Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Не ми се верува дека сакате да дојде човек што секое коло се повредува во Серие А. Па и ко светец се гледа на него, не зборам за фан клубов, туку општо читајќи ги и ретардите на ФБ групата :гик:
Не знам кај виде ти Џени , дека сме сакале да го купиме o_O
Или дека постирав она си помисли дека сакам? И јас го делам истото мислење како тебе , често се повредува во Серија А па камоли во Премиер Лига :eek:.
А за фејсбук групите не им обрнувај внимание.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Цело лето се дрдореше тука за Снајдер и сега одеднаш не го сакате демек, абе ај сеа не глумете барем. Летово на глава му се качивте на Фергусон да го купел, сеа викате не ни треба, значи сепак подобро направил што не го купи нели? А не знам што ми реплицираш на мене кога нит те спомнав нит ти реплицирав на тебе.

Чим испадна у право за ова, тогаш остајте го човекот на мир да работи.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.607
Поени од реакции
115.079
Видете, сите знаеме каков играч е Снајдер, неоспорен е неговиот квалитет од светска класа, али според мене бар јас како што гледам на работите САФ нејќе(или се мисли) дали да го купи затоа што има 27 години, а да дадеш 35-40 милиона за играч како Снајди кој сите го знаеме каков стакленко е бога ми и го става во мисла Ферги, плус Снајдер и да е здрав он гарантира 2-3 сезони макисумум што ќе ги игра на врвно ниво, па затоа можеби САФ бара помлад играч на кој ќе може да смета подолг период.
Ова чисто мое мислење, не мора да е така. Инаку јас мислам дека Снајдер ќе дојде во Јунајтед, ако не сега во јануари тогаш летоска. :)
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Фантастичен натпревар ... се надевам дека ова е денот од кој работите ќе почнат да се движат во нагорна насока за нас ...

p.s. колку само вложува Фил Џонс , а колку само не вложува Македа ... неспоредливо дури !!!

Glory Glory Manchester United
Трауматичен е фактот дека дојде време на жабар да се надевае да ни решава натпревари :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Дали ќе дојде Снајдер или не, не знам. Ама зашто сите сте се запнале со тоа дека Ферги не сакал да го купи ?? Смешно е.. Првпат откако навивам за Јунајтед, Ферги го спомна името на играчот што сака да го купи, се одеше и на преговори и све.. Само Интер не го продаде зашто веќе ги земаа потребните пари од Ето.

Друго нешто.. да не ме разберете погрешно, и јас сум секогаш за млади таленти и такви трансфери. Ама треба да ги жалам ако дадат некои си 40 милиони за 27 годишен ?? Независно дали за Снајдер или некој друг.. Не трескајте дека 2 години ( до 29) има останато за квалитетен фудбал.. Па сега гледаме колку ни фали еден 36 годишен што се пензионираше, а до пред некој ден главен организатор на играта ни беше 37-38 годишен.. Што, ако дадат 40м сега, за 2-3 сезони нема да имаат пак толку пари ? Нели најголем клуб сме, најголем бренд, најмногу публика, најмногу пари правиме.. Кој ги е*е американците, го купиле најпрофитабилниот тим за пари да си прават..

Трето нешто, гледам дека се спомнуваат изјавите на Снајдер во трансфер период... Мој предлог, не верувајте им на таквите изјави.. тој можеби и сакал да иде во Јунајтед, ама ако кажал дека не би било лошо да остане во Интер, го кажал тоа за да го сакаат навивачите на интер во случај ако остане.
 
A

apidrone

Гостин

Еве јас ќе пробам да ти одговорам: Познавајќи го Ферги и неговиот шкотски инает (не лично, се разбира), нема да донесе играч кој веќе го одбил Манчестер (лично сум убеден дека ако сакаше Снајдер, ќе дојдеше).

За вториот параграф: Не се даваат 40 милиони за 27 годишен, ако тој е склон на повреди. Толку пари во ветар не се фрлаат (освен ако клубот не се вика Манчестер Сити).

Трето: Јас лично, не сакам играч папучар.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
@ Ilumious отсега нити ве цитирам нити ништо изглеа еден вид навреда ви е, демек ти никогаш не си посакала да дојде во наш тим? Или овде се прајме кој поекономиста е , кој подете е и сл.?
Уште првиот пат ко пишаја да посакав! Ама ко видов дека е склон на повреди и староста си реков подобро е млад играч да се земи. И што е тука проблемот?
 
Аман!
не зборам за фан клубов, туку општо читајќи ги и ретардите на ФБ групата
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Еве јас ќе пробам да ти одговорам: Познавајќи го Ферги и неговиот шкотски инает (не лично, се разбира), нема да донесе играч кој веќе го одбил Манчестер (лично сум убеден дека ако сакаше Снајдер, ќе дојдеше).

За вториот параграф: Не се даваат 40 милиони за 27 годишен, ако тој е склон на повреди. Толку пари во ветар не се фрлаат (освен ако клубот не се вика Манчестер Сити).

Трето: Јас лично, не сакам играч папучар.
Прво : Интер на хартија ќе пропаднеше ако одеднаш ги продадеше и Ето и Снајдер.. Не биди толку сигурен дека голем клуб како интер нема начини да задржи играч

Второ : Двапати ја вметнав склоноста на повреди на Снајдер, ама избришав тоа и пишав "независно дали за Снајдер или некој друг". Така да зборував за трансфери на такви играчи воопшто, Снајдер ми беше како пример.. А ако е ептен склон на повреди ( читај една повреда да не може да се опорави, ако се различни може и до среќа е) и јас не би сакал да дојде.

и за третото : Мноогу играчи прават така :) Зошто да ризикува ако клубот не го пушти да си замине во тој трансфер период, да навивачите го исвиркуваат и пцујат до следниот трансфер период ?

и за крај.. Не зборувам за Снајдер, и мене ми е преку глава ако за некоја шпекулација се зборува по 3 страни на форумов, посебно ако не е трансфер период.. туку општо..
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
lol, here we go again :гомце:
Непотребен пост .
Зошто? Не ти чини дискусијата, видов овде некој се жалеја само шпекулации се давале не е интересен фан клубов , не е добро да се отвори некоја тема на разговор?
Некој членови се прајте паметни , ќе пишите 2-3 збора и си мислите кизнај што сте кажале.
Без расправии :smir:
--- надополнето: Dec 11, 2011 6:41 PM ---
Хирургот на Видич изјавил дека повредата може да го острани 1 година од теренот. (најможен краток период)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Зависи од организамот тоа и од нашиот лекарски тим како ќе напредува по повредата, многу луѓе и за инвалиди ги сметале па станале после тоа :) Се бива. И за Тони беше завршена сезоната ама во септември се повреди, во декември ги фрли штаките, цел јануари и фебруари тренираше и настапуваше за резервите и во март комплетно се врати, цели натпревари ги играше.

Да не се разбереме погрешно, фудбалер од типот на Снајдер е во секое време добредојден во секој можен тим, не само во нашиот. Но поентата ми е дека кога во Серие А се повредува толку често, замислете во ПЛ кога ќе играме со копачине Стоук или па кога ќе се судри со Самба од Блекбурн што ќе се деси? Ќе му ги собираат коските од терен. Друга неповолност е тоа што веќе има 27 или 28 години. Знам дека Бербатов го купивме на 27 ама Бербатов беше играч навикнат на ПЛ и играч што не е склон на повреди. Класата на Снајдер воопшто не ја оспорувам, таман работа. Но мора да се земат во предвид и некои други работи како што е и неговата плата. Ако го купиме и се повредува, ќе ни биде тоа најскапиот украс што ќе го имаме на Олд Трафорд. А ако тргне, тоа ќе биде друга работа. Ама лесно е да се кажува дома од пред компјутер вака треба, така треба, нели? Оди направи ја проценката....
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.747
Поени од реакции
9.507
Ако САФ дава толку пари за Снајдер, подобро е истите да се дадат за некој многу помлад од него пример Хазард, Модрич или Хамшик. Кој и да било од нив одлично би се вклопил кај нас. Добра кажа Џени погоре дека Снајдер е класа фудбалер и кај секој тим е добредојден, но со самиот факт дека има 27/28 години и дека е склон на повреди подобро би било истите пари да се фрлат на некој млад дечко со желба за докажување отколку да се плашиме за секој дуел на Снајди и некој од копачите во Англија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom