Умре Ким Јонг-Ил - што по неговата смрт?

Само колку за споредба

Кога веќе спомна стадиони и останата спортска структура.
Дознај некако каде се наоѓа убедливо најголемиот, и веројатно најубавиот стадион во светот.
Ајде, не е тешко.
 
Има уште една теорија зошто Кина и Ј. Кореја и даваат милионски суми помош на С. Кореја. Имено се претпоставува дека ако режимот падне и границите се отворат од Северна Кореја ќе има помеѓу 5 и 10 милиони бегалци и ниту Ј. Кореја, ниту Кина не ги сака овие.

Значи ситуацијата е: Еве ви жито, еве ви пари само држете ги границите затворени, и плус сеир да има да гледаме...

Ова не сум го знаел, а држи вода теоријава само не ми е јасно зошто Јужнокорејанците не би им помогнале на Севернокорејанците?Зарем не се браќа по крв?Згора на тоа, доста Јужнокорејански фамилии имаат роднини во Северна Кореја.
Истото беше и со Германија, после падот на берлинскиот ѕид во илјада деветстотини осумдесет и деветтата година пак, западот вложи милијарди и милијарди за да се возобнови цел DDR.
 
Ух, загреота капиталистите... :(
 
Власта ќе ја делат наследникот и војската

Многу јасно и очигледно, како што кажав претходно никој нема да му дозволи младиов Ким да ја зграпчи власта. Прво ќе ја делат, после малку помалку ќе ја делат... се додека целосно не го маргинализираат и додека Северна Кореја не стане воена диктатура.
 
Ова не сум го знаел, а држи вода теоријава само не ми е јасно зошто Јужнокорејанците не би им помогнале на Севернокорејанците?Зарем не се браќа по крв?Згора на тоа, доста Јужнокорејански фамилии имаат роднини во Северна Кореја.
Истото беше и со Германија, после падот на берлинскиот ѕид во илјада деветстотини осумдесет и деветтата година пак, западот вложи милијарди и милијарди за да се возобнови цел DDR.
Во источна Германија и денес после 20 г. од обединувањето се живее со многу понизок стандард отколку во западниот дел.Со обединувањето на Кореја ќе им треба еден век за да се доведат во некое приближно ниво на развој.
 
северно корејците и јужно корејците меѓусебно сега се и ментално различни , мислам.
 
Ако мислиш на Фидел,тој се пензионира.
Другар остај што е пензиониран. Ако се пензионирал не значи дека пак не го контролира брат му.
 
Најголемите бајки на диктаторот

Приказни за натприродно раѓање, џиновски зајаци кои ќе ја прехранат татковината, дупло виножито, ген на криминалци и ред други заблуди кои севернокорејскиот лидер му ги остави на својот народ.
Учениците во Северна Кореја учат дека раѓањето на Ким Јонг Ил било “натприродно.“ Според приказната, лидерот се родил во кабина во тајна база на светата планина Бекду, а неговото пристигнување на овој свет било проследено со појава на нова ѕвезда, годишното време се сменило од зима во пролет и се појавило дупло виножито, продолжува приказната.

- Кога во 2006-та Јонг Ил разбрал дека Германец одгледува огромни зајаци, одлучи дека тие се клуч за решавање на гладот во земјата. Покојниот лидер на Северна Кореја го повикал одгледувачот во Пјонгјанг да направи фарма за џиновски зајаци. Според договорот, Ким прво купил 12 зајаци по цена од 115 долари секој и му пишал на Германецот дека го очекува за неколку месеци да дојде да ги одгледува. Но во февруари 2007-та, Германецот добил повик од Северна Кореја дека патувањето се откажува. Зошто? Ким не можел да им одолее на зајаците и ги изел за прослава на својот роденден, претпоставил Германецот.

- Во севернокорејските учебници пишува дека Јонг Ил не уринира и не оди по голема нужда.

- Ким Јонг Ил долго време тврдеше дека е најдобриот голф играч на светот. Во 1994-та медиумите во Пјонгјанг известува дека тој постигнал светски успех во играње голф, и тоа првиот пат кога стапнал на голф терен. Неговиот “рекорд“ никогаш не е регистриран во Гинисовата книга.

- Во пресрет на Светскиот фестивал на младоста и студентите во 1989-та Ким Јонг Ил наредил сите жители на Пјонгјанг кои имале пречки во развојот да бидат отстранети од Пјонгјанг. Исто така, владата рекламирала лек кој ниските луѓе ги извишувал, а оние што ќе се јавеле, биле превезувани на оддалечени и ненаселени места, со цел нацијата да се ослободи од “несовршените“ гени.

- Јонг Ил апсел и роднини на осуденици затоа што бил убеден дека “генот“ на криминалот опстојува три генерации.

- Производителот Hennessy две години по ред потврдуваше дека покојниот лидер на Северна Кореја е нивниот најголем потрошувач, трошејќи годишно до 850.000 долари за нивниот коњак.

- Агентите на Јонг Ил во 1978-та го киднапирале јужнокорејскиот режисер Шин Санг-окзатворен и го принудиле да снима пропагандни филмови за владетелот. Човекот успеал да побегне за време на снимање после осум години. После тоа Ким Јонг Ил издал наредба до Министерството за култура да се прават повеќе цртани филмови. Инаку ЈОнг Ил беше голем обожавател на Џејмс Бонд и имал колекција од 20.000 филмови.

- Киџонг-Донг е град изграден во 1950-та од страна на таткото на Јонг Ил, на границата со Јужна Кореја. Градот бил подигнат како пример за супериорноста на Северот. Зградите во ова место немаат прозорци и никој не живее таму, иако се правеле напори да профункционира како вистински град.

- Севернокорејските медиуми за Ким Јонг Ил некогаш пишуваа и дека неговиот имиџ станал глобален феномен и го инспирирал светот, што било доказ за влијанието во светски рамки.

- Во книгата The Aquariums of Pyongyang: Ten Years in the North Korean Gulag, чии автори се Чол-ван Канг и Пјер Риголот, се споменува и дека Јонг Ил можел да го контролира времето.

- За Ким имаше бројни извештаи во медиумите дека во татковината увезувал германски автомобили, чешко пиво, узбекистански кавијар и шведски проститутки. Стотици илјади Севернокорејци умреа од глад дури беше тој на власт.

Преземено од он.нет.мк
 
Кога веќе спомна стадиони и останата спортска структура.
Дознај некако каде се наоѓа убедливо најголемиот, и веројатно најубавиот стадион во светот.
Ајде, не е тешко.
Уште еден пример за фрлени пари во бунар.Еднаш годишно на слетовите го полнат и тоа е тоа.Зјапе празен цело време,изграден само за да може воџата како и со хотелот да се курчи пред светот.............
 
Добро, да беше ова во Ј. Кореја, ќе беше грандиозен пример за успех. Во Северна Кореја, тоа се фрлени пари во бунар.
јас би рекол - уште една паралела со нашата земја.
Ама сепак - аспекти се во прашање.
 
Нормално ќе биде грандиозен пример кога јужњаците имаат.Богат народ се,сите се прехранети и имаат пари и за стадиони да градат.
Додека овие сиротите леб немаат да јадат,стадион толкав и хотел и сл. непотребни градби ми градат.
Иначе колку и да сакаш да споредуваш нашите проекти од СК 2014 се мало бебе во споредба со тие во Пјонгјанг.Башка кај нас не умираат многу луѓе за леб.........не сме може богати,ама не ни гладуваме.........
 
не го споредувам со 2014 година. Јас повикувам како останатиот свет гледа на нас. Како ние на С. Кореја.
Кај тебе на пример, е врежано дека умираат од глад, иако не е тоа точно. Некој форумџија од Сингапур има перцепција дека Македонија е исламска земја каде што во слаткарници се случуваат бомбашки напади.
Оди, објасни му дека не е така кога на официјални сајтови ке види дека невработеноста е пола милион, а пола милион се муслимани.
И слично...
 
Ова не сум го знаел, а држи вода теоријава само не ми е јасно зошто Јужнокорејанците не би им помогнале на Севернокорејанците?Зарем не се браќа по крв?Згора на тоа, доста Јужнокорејански фамилии имаат роднини во Северна Кореја.
Истото беше и со Германија, после падот на берлинскиот ѕид во илјада деветстотини осумдесет и деветтата година пак, западот вложи милијарди и милијарди за да се возобнови цел DDR.

Јужна Кореја е пренаселена како држава, има двојно повеќе жители него ли Северна, а згора на тоа ти се 5 до 10 милиони луѓе со тотално различен ментален склоп од тој на Јужна Кореја и едноставно ниеден политичар од југот не сака да си стави трн во здрава нога.

Да, се потпишуваат документи во кои двете страни номинално се залагаат за обединување, ама во реалноста ниедна страна тоа не го сака, едноставно има премногу разлики и потенцијални проблеми...

Со други зборови се одржува статус кво ситуација, не за џабе се вели дека границата помеѓу југот и северот е единственото место на светот каде студената војна уште трае.

Ситуацијата со Источна Германија не може да се спореди со ситуацијата на корејскиот полуостров. Тоа со Германија беа тотално други околности, други менталитети и друг режим кој беше далеку поблаг од овој во Северна Кореја.
 
Добро, да беше ова во Ј. Кореја, ќе беше грандиозен пример за успех. Во Северна Кореја, тоа се фрлени пари во бунар.
јас би рекол - уште една паралела со нашата земја.
Ама сепак - аспекти се во прашање.

Па реално гледано ЈК доста вложува во фудбалот,странски тренери и играчи одат во корејски клубови и нормално ќе имаат добри стадиони.Патем,тие стадиони редовно си ги користат и за фудбал и за концерти и за други настани и нормално за вложеното добиваат доста добра заработка.Не беше случајно што станаа домаќини на СП во 2002 г. и со Гус Хидинк стигнаа до полуфинале.

Нивниот фудбал сеуште не го достигнал врвот,уште учат и се надградуваат.Им завидувам за вложеното и дисциплината и посакувам барем 10% од нивното да надвладее и во нашиот фудбал.Океј де,може 5%.Ма кого лажам...
 
Интересна слика од границата помеѓу Северна и Јужна Кореа !!! Незнам што се случувало во куќичкиве по завршувањето на Студената војна ама ова е слика од Северната страна на куќата, позади војниците има врата ако ја отвориш си во Јужна Кореа :D !
20080923_042.jpg

Од циментчето натаму е Јужна Кореа, Северно Корејскиве војници колку се влезени во филм човече застанале на самата линија, демек ја бранат ...ццц КАТАСТРОФА !!!
20080923_051.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom