Еден протестант отишол во Африка и го посетил афричкото племе Бошонго. Тој горделиво им се претставил дека е сезнајко и дека дошол да ги подучува тука луѓето по физика и астрономија.
Селаните го прашале: Ајде кажи ни во кратки црти како настанал Универзумот.
Протестантот им одговорил:
Еднаш на едно интелегентно семоќно суштество си седело така со трилиони години и наеднаш му текнало да создади планета. Од кога ја создал малечката планета за еден ден, следниот ден го создал илјадници пати поголемото Сонце. Денот после тоа, ги создал милиони пати поголемите милијарди ѕвезди во нашата галаксија плус планетите кои орбитираат околу нив, а потоа и останатите милијарди и милијарди галаксии. Ама потоа (или пред беше?) седнал да се одмори...
Селаните со чудење рекле: „woow, никогаш не сме ја слушнале оваа приказна!“
Протестантот рекол: „Ова не е приказна, туку библиска вистина!“ И потоа ги прашал што тие веруваат за тоа како настанал Универзумот.
Поглаварот му одговорил:
На почетокот имало само темнина, вода и големиот бог Бумба. Еден ден Бумба, од силна болка во стомакот, го исфрлил (повратил) Сонцето. Сонцето исушило дел од водата и така настанало копното. Повторно исто така од болка во стомакот, Бумба ги исфрлил месечината, ѕвездите и некои животни, леопардот, крокодилот, желката и на крајот човекот.
Протестантот не можел да издржи и гласно се насмеал.
Селаните го прашале: „Зошто се насмеа?“
Протестантот директно им одговорил: „Извинете, но ова е навистина смешно! Како може од една хмм „повраќаница“ да настане желка?“
Поглаварот му одговорил: „А како може од ништо да настане нешто? За разлика од ништото, повраќаницата веќе содржела органски соединенија, а и оној кој што ја повратил имал моќ, интелигенција, разум, дух. Дали нешто од ова има во "ништото"?
Протестантот нервозно извикал: „Но тоа не е туку така! Сето тоа се случувало според семоќно суштество, кое сепак морало да одмори еден ден.
Поглаварот му одговорил: „Зарем другите богови не се релативни? Или тоа важи само за Алберт Ајнштајн?“
Протестантот: Не постојат други богови! Постои само нашиот!
Поглаварот: Тогаш зошто се крстите во него? Зошто му се поклонувате? Зарем не е тоа решение за сите ваши дупки и проблеми во приказната, пардон, теоријата? Зарем не е бог тоа што според вас создава и уништува?
Протестантот: Ама, ама..
Поглаварот: Ама нема ама. Ајде пакуј си парталите и рикверц да те нема. Хах, тој ќе ни проповеда нас прикаски за семоќни богови кои создавале слонови.