Религиите во 21-виот век

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.024
Еден протестант отишол во Африка и го посетил афричкото племе Бошонго. Тој горделиво им се претставил дека е сезнајко и дека дошол да ги подучува тука луѓето по физика и астрономија.

Селаните го прашале: Ајде кажи ни во кратки црти како настанал Универзумот.

Протестантот им одговорил:
Еднаш на едно интелегентно семоќно суштество си седело така со трилиони години и наеднаш му текнало да создади планета. Од кога ја создал малечката планета за еден ден, следниот ден го создал илјадници пати поголемото Сонце. Денот после тоа, ги создал милиони пати поголемите милијарди ѕвезди во нашата галаксија плус планетите кои орбитираат околу нив, а потоа и останатите милијарди и милијарди галаксии. Ама потоа (или пред беше?) седнал да се одмори...

Селаните со чудење рекле: „woow, никогаш не сме ја слушнале оваа приказна!“

Протестантот рекол: „Ова не е приказна, туку библиска вистина!“ И потоа ги прашал што тие веруваат за тоа како настанал Универзумот.

Поглаварот му одговорил:
На почетокот имало само темнина, вода и големиот бог Бумба. Еден ден Бумба, од силна болка во стомакот, го исфрлил (повратил) Сонцето. Сонцето исушило дел од водата и така настанало копното. Повторно исто така од болка во стомакот, Бумба ги исфрлил месечината, ѕвездите и некои животни, леопардот, крокодилот, желката и на крајот човекот.

Протестантот не можел да издржи и гласно се насмеал.

Селаните го прашале: „Зошто се насмеа?“

Протестантот директно им одговорил: „Извинете, но ова е навистина смешно! Како може од една хмм „повраќаница“ да настане желка?“

Поглаварот му одговорил: „А како може од ништо да настане нешто? За разлика од ништото, повраќаницата веќе содржела органски соединенија, а и оној кој што ја повратил имал моќ, интелигенција, разум, дух. Дали нешто од ова има во "ништото"?

Протестантот нервозно извикал: „Но тоа не е туку така! Сето тоа се случувало според семоќно суштество, кое сепак морало да одмори еден ден.

Поглаварот му одговорил: „Зарем другите богови не се релативни? Или тоа важи само за Алберт Ајнштајн?“

Протестантот: Не постојат други богови! Постои само нашиот!

Поглаварот: Тогаш зошто се крстите во него? Зошто му се поклонувате? Зарем не е тоа решение за сите ваши дупки и проблеми во приказната, пардон, теоријата? Зарем не е бог тоа што според вас создава и уништува?

Протестантот: Ама, ама..

Поглаварот: Ама нема ама. Ајде пакуј си парталите и рикверц да те нема. Хах, тој ќе ни проповеда нас прикаски за семоќни богови кои создавале слонови.
А Чорбаџија, шо викаш за малава корекција?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А Чорбаџија, шо викаш за малава корекција?
Глупа е. А башка и ова се коси со етиката на форумот, затоа што лажно претставува твои зборови како да сум ги кажал јас. Туку заборавив дека кај моралните релативисти и етиката е релативна работа. Вчера тоа што било неетично, денес може да биде етично и обратно, на кој како му одговара. Атеистичка работа.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Глупа е. А башка и ова се коси со етиката на форумот, затоа што лажно претставува твои зборови како да сум ги кажал јас. Туку заборавив дека кај моралните релативисти и етиката е релативна работа. Вчера тоа што било неетично, денес може да биде етично и обратно, на кој како му одговара. Атеистичка работа.
Како тоа кога истата "логика" ќе се примени на тебе, станува глупа, а кога се однесува на другите тогаш е ок?
Ах пусти инает магарешки.....
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Глупа е. А башка и ова се коси со етиката на форумот, затоа што лажно претставува твои зборови како да сум ги кажал јас. Туку заборавив дека кај моралните релативисти и етиката е релативна работа. Вчера тоа што било неетично, денес може да биде етично и обратно, на кој како му одговара. Атеистичка работа.
Па релативни се и етиката и моралот, а тоа нема никаква врска со атеисти Чорба. Луѓето, општествата, културата се менуваат. Што треба да правиме? Да се држиме до етика и морали стари 2000 години кога ова и тоа општество и култура не се воопшто исти? Има некои начела што се као срж - не кради, не убивај и сл.....ама ако со unbiased view ги прочиташ начелата - СИТЕ начела - во библијата и куранот ќе сфатиш.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Па релативни се и етиката и моралот, а тоа нема никаква врска со атеисти Чорба. Луѓето, општествата, културата се менуваат. Што треба да правиме? Да се држиме до етика и морали стари 2000 години кога ова и тоа општество и култура не се воопшто исти? Има некои начела што се као срж - не кради, не убивај и сл.....ама ако со unbiased view ги прочиташ начелата - СИТЕ начела - во библијата и куранот ќе сфатиш.
Има врска. Атеистите не веруваат во постоењето на Бог кој, меѓу другото, е и морален законодавец и затоа според нив термините како „зло“ и „добро“ се вештачки и од човекот измислени термини, а со тоа и моралот и етиката. Тоа тие го веруваат и за начелата кои ти ги нарекуваш „срж“ и според нив сосема е возможно во некоја друга култура и цивилизација крадењето и убивањето да се вреднуваат како високи доблести.

Наспроти нив, теистите веруваат во Бог и кај повеќето теисти (сигурно кај христијаните) Тој Бог е и морален законодавец Кој прецизно одредил што е добро, зло, доблесно, етички, морално. Според нив етиката и моралот не се релативни, туку апсолутни.
Луѓето, општествата и културата се менуваат, но тоа не значи и дека моралот е релативен. Едноставно луѓето кои не го познаваат Бог талкаат во темнината, менуваат божества, филозофии, закони итн. со цел да најдат исполнет живот. Но оние што го спознале вистински Бог повеќе не го менуваат моралот и етиката, туку се придржуваат до Божјиот морал и Божјата етика.
 
Н

нихилист

Гостин

Моралот е релативна работа и кај христијаните, евреите...

Порано било морално и социјално прифатливо да го отепаш комшијата ако работи во недела. Да тргуваш со робови, и ред други примери. Така книгата налага!

Денес не е.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406

Чорбаџи - не дај „боже“ да направиш било какво кривично дело.. па да те видам пред чив закон ќе одговараш, каде ќе одиш.. А кога ќе се појавиш пред судија од Основен 1, ќе видам дали ќе збориш кој прецизно одредил што е добро, зло, доблесно, етички и морално...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Има врска. Атеистите не веруваат во постоењето на Бог кој, меѓу другото, е и морален законодавец и затоа според нив термините како „зло“ и „добро“ се вештачки и од човекот измислени термини, а со тоа и моралот и етиката. Тоа тие го веруваат и за начелата кои ти ги нарекуваш „срж“ и според нив сосема е возможно во некоја друга култура и цивилизација крадењето и убивањето да се вреднуваат како високи доблести.

Наспроти нив, теистите веруваат во Бог и кај повеќето теисти (сигурно кај христијаните) Тој Бог е и морален законодавец Кој прецизно одредил што е добро, зло, доблесно, етички, морално. Според нив етиката и моралот не се релативни, туку апсолутни.
Луѓето, општествата и културата се менуваат, но тоа не значи и дека моралот е релативен. Едноставно луѓето кои не го познаваат Бог талкаат во темнината, менуваат божества, филозофии, закони итн. со цел да најдат исполнет живот. Но оние што го спознале вистински Бог повеќе не го менуваат моралот и етиката, туку се придржуваат до Божјиот морал и Божјата етика.
Не постои универзален морал. Јахве прво вадел око за око, после вртел друг образ. И тоа го знаеш и пак лажеш и манипулираш.

Моралот и етиката се динамични, од човекот создадени концепти познати во секое човеково уредување, од праисторијата до денес. Христијанскиот морал е само еден од илјадниците, и самиот расклан на илјадници подваријанти. Едни христијани се колнат у сабота, едни у недела. Едни се клањаат на идоли, други си толкуваат по свое, трети легализираат педерастија, четврти практикуваат полигамија.

А Чорба збори за еден „неменлив“ морал даден од Јахве.

За етиката да не ни почнувам - све сами вратоломии.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Моралот е релативна работа и кај христијаните, евреите...

Порано било морално и социјално прифатливо да го отепаш комшијата ако работи во недела. Да тргуваш со робови, и ред други примери. Така книгата налага!

Денес не е.
На тоа и мислев кога пишував....општествата и луѓето со тек на време се менуваат....исто така и етиката како да се однесуваш со своите робови во библијата е веќе непотребна - ропството е против законско сега. Не можеме закони, етики и морали од пред 2000 години да ги нафрламе и денес.
 
Член од
8 октомври 2011
Мислења
249
Поени од реакции
65
Како да ти кажам, какаш. Не постои атеистички метод.

Атеизмот не е методологија, само е став спрема можноста на Божјото постоење, не имплицира никако метод на истражување.

Да повторам, какаш, како и обично...
--- надополнето: Dec 10, 2011 10:05 PM ---

Затоа што науката се занимава со проверливи искази, а религијата со бајки.

Но не дека ќе разбереш ако ти објасниме. Што се оптеретуваш со глупости?
sekako deka razbiram prasuvam za da razberam ako si ti tolku pameten podobro opismenime ne mora da se odnesuvas kako totalen kreten.........vo sto i da veruvas ti ili i da ne veruvas se ti e jabe pak ke si bides necovek toa e proverliv iskaz te. veke dokazano
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
На тоа и мислев кога пишував....општествата и луѓето со тек на време се менуваат....исто така и етиката како да се однесуваш со своите робови во библијата е веќе непотребна - ропството е против законско сега. Не можеме закони, етики и морали од пред 2000 години да ги нафрламе и денес.
Ако си мислела на тоа што нихилист пишува во име на Библијата, тогаш сметам дека и ти си полна со дезинформации, заблуди и предрасуди за Библијата.
Ропството кое што е уредено со Мојсеевиот закон е нешто сосема различно од она што класично се подразбира под „ропство“ во смисла црнечко/расистичко ропство.
Слободно може да се каже дека ропството уредено со Мојсеевиот закон е слично со денешните професии: хигиенирач, кувар, садоперач, келнер, мијач на прозори, градинар и сл. Дали и овие се противзаконски? Се разбира дека не. Луѓето доброволно одлучуваат да ги работат овие професии. Се разбира „доброволноста“ често е принудена од економскиот фактор и неопходноста за егзистенција. Епа на сличен начин и порано луѓето станувале робови. Можеби ќе ти звучи чудно, но порано имало случаеви кога робовладетелот ќе го отпушти робот и тој повторно молел да биде примен назад како роб, за да има свој дом, храна и да добие некаква надокнада.

Ако денес направиш некаков кривичен прекршок и со тоа економски обештетиш некого (личност или државата), а при тоа немаш пари да ја надокнадиш штетата, судот одредува затворска казна и тоа мислам дека се уште е еден ден за 1000 денари.
Епа нешто слично постоело и во старозаветната држава Израел. За одредени кривични прекршоци, криминалецот доколку немал средства да ја обештети оштетената страна, било наложено да му робува (читај: служи) онолку месеци/години колку што е прекршокот. На тој начин криминалецот наместо со финансии ја исплатувал цената со работна рака.
Крадците на тој начин се научувале со работа да си го заработат лебот, наместо да крадат. А исто така тие со својата казна му допренесувале на оштетениот човек.
Слично робуваат и криминалците денес што се по затворите, со таа разлика што тие таму не се продуктивни и наместо да допринесуваат, тие дополнително ја обештетуваат државата со трошоците потребни за затворите.

Се надевам сега имаш појасна слика за ропството во старозаветниот Израел. Ех камо денешното неофицијално ропство да беше барем 50% од она што било во Израел, денешните робови би биле далеку посреќни и подобро третирани од државата.
 
Н

нихилист

Гостин
You just can't be serious...

До каде ќе тераш со овие вратоломии? До каде?

:vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom