Еден атеист отишол во Африка и го посетил афричкото племе Бошонго. Тој горделиво им се претставил дека е научник и дека дошол да ги подучува тука луѓето по физика и астрономија.
Селаните го прашале: Ајде кажи ни во кратки црти како настанал Универзумот.
Атеистот им одговорил:
Пред 20 милијарди години целиот Универзум, се што гледаме со очите, Месечината, Сонцето, сите ѕвезди, заедно со сите нас биле собрани на едно место, во едно топче во големина на зрно ориз. Одеднаш тоа зрно ориз експлодирало и 20 милијарди после таа експлозија се создале Сонцето, ѕвездите, Месечината, нашата планета, животните, слонот, мајмунот и човекот.
Селаните со чудење рекле: „woow, никогаш не сме ја слушнале оваа приказна!“
Атеистот рекол: „Ова не е приказна, туку научна теорија!“ И потоа ги прашал што тие веруваат за тоа како настанал Универзумот.
Поглаварот му одговорил:
На почетокот имало само темнина, вода и големиот бог Бумба. Еден ден Бумба, од силна болка во стомакот, го исфрлил (повратил) Сонцето. Сонцето исушило дел од водата и така настанало копното. Повторно исто така од болка во стомакот, Бумба ги исфрлил месечината, ѕвездите и некои животни, леопардот, крокодилот, желката и на крајот човекот.
Атеистот не можел да издржи и гласно се насмеал.
Селаните го прашале: „Зошто се насмеа?“
Атеистот директно им одговорил: „Извинете, но ова е навистина смешно! Како може од една хмм „повраќаница“ да настане желка?“
Поглаварот му одговорил: „А како може со експлозија на „зрно ориз“ да настане слон?! За разлика од зрното ориз, повраќаницата веќе содржела органски соединенија, а и оној кој што ја повратил имал моќ, интелигенција, разум, дух. Дали нешто од ова има во зрното ориз?“
Атеистот нервозно извикал: „Но тоа не е туку така! Сето тоа се случувало милиони и милијарди години!“
Поглаварот му одговорил: „Зарем вашиот бог Времето не е релативен? Или тоа важи само за Алберт Ајнштајн?“
Атеистот: Времето не е наш бог! Ние немаме богови!
Поглаварот: Тогаш зошто се крстите во него? Зошто му се поклонувате? Зарем не е тоа решение за сите ваши дупки и проблеми во приказната, пардон, теоријата? Зарем не е времето тоа што според вас создава и уништува?
Атеистот: Ама, ама..
Поглаварот: Ама нема ама. Ајде пакуј си парталите и рикверц да те нема. Хах, тој ќе ни проповеда нас прикаски за зрна ориз што пукале и создавале слонови.