Фан Клуб: Вардар

П

Паспарту

Гостин
Чаго од Динамо Загреб, можно засилување за Вардар

Камерунскиот интернационалец Матиас Чаго, дефанзивен играч за врска, кој оваа сезона е во втор план во тимот на Динамо Загреб, би можел да биде првото големо засилување за Вардар во зимскиот преоден рок. Тој е еден од играчите што раководството на „модрите“ би можело да ги испрати во Скопје како играчка помош за Вардар во пролетниот дел од сезоната.

Преговорите се се уште во почетна фаза, допрва ќе треба да се отпочне со поконкретни разговори, дури откако ќе пристигне информацијата од Загреб дали Камерунецот Чаго би се согласил да ја одигра пролетната полусезона во „црвено-црните“ редови како позајмен фудбалер. Се разбира, и финансиските услови ќе имаат важна улога, а Динамо Загреб во тој поглед е најмоќен клуб на Балканот, па годишните примања дури и на резервните фудбалери во тимот достигнуваат околу 100.000 евра.

Вардар во моментов сигурно не е подготвен да исплати таква сума, ниту приближно, дури е најавено и ревидирање на договорите за дел од фудбалерите од актуелниот погон, па останува со добри преговори да се добие Матиас Чаго на позајмица, а поголем дел од неговата плата и понатаму да ја подмирува Динамо Загреб. Токму затоа, реализацијата на овој евентуален трансфер е се уште многу далеку.

Матиас Чаго е дефанзивен играч за врска, но исто така може многу добро да одговори и на позициите во средниот ред кои се поблиску до противничкиот гол. Има големо искуство, од 2005 година е член на Динамо Загреб, а во последната сезона беше на позајмица во тимот на Истра. Има и еден настап за репрезентацијата на Камерун, на пријателски натпревар во 2009 година против Брегот на Слоновата Коска.


Ранѓеловиќ ги оперираше препоните
Предраг Ранѓеловиќ, одличниот играч за врска на Вардар, направи операција на препоните. Тој ќе мора да паузира одреден период, но, се очекува да биде подготвен за почеток на зимските подготовки.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=3854
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Тој Чаго е ѕвер,ќе биде класа засилување за Вардар.
Ќе беше пред некоја година. Сега скоро и да не игра во Динамо поради честите проблеми со повреди и не знам колку е паметно да се впуштаме во ризик со хронично повреден фудбалер.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Добар играч.Ѕвер во дефанзивата,а не е слаб ни кон напред.Еден од омилените играчи на навивачите на Динамо.Секогаш игра со срце,можеше многу поголема кариера да направи да не му беа повредите.Вo Истра лани беше одличен.Е сега зависи што ќе биде со неговото здравје.Ако е скроз спремен не се сомневам дека би бил право засилување.
Со Оса во средината нема ни мува да им пројде.А Ранѓеловиќ ќе се бутне понапред.
Иначе животот не му бил секогаш лесен.Го има измамено некој менаџер кога дошол во Хрватска.Го однел во некој второлигаш и го оставил на улица.Едно време стварно спиел на улица мислам.После тоа бил на проба во Динамо.Пред утакмица им се обратил на играчите во соблекувалната да му помогнат ако можат на пробата да пројде бидејќи е сиромашен,а има и фамилија да храни во Камерун.Од тогаш наваму е играч на Динамо.Првите сезона и пол-две одличен после тоа колку му дозволуваа повредите играше.
 

Clint Eastwood

I'm watching you!
Член од
13 декември 2009
Мислења
622
Поени од реакции
211
Ќе беше пред некоја година. Сега скоро и да не игра во Динамо поради честите проблеми со повреди и не знам колку е паметно да се впуштаме во ризик со хронично повреден фудбалер.
ke se vidi zdravstvenata sostojba i ako e ok zasto da ne potpise za vardar. so iskustvoto i odigranite utakmici za dinamo bi bil korisen kaj nas sigurno...inace mamic ne zema stranci tek taka u dinamo,taka da se nadevam deka bi bilo dobro za vardar ako e se ok so chago.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
^ Не туку ставај клипови, кажи на која трибина ќе бидеш ако дојде Динамо у април ? :icon_mrgr:
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
ke se vidi zdravstvenata sostojba i ako e ok zasto da ne potpise za vardar. so iskustvoto i odigranite utakmici za dinamo bi bil korisen kaj nas sigurno...inace mamic ne zema stranci tek taka u dinamo,taka da se nadevam deka bi bilo dobro za vardar ako e se ok so chago.
Мене ми е јасно дека е квалитетен играч штом стигнал до Динамо, ама човекот констатно си има проблеми со повредите веќе години наназад и модрите многу ретко го користат во битни утакмици за нив. Како и да е, вреди да се проба ако не кошта премногу, а мислам дека не е во ситуација да поставува којзнае какви услови.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
^ Не туку ставај клипови, кажи на која трибина ќе бидеш ако дојде Динамо у април ? :icon_mrgr:
Југ бе баце.....ќе си гледам фудбал :D
Динамо доаѓа у Скопје,не сакам да пропуштам многу пеејќи и гушејќи се од бакљи...................
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.051
Изгледа не е се под конец во тимот...
Им било најавено на фудбалерите дека платите ќе им бидат намалени o_O
Глупо е сега вака што мора да нагаѓаме што се случува во клубот.
Стигнуваат критики од сите страни за работата на управата и се бара носење на вистински луѓе кои ќе раководат на теренот, а не фудбалски лаици...
Е сега можеби не сме во право, ама кој би знаел кога управата е целосно затворена за давање информации...
Ниту еден ебан прес немаат одржано, страната постои колку да се каже...
Па маме му ебам на страната на ФК Работнички за 5-6 навивачи се прават интервјуа, стории, видеа дури и од утакмиците на младинците (за сениорите да не правиме ни муабет), а нашиве немаат ниту прес одржано...
Па зар информации за клубот треба да чекаме од дневните весници???
Не се работи така во денешно време....
Се наслушнува дека ниту еден од спонзорите несака да инвестира во Вардар...
Изгледа најавите за влегување на големите фирми нема да се оствари...
Можно ли е да види повторување на сезоната 2008/09?
Одличен почеток, замрсување на работите и на крај потоп?
Колку ни е сигурна титулата?
Кои се плановите на клубот?
До каде е правењето на новите клупски простории?
Ревијата најавена за декември?
Некои прашања заслужуваат одговор.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
10.235
За жал така стојат работите во нашава лига, преку ноќ можеш со неколку спонзори да направиш шампионски тим за нашава лига , а исто така сите планови да пропаднат, факт е дека на многу полиња сме заостанати дури и од тимови кои немаат ни 50 фанови, а да не збориме за еден бренд како што е Вардар. Искрено се надевам дека нема да се повтори онаа сезона ....
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.946
Поени од реакции
15.086
Лошо е ова. Нема никаква најава за влегување на некаков спонзор, Никој не ни знае што се случува внатре во клубот. Како намерно да кријат пошто вестите се лоши. Со буџетот кој ни го одобри град Скопје на почеток ( мислам околу 250 000 евра ) се знаеше дека нема шанси да издржиме до крај ама се надевав дека ќе најдат спонзор.
Лошо многу лошо. Подобро нека не носат нови играчи ама нека не продаваат. Ако се почне со продажба на играчи отидовме...
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.722
Поени од реакции
3.095
Lugje daj be pocekajte malce be, AMAN!!! Jadevte burek i za transferive pa na kraj iskoci vo pravo upravata, ostajte gi da rabotat toa e sea nemozee da deluvame nikako, 3meseci ima do pocetok ,sea e period na pauza posle bozik ke iskoci se na videlina
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Да се надеваме дека нема лоши вести околку Вардар.
Тој буџет што си го спомнал,не е толку,тој е поголем.Да беше тој буџет до сега ке банкротиравме уште многу одамна.
Вардар моментално ако нема пари,тогаш значи дека ни градот нема,што не верувам дека е така.
Пред почетокот на зимските припреми,треба да се постават луѓе кои разбираат од фудбал,и да не се онака формално поставени како сега,и во клубот да си влезат јаки компании,кои ке ги подигнат платите,а не да ги намалат.
Останува само да чекаме,да се надеваме дека не е ништо лошо.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom