Умре Ким Јонг-Ил - што по неговата смрт?

Tzeentch

Дискретен Херој
Член од
6 октомври 2011
Мислења
581
Поени од реакции
347
Северна Кореа е посебен случај.Што мислиш ти,ако падне режимот дека лом ќе биде таму ?
Си ги имаат браќата од југот,ќе се обединат..........за 10-15 години ќе станат една од најбогатите земји на светот.Тука Јужна Кореа поддржана од САД и Јапонија може да им донесе нешто.........САД да го води тоа и да се замара да ја окупира.....јок.

Homefront? xD
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Џабе се сите муабети, луѓево од Северот се тоталка со испрани мозоци нив никако неможеш да ги убедиш во спротивното и да мислат дека обединувањето со Јужњациве е за нивно добро. Од мали ги учат дека е тоа зло против кое мора да се борат до последен човек. Изолираноста оди до таму што обичниот народ, работниците и војската не се информирани дека сојузниците СССР како држава се распаднати и дека Кина е гигант во светската економија ! Секој странски новинар од самото стапнување на тлото на Северна Кореа го прати таен агент кој е задолжен за него. Тоа не е нормално колку и некој тука да кажува и да наоѓа светли точки во темната С Кореа. И Америте и британците во владеење не се нешто цвеќиња за мирисање ама тоа е друга тема за муабет што и како и во кој случаеви не се во право споменативе. Нема ништо да се смени јас мислам, ќе си продолжат по старо. Фактички народот таму работи за мизерни пари а се останато оди во војската. Слушав еден вработен во МНР на Северна Кореа во интервју вели дека не сакаат аамерика да им затропа на врата и да бидат пиуни како Јужњаците. Ако дојде до тоа да затропаат ќе се борат до последен човек, стварно се мрднати. Запоставено е се, од понеделник до петок имаат да гледаат само државна тв а сабота и недела плус две тв и тоа строго пропаганда, филмови, говори итн. Надвор од Пјонг Јанг е друга приказна. Автопатишта што има трева израснато на сред нив, железничка пруга на која нема поминато воз 20 години, крајна беда и сиромаштија ама се за големиот лидер и неговата политика. СИ размислувам и неможам да сватам како може на 25 милионски народ буквално на сите до еден да им е испран мозокот до тој степен што не се ни бунат/. Барем еден да се најдеше од тие 25 милиони ....
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
http://kotaku.com/5869631/north-korea-will-be-ruled-by-a-manga+reading-gamer

According to the New York Post, Kim Jong-un attended a Swiss boarding school under an alias and can speak German, French, and English. According to classmates, Kim Jong-un was shy and awkward around females. He loved reading Japanese manga and playing video games.
Now dubbed the "Great Successor", his dreams apparently didn't involve taking over a dictatorship, but something far more normal: playing for the Chicago Bulls. A classmate at the International School of Bern told Japan's NHK, "He yearned to become a pro basketball player in the United States."
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.456
Поени од реакции
18.456
Мене тоа титулата "комунистички лидер на СК" што му ја доделуваат по медиумиве никако не ми одговара на ликот и делото на Ким Јонг.
Мислам дека најсоодветна титула за него би била император.
И тоа рамно на божество, исто како римските императори или пак египетските фараони.
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Не очекувам дека во внатрешната политика ќе се промени нешто, само ме интересира колку новиов Ким ќе биде црвст во меѓународната политика...

 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Ова фамилијарно и Ким Јон Ил и синот и вујкото се како дебели прасиња у тоа муцките. (а главата им е ко топчест балон) :tapp:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Тешко Јужна Кореја ако некогаш дојде до обединување.Ќе добијат 25 милиони гладни и психички силувани луѓе на своја глава.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.618
Поени од реакции
2.138
Лошото е тоа што С.Кореја има поддршка од Кина.На Кинезите пак им одговара таквата состојба, од проста причина што сакаат да ги држат подалеку од својата граница Американците и нивниот пион Јужна Кореја.Кога ќе видиш пак, за несреќната судбина на еден народ виновна е една моќна сила како што е Кина.Тоа секогаш било така.Судбината на малите народи да ја кројат големите народи, големите моќи..............
Се знае дека државата е екстремно сиромашна.Имаат само 1000-км2 развиена патна инфраструктура.Електричната инфраструктура е истотака катастрофа.Да влезеш како турист ќе треба милиони работи да завршиш, како на пр. подмитување и сл.Откако ќе влезеш нон-стоп си следен од човек на тајните служби.
Не се ни знае колку жители има Пјонгјанг.Проценките се дека Пјонгјанг има три или четири милиони жители.Државата е во невиден хаос.Убаво напиша тука Солид, они и да успеат да се ослободат од тоталитаристичкиот режим пак ќе им останат траумите.Психички се уништени.
Има уште една теорија зошто Кина и Ј. Кореја и даваат милионски суми помош на С. Кореја. Имено се претпоставува дека ако режимот падне и границите се отворат од Северна Кореја ќе има помеѓу 5 и 10 милиони бегалци и ниту Ј. Кореја, ниту Кина не ги сака овие.

