Можеби ти би можел да објасниш нешто на темата? Инаку, и брат ми е на машински. Негово мислење е дека работата на ниски вртежи не може да биде штетна за моторот - единствено, како што тој претпоставува, можно е кај постарите модели со карбуратор со тек на времето да дојде до делумно затнување на доводот на гориво (не памтам точно до ситници како објаснуваше, не сум од таа струка), па треба да се вози некое време со полна гас да се “прочисти“ доводот. Притоа, не се толку битни вртежите, туку давањето полн гас (нормално дека притоа ќе се качат вртежите, но тоа е споредно). Но, се ова не е случај кај новите бензински мотори кои се со директно вбризгување, ниту кај дизелите.
ПС. И не се работи за збирање “гареж“ или нешто слично, посебно не во издувот, кој потоа треба да се “согори“ или “продува“.