Проблем со Маврово најчесто е снегот, има најмалце од сите други места кај нас ама нешто последниве 2 години им текна дека тие топовите за снег не им се само за украс.
На Кожуф проблемот е патот и ако задува таму дува премногу јако, или е перфекција времето или е ужас нема измеѓу ама кога е добро времето стварно се скија. Жичарата е ептен брза и е 6то сед така да нема чекање редови и за 5 минути си горе, има убави шумички за скијање паудер и пред 2-3 години имаше и Сноу Парк.
Кога ќе се стави на кантар цената на трите ски центри ниеден не вреди. За Шапка не би дал повеќе од 400 денари целодневна, Маврово 600 исто и Кожуф. Секоја година се надевам дека нешто ќе подобрат али
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom