DBack, Живиот БОГ нека ти биде Милостив, бидејќи ова што (веројатно несвестно) го правиш е гадно, болно и проклето!
Цитирање библија во три верзии?!? Гадно? Болно?
ПРОКЛЕТО?
--- надополнето: 21 декември 2011 во 11:03 ---
DBack,
ај што звучиш атеистички, тоа е појќе од очигледно, а со вакво парцијалјно цитирање, во стилот „...си земам што ми одговара...„, веќе звучиш и протестантски...
Тркни и види што пишува во 8-мата глава од посланието до евреите, а ообено во стихот 13.
--- надополнето: 21 декември 2011 во 08:56 ---
Ме зезна! Признавам!
Прочитај што пишува во 8-мата глава од посланието до евреите, посебно во стихот 13 па јави ми...
Еј!?! Пак се премислил, а?
Исус што кажа - не важи?!? Он вика
додека постои небото и земјата, а Јахве вика - ренту! - пу-пу-не важи што рече синот - сеа ќе биде по ново?
Него, читам, читам тоа 13-ти стих, ама си викам де да прочитам и другите, да не ме кори МИКИ1 пак. И, еве што најдов
само еден стих погоре:
11 И ниеден веќе нема да го поучува својот ближен и ниеден својот брат, велејќи: „Познај Го Господа, зашто ќе Ме познаваат сите од малиот до големиот меѓу нив,
12 зашто ќе бидам милостив кон нивните неправди, и нема веќе да си спомнувам за нивните гревови!”
Еми, од кај сеа попови и светии, бре, МИКИ1, бре! Од каде проповедници и владики?
Што е поинересно, од каде сега
гревови? Од каде денес будисти, муџахедини, кирибати и пентакосталијанци кога Јахве ти вика еден ред пред твојот дека
сите луѓе на земјава ќе го знаат пошто он телепатски ќе им се кажел на сите?
Така вика:
10
зашто ова е Заветот со кој ќе го заветувам Израелевиот дом по оние денови, вели Господ: ќе ги вложам Своите закони во нивниот ум, и ќе ги напишам во нивните срца.
Пак да не се зезнал нешто Јахве?!? Не ли стигнал секаде да ги запише?