The Big Bang Theory

  • Креатор на темата Креатор на темата диме
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се вашите омилени ликови во серијата? (најмногу три)

  • Вкупно гласачи
    432
Стварно забегаа сезонава... само 2-3 епизоди добри имаа... јес да на една се пресмеав, ама сепак паднаа на квалитет.
И... уште колку пати ќе влета Пени да прашува за wi-fi?!

982855_700b.jpg
 
Првите две сезони ги изгледав во еден дах што би рекле србите.Од трета сезона фатив само 10 епизоди.Како ситком подобро се држи од Два и пол мажи.
 
Последнава епизода не беше нешто посебно добра, ама не се согласувам дека сезонава е лоша.
Нови епизоди тек наредната година.
 
Нешто интересно се случи, Џони Галеки е номиниран за најдобар актер во комедија на Златен глобус, додека ланскиот победник во оваа категорија Џим Парсонс воопшто не е номиниран.
 
Ако го номинираа и годинава пак морше да победи, вака на некој друг ќе му ја дадат наградата. А Џони Галеки е само да пополни простор, плус мора да има некој номинирано од најгледаниот ситком.
 
Mене ми беше смешна последната епизода.. сеа не е во рангот на епизодите од претходните сезони, ама во оваа сезона и не е така лоша.:)
 
Ако го номинираа и годинава пак морше да победи, вака на некој друг ќе му ја дадат наградата. А Џони Галеки е само да пополни простор, плус мора да има некој номинирано од најгледаниот ситком.
Да, ама баш него? Воловиц и Раж се две класи над него, човекот како лик воопшто не е смешен. Тој ти е како Вили во АЛФ. Сите фори ги прави Алф а Вили служи за да има дијалог и да му ги сервира форите. Истото е со Леонард и Шелдон. Да го ставиш Леонард пред Воловиц и Раж е исто како да го ставиш Рос пред Џои и Чендлер, со тоа што Рос повремено беше смешен. Единствени две работи што ги прави Леонард во серијава е што зборува низ носот за да звучи како Гик и што е понизок од Пени. Второто по случајност.
 
Утепал те Леонард :)
 
Тотално се сложувам со тебе, но американците одсекогаш имале чуден вкус кога станува збор за награди доделување. Мене а верувам и на многумина никогаш нема да разберат како секоја година за најдобра драма серија ја прогласуваат "Mad men" а во конкуренција се 100 пати подобри серии.
 
Не ми се свиѓа косата на Шелдон.Последната епизода беше добра посебно сцената кога девојките донираа облека а подоцна и кога крадеа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom