Вие си мислите дека ова е некоја игра, па ќе се земат 11 МЛАДИ фудбалери и така ќе имаме состав за подолг период, а нема да крпиме. Кеита ќе биде добро решение додека да се пронајде некое како што велите подолгорочно. Но, сега да земете некој млад играч, без подобра алтенатива и да се потпирате на него цела сезона е преголем ризик. Дали ќе се погоди тој играч, каков ќе биде со повредите? Во една таква ситуација (дури и да се земе некој по ваша желба), многу е подобро да се има Кеита како алтернатива, а не Амброзини, Гатузо или некој сличен што имаме во тим. Имаш солидно решение за сезона-две, а за тој период може без никој притисок да се бара најдоброто решение за подолг период. Секако дека не е добро да се има се играчи во залез на кариера, но Милан моментално не е таков тим, добро ги има, но на клупата се повеќето. Земете го Пирло и Јувентус како пример. Што им фали на нив што земаа играч 30+? Свесни се и тие дека тоа не е долгорочно решение, но за безпари си земаа добар играч, а и на Пирло му требаше промена и нова средина за докажување. Сличен случај е и ова.