Значи ситуацијата е: Еве ви жито, еве ви пари само држете ги границите затворени, и плус сеир да има да гледаме...
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283


Зетот Џанг Сонг-таек, неговата сопруга Kим Кјонг-хуи и вицемаршалот Ри Јонг-хјо ќе бидат тројката што ќе ја води Северна Kореја, иако главниот водач ќе биде Kим Џонг-умПо смртта на севернокорејскиот лидер Kим Џонг-ил, вниманието е насочено кон Великиот наследник Kим Џонг-ум, но вистинската моќ веројатно ќе остане зад тронот во комунистичката династија - во кругот на советници и генерали.

Kим Џонг-ум, најмладиот син на Драгиот лидер, е на возраст од дваесетина години. Тој лани беше поставен на функции во Работничката партија и доби титула генерал, па согласно конфучиското учење за почит кон возраста, никој не очекува дека Великиот наследник ќе го има авторитетот на полубог, што го уживаа неговиот татко Kим Џонг-ил и неговиот дедо Kим Ил-сунг.

Од советниците, за најмоќен се смета 65-годишниот Џанг Сонг-таек, зет на покојниот Драг лидер. Џанг ја преживеа крвавата традиција на отфрлање и политичка рехабилитација, со која двајцата лидери на комунистичка Kореја се одржаа на власт повеќе од шест децении.

Во периодот на тешката болест на Kим Џонг-ил, Џанг имаше значителна улога при решавањето на проблемот со наследувањето на врховната позиција, па дури и при односите на Северна Kореја со САД и со Kина. Џанг е главната сила што ќе ги држи партијата и војската, овозможувајќи му на Kим Џонг-ун да владее - укажува Јанг Му-џин од Универзитетот за севернокорејски студии во Сеул.

Повеќе овде...
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Има уште една теорија зошто Кина и Ј. Кореја и даваат милионски суми помош на С. Кореја. Имено се претпоставува дека ако режимот падне и границите се отворат од Северна Кореја ќе има помеѓу 5 и 10 милиони бегалци и ниту Ј. Кореја, ниту Кина не ги сака овие.

Значи ситуацијата е: Еве ви жито, еве ви пари само држете ги границите затворени, и плус сеир да има да гледаме...
Држи вода муабетов за Кина да да, за Јужна Кореа не сум сигурен.
--- надополнето: 21 декември 2011 во 14:09 ---
Тешко Јужна Кореја ако некогаш дојде до обединување.Ќе добијат 25 милиони гладни и психички силувани луѓе на своја глава.
Нема враќање назад, 25 милиони народ е отиден у ку*ац никогаш нема да се осмелат да се цивилизираат, пропагандата е екстремно тешка, единствено да го збришеш народот за да може да се оправат не гледам иднина и пропсперитет таму.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Тешко Јужна Кореја ако некогаш дојде до обединување.Ќе добијат 25 милиони гладни и психички силувани луѓе на своја глава.
Да. Баш од таква состојба се плаши капитализмот. Тешко Јужњаците тогаш. не ке знаат колкави фабрички погони и колку и каде да постават тогаш. нема да имаат време за неверојатен профит откако ќе бидат приморани да ја „возобноват“ Северна Кореја, ќе се мислат дали на работниците таму да им даваат 2 или 3 долари месечно. Тешко јужњаците...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.220
Поени од реакции
34.502
http://kajgana.com/kolku-se-iskreni-solzite-vo-severna-koreja

Избликот на жалост во Северна Кореја по смртта на Ким Јонг Ил беше грозничав и масовен. Но, дали народот искрено чувствува загуба или се однесуваат онака како што мислат дека треба?

Нацијата верно ја следеше телевизиската презентерка која, облечена во црно, одвај ги задржуваше солзите додека ја читаше веста за смртта на „драгиот лидер". Ширум земјата започнаа сцените на масовно плачење, тажење и удирање со тупаниците по тлото.
Мажи и жени подеднакво западнаа во еден вид на масовна хистерија, сцени многу слични на масовната хистерија по смртта на таткото на Ким Јонг Ил и основач на комунистичка Северна Кореја, Ким Ил Сунг.

„Како можеше да не остави?", прашуваше една жена додека си ги бришеше солзите од очите. Но, колку е искрена нивната тага?
Многу е тешко тоа да се утврди, смета Антони Даниелс, психијатар и писател, кој ја посетил Северна Кореја во 1989 година како член на британската делегација на Меѓународниот фестивал на млади и студенти.

„Тоа е страшна мешавина на страв, терор и загриженост за иднината, едновремено и масовна хистерија и искрено жалење" - вели Даниелс. „Многу е тешко да се одреди реалност и сметам дека никогаш нема да ја дознаеме вистината. Постојат огромни културолошки бариери помеѓу нас и мора да се има предвид дека тоа режим каде што се што не е забрането е задолжително, така што е многу тешко да се утврди што навистина чувствува тој народ" - додава тој.
Во многу помал обем, такви примери имало и на Запад, кога луѓето чувствуваат дека имаат обврска да си ги покажат емоциите. По смртта на принцезата Диана, на некои луѓе им беше непријатно да не покажат жалење, но тоа има огромна разлика со она што се случува во Северна Кореја.
Масовни изблици на хистерично тагување имаше и во Советскиот сојуз кога почина Сталин во 1953 година, но и во Иран, по смртта на водачот на Исламската револуција, ајатолахот Хомеини, на чиј погреб неколку луѓе беа прегазени до смрт во турканицата да се види неговото тело.


Во својата книга „Нема за што да им се завидува: обичниот живот во Северна Кореја" (Nothing To Envy: Ordinary Lives in North Korea), писателката Барбара Демик во врска со смртта и погребот на Ким Ил-сунг, вели: „Хистеријата на тажењето доби натпреварувачки облик. Кој ќе тажи најгласно?".

Еден студент на улица во Пјонгјанг, пишува Демик, не можел да почувствува ништо, додека сите околу него хистерично плачеле.
„Целата негова иднина зависеше од неговата способност да плаче. Не само неговата кариера и неговото членство во Работничката партија, самото негово преживување беше ставено во опасност. Се работеше за живот или смрт", опишува Демик. Студентот се спасил така што ги држел очите отворени со сила, се додека не се пресушиле и почнале да солзат. Штом солзите потекле, на студентот му било лесно да почне да вика како сите други.
За многумина тоа е природна реакција, вели Кери Браун, шеф на програмата за Азија во Gotham House, затоа дознавањето дека лидерот им умрел, кај Севернокорејците го покренува прашањето за нивниот идентитет, нивната безбедност и нивната способност да преживеат.

Ова е нација во која постојано се подгрева чувството дека е на работ на војна, но за нив се грижи нивниот добар и сакан лидер, вели Браун. Но, додава тој, за вистинските чувства на народот знаеме исто толку колку што знаеме за борбите за превласт во политичката елита на земјата.
„Контролата на информациите е толку голема, што е многу веројатно дека чувствуваат вистински шок. Така, хистеријата е искрена, но дали е тоа тага како што ја разбираме ние на Запад, тоа не можеме да го знаеме", заклучува Браун.

На народот постојано му се зборува дека се во еден вид а постојана војна со САД и дека победите од минатото се должат на силното лидерство, затоа и губењето на шефот на државата во едно такво патријархално општество може навистина да предизвика и личен страв кај луѓето.
Сепак, тагувањето по Ким Ил Сунг во 1994 година беше многу пошокантно, смета Браун, затоа што и неговиот статус во корејското општество беше многу поголем. Оттаму, заклучува Браун, периодот на жалење овој пат нема да биде ни толку длабок, ниту пак толку тежок како во 1994 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom