сигурно не ни знаат што значат тие три прста што ги кренал оној, ама интересно им е, го виделе негде! :/Maли Комити ! : )
Колку ни е сигурна титулата?Изгледа не е се под конец во тимот...
Им било најавено на фудбалерите дека платите ќе им бидат намалени
Глупо е сега вака што мора да нагаѓаме што се случува во клубот.
Стигнуваат критики од сите страни за работата на управата и се бара носење на вистински луѓе кои ќе раководат на теренот, а не фудбалски лаици...
Е сега можеби не сме во право, ама кој би знаел кога управата е целосно затворена за давање информации...
Ниту еден ебан прес немаат одржано, страната постои колку да се каже...
Па маме му ебам на страната на ФК Работнички за 5-6 навивачи се прават интервјуа, стории, видеа дури и од утакмиците на младинците (за сениорите да не правиме ни муабет), а нашиве немаат ниту прес одржано...
Па зар информации за клубот треба да чекаме од дневните весници???
Не се работи така во денешно време....
Се наслушнува дека ниту еден од спонзорите несака да инвестира во Вардар...
Изгледа најавите за влегување на големите фирми нема да се оствари...
Можно ли е да види повторување на сезоната 2008/09?
Одличен почеток, замрсување на работите и на крај потоп?
.
Е вакви соопштенија треба да се даваат почесто во јавностаКолку ни е сигурна титулата?
Кои се плановите на клубот?
До каде е правењето на новите клупски простории?
Ревијата најавена за декември?
Некои прашања заслужуваат одговор
Ај да пробам ја да ти одговорам пошто и ја го чекам тој прес, а беше договорен и требаше да биде по освојување на есенската титула, ама изгледа се одложи заради Загреб.
- Не е точно дека платите ќе им бидат намалени на фудбалерите, барем од тој аспект не се грижи. Ќе бидат ревидирани договорите само со два играчи што или не го пружија тоа што треба за парите што ги добиваат или цела полусезона едвај два натпревари изигра, а неколку играчи од резервите што не се потребни ќе им биде дадена исписница. Моментално се работи на ангажирање на неколку засилувања каде се смета дека сме послаби. Ќе има засилување и во нападот, а најновите информации се дека Фичо ќе си продолжи во Вардар.
- Од друга страна, што се однесува на Буџетот, пари се обезбедени за оваа година а и најголем дел од спонзорите се обезбедени со тоа што тие го најавија своето учество во акцонерското друштво. Така да за делот на Буџетот ич да не се секирате, пари си има и се ќе си функционира нормално , со тоа што моментално се работи на Акционерското друштво затоа што по закон сите клубови треба да бидат АД најдоцна до 31.07.2012 година и тоа ни го одзема најголемиот дел од времето.
- Извини ама не знам кои ти се тие вистински луѓе што ќе раководат на теренот и кои се тие фудбалски лаици, кога резултатите од досегашното работење покажуваат дека можело да се биде успешен. За критиките што ги спомна ќе искоментирам дека или се од луѓето што сакаат да се вратат во Вардар или на некаков начин да имаат уддел во одлучувањето или работењето, кога веќе видоа дека клубот може да функционира на нормален начин или имаат одреден интерес од клубот. И да биде јасно, во клубот нема никакво влијание ниту Камчев ниту Петко, Станко или некој друг што се спомна освен Градот... се друго се глупости. Постојат причини што управата е затворена (повеќе би рекол внимателна) за давање на информации ама тие причини не се за тука ... не е ни време ни место.
За неколку работи си во право и тоа за страната на клубот и маркетингот за што тие што треба бараа од одговорните во клубот конечно да превземат за да се подобри. Клупските простории се готови, а и забрзано се.работи на ревијата.
Се е под конец............ освен неколку заебанции што не се а ќе бидат.
Брат си заборавил дека има од направено далавера уште кога беше прецедател или што беше мислам пред две год не ме фаќај за збор и сам си потпишал дека Вардар ќе користи опрема од Орка(Ли Нинг) до 2012 и нели коа дојдоа Макспорт како спонзори лани после неколку натпревари овој залижаниот искочи и бараше да се користат дресовите од Орка и извади договор кој е до 2012Е вакви соопштенија треба да се даваат почесто во јавноста
Низ годиниве се научивме дека кога има молк, нешто не штима и затоа луѓето почнуваат да нагаѓаат и да помислуваат на најлошото
Мило ми е ако Фичо ја заврши сезоната кај нас, и да остане со нас, бар и за Европските мечеви, пошто стварно не гледам адекватна замена за него во Македонија
Уште помило ми е ако Камчев не стои зад Вардар во моментов, само штипе очи тоа што баш во Орка се продаваат прозиводи со знакот на Вардар...
Сите со нетпрение очекуваме самиот клуб да отвори фан-шоп каде што парите од купените производи ќе одат во касата на клубот, а не во џебот на одредени фаци, како што е Камчев
Околу фудбалските лаици...
Да не се лажеме луѓето што се поставени на главните 3-4 позиции си немаат врска со фудбалот...
Но низ годиниве видовме дека и баш нема голем ќар од фудбалските стручњаци (пр. одисејата на Панчев како спортски директор), но сепак за договарање на играчи добро е на "терен" да се има некои малку постручни лица од екс кошаркари.
Без навреда, ама како клуб како Вардар после толку години заслужува да работи далеку далеку попрофесионално, особено кога има услови за тоа
Известувај не почесто, немора се да дознаваме од дбевниве весници
Губиме сто посто, они имаат дупло повеќе споделувања а со тоа и многу повеќе луѓе на кои им е понудено да гласаатЕеееј мртва трка еј
Од кај знаеш па ти како стојат работите на фејсбук?Или и ти ко нив си напраи неколку лажни профилиГубиме сто посто, они имаат дупло повеќе споделувања а со тоа и многу повеќе луѓе на кои им е понудено да гласаат
Нашиве само лајкаат без да споделат