Вегетеријанство

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Овака јас пребарував на нет и онолку колку успеав да најдам е овој податок овде за црвеното месо.Меѓутоа тука сватив дека само Conjugated Linoleic Acid (CLA) е онаа амино киселина за која сум јас слушнала од нутрицист прочуен(еден постар со ИЧ на презимето не го запамтив) кој истото го зборуваше....Значи незаменливи извори на CLA се во црвеното месо ...Како моќен антиоксиданс и анти-канцерогена тие амино киселини се многу битни за човековото здравје.......
Е мене од ова ми беше нелагодно да почнам со веган искраната ! Токму од овие факти дека поради идеолошки причини да не јадам животинско месо НЕМА ДА БИДАМ потполно ЗДРАВА !
Можеш уште утре веганка да станеш, CLA (која бај д веј е дериват на Омега 6 масната киселина) ја има и во кокосовото масло. ;)
Буквално се (ама баш се) што имаат животните го имаат и растенијата (вклучително и Б12). Е сега да се стане веганец/вегетаријанец не значи дека загарантирано ќе бидеш здрав и/или ќе живееш преку 150 год. Има растенија што терба да се избегнуваат, задолжително процесираат, или консумираат во минимални количини (сојата е еден од многуте примери).

Секој мит околу вегетаријанството/веганството е срушен. Доволно ги слушавме лагите на големите профитерски корпорации (кои верувале или не продаваа месо/млеко и нивните деривати). Затоа: не верувајте во ништо - проверувајте све!!! :)
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Другарка и нејзиниот дечко БЕА вегетаријанци некои 7 години, нели, зашто сакаат животни, па демек да не ги јадат....
Уште си чуваат дома: 2 Питона, Тарантула, Игуана, 3 Желки и уште нешто треба да имаат...

Арно ама, толку многу им ослабе крвта и имунитетод САМО ОД НЕ ЈАДЕЊЕ МЕСО (ова повеќе лекари го потврдија), што другаркава СЕКОГАШ кога ќе “добиеше“, се онесвестуваше
каде и да е (во продавница, на тротоар, клупа, во кревет....). Ова после некои 5 години од не јадење месо.

На лекар им кажаа на двајцата дека МОРААТ да јадат месо, и од тогаш (веќе година-две) си се супер, се е нормално, УЖИВААТ во месо.... а и кога и да ги прашам да ми објаснат ЗАШТО НЕ ЈАДЕВТЕ МЕСО? - одговорот е - зашто бевме глупи морони.

А исто јадеа некои печурки нели што имаат се па и повеќе чуда од месо, соја, кокосови чуда, тестенини, пити......
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394

Нивна сторија.

Има уште мал милион вакви за како животот им се подобрил одкога станале вегетаријанци.
Зависи од човек до човек, ама чим нивен одговор е „зашто бевме глупи морони“ тогаш стварно биле глупи морони. Не е секој доволно посветен на своето тело за да знае како да се храни правилно, па често гледам „вегетаријанци“ кој мислат дека со тоа што не јадат месо ќе бидат поздрави, а секој ден јадат помфрит па после се бунат им го расипало здравјето.
Да, прочитав дека твоите познаници јаделе и печурки, не велев за нив. Они направиле некоја сосема трета грешка што е тотално нивен проблем, а не до овој начин на исхрана.
 
Mila Mina

❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤ ❤
Член од
12 ноември 2011
Мислења
649
Поени од реакции
712
Е сега да се стане веганец/вегетаријанец не значи дека загарантирано ќе бидеш здрав и/или ќе живееш преку 150 год. Има растенија што терба да се избегнуваат, задолжително процесираат, или консумираат во минимални количини (сојата е еден од многуте примери).
Знам дека не може само исхраната да биде причинител да имаш добро здравје....тука и стресот, генетската предиспозиција за одредени болести итн........Многу покомплицирано е сама да набавувам од производите и дефинитивно треба читање многу што заменува што....итн....Фала на одговрите..баш сте фини овде:)
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
За вегетаријанците : извољевате криве дрине, имате пари од мама и тато или одвишок примања па сега се фолирате додека не падне некоја посериозна болест. Вашето одбивање на месото Ве прави послаби немој некој тоа да ми го негирал бидејќи факт е дека немате доволно “сила“ во Вас за одредени физички активности. Појдете на нива и бидете дете кое е зависно од нивата и земете копач или мотика... абе ќе плачете за месо! Разбирам да не јадам неколку дена месо во месецот разбирам, но со години ќе се уништам.

Свилени сте деца, свилени.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824

Тоа е тоа..
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Може да се живее без месо но за оптимално здравје секој треба да оди по интуиција каква исхрана највеќе му прија. Јас можам без месо ама засега ми е убаво да го јадам и здрав сум. Ако некогаш осетам дека не ми користи ќе го прекинам без разлика што некој пишал. Телото си го слушам а не што некој ми кажува вака или онака треба.

Сојата е штетна и опасна и колку и да ми ја рекламираат никогаш повеќе нема да ја јадам, кокосово масло мене ми прија а татко ми не може да го поднесе додека за маслинов зејтин е обратно, чим го лизнам ми се гади а се смета многу здрав.

Засега се држам до месо (и од мал го сакав) зашто системот што функционира не се менува.
 
If it ain't broken, don't fix it. ;)
Затоа потполно се слагам, има луѓе омнивори што се поздрави од многу вегетаријанци/веганци, и обратно. Па оттука доаѓа: one man's poison is another's man food.

Имам читано студии за кокосовото масло дека е исто толку здраво колку и маслиновото, дури и поздраво. Така да убаво правиш што го консумираш, а богами треба и јас да почнам... :)
 
factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Пред некое време ми падна в раце книгата на Хелмут Вандмакер чиј наслов во „оригинален превод“ гласи „Желиш бити здрав, заборави кухање“ па би прашал дали некој ја има читано и какви се мислењата околу тезата дека човекот треба да се храни исклучиво со сирова храна, односно сао со она што може да го конзумира онака како што го наоѓа во природата. Пријатели од други форуми и дискусиони групи тврдат дека го практикуваат, а од друга страна има многу тврдења дека организмот има потреба од материи што не се содржани во овој вид на храна. не знам дали правилата дозволуваат да се поставуваат линкови до сервиси за „шерување“ инаку би ве упатил од каде може да се преземе оваа книга во пдф-формат...
 
Ќе ја прочитам па ќе кажам мислење :).

Сум читал слична од Ернст Гинтер и еден период и се хранев само со пресна храна. Моето искуство е мешано а и нема консензус по темата. Едни викаат здраво е други дека организмот не ни е приспособен за 100% пресна храна.

Кај мене постои дилема дали е можно 100% пресно да се храниш а да се бавиш активно со спорт и да задржиш муслулна маса. Дека ќе станеш вегетеријанец се подразбира.

Еден пријател лекар ми тврди дека ако јадеш свежи житарки за 7-8 месеци ќе расипеш бубрези, дали е точно не знам.

Уште сум неодреден по темава.
 
factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Ќе ја прочитам па ќе кажам мислење :).
Уеее!!! Баш ми е мило што си најдов соговорник на темава. Се надевам дека ќе ги има уште!

Знаеш, книгата е попричично голема, околу 750 страни. Има хрватски превод во пдф да се најде. Мал проблем е што текстот „не е добро прочитан“ па има доста грешки ама се разбира. Јас не ја прочитав цела. Има премногу детални објаснувања па повеќе би го интересирало некој упатен во медицината. Инаку човекот бил трговец, меѓутоа во книгата се цитирани многу експерти и фактички се работи за сублимат од повеќе дела.

Минатата година човек ми тврдеше дека неколку месеци живеел на „сирово“ и дека имал психолошкли проблем но физички се чувствувал одлично. Инаку, поентата на сировојадството е во неконзумирање на житарици осем фрапеа од `ркулци (па не знам и тоа дали е препорачано) - поготово по Вандмакер треба да се конзумира само она што е возможно да се конзумира без дополнителна обработка, што за наши услови значи само овошје плус домати, моркови и краставици. Исто така вандмакер вели дека човекот треба цело време да биде гладен...
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Уеее!!! Баш ми е мило што си најдов соговорник на темава. Се надевам дека ќе ги има уште!
Ако идам по интуиција и некаква логика во момент би рекол 70% свежа со 30% готвена храна е систем кој јас би го користел и го користам секогаш кога можам и колку можам :).

Свежи салати на секој оброк и тоа треба да е база на оброкот. Додатно мала количина овошје (не мешано со друга храна) и јаткасти плодови (бадеми, ораси, лешници) како и семки, тиква, сончоглед.

Кога би се имало биолошко јајце и свежо млеко (да смее пресно да се консумира) би било идеално но како што во МК немаме и не верувам дека во скоро време ќе има практично испаѓа мораш да станеш веган ако сакаш да се храниш со пресна храна што не ме одушевува.

Така да на ова погоре јас јадам месо и јајца а млечни производи консумирам многу ретко а кога ќе почнам да вежбам за маса ќе додадам протеин од сурутка.

За разлика од поборници на пресна храна со многу овошје јас сум против зашто и тоа може да покачи шеќер ако се претера и плус го кисели организмот.

Дали и колку се безбеди изртени житарки и мешункасти плодови сеуште ми е во фаза на истражување :).

Инаку не би рекол дека треба да си гладен туку да не си прејаден зашто луѓево најчесто јадам повеќе него што навистина им треба. Во секој случај треба да можеш да потрчаш ако е потребно а не стомакот да ти тежи :icon_lol:.
 
factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Ако идам по интуиција...
Па во секој случај е најдобро кога некој е навистина спремен да го практикува оној систем на исхрана што ќе си го зацрта, наместо да се мачи и цело време да биде под сомнеж за потполно да го напушти испланираното. Осем тоа и возраста игра голема улога. Ти си сигурно помлад и исхраната кај тебе е во функција на твоите спортски активности а во мои години пред се` во функција на здравјето и одржување на младалачките перформанси.

Тоа што за овошјето го сметаш дека игра улога во закиселувањето на организмот ми се чини како делимично точно и дека тука лесно може да се постигне рамнотежа. А мислам дека и опасноста од шеќер е непостоечка зошто се работи за сосема поинаков вид на шеќер.

Ќе ја читаш ли навистина книгата? Ја пронајде ли или ти треба помош?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ќе ја читаш ли навистина книгата? Ја пронајде ли или ти треба помош?
Со овошје не треба да се претерува но како дел од исхрана е супер посебно ако се јаде без мешање со друга храна и свежно.

Може да качи шеќер ако претераш, е сеа што е претерување зависи од организам до организам и затоа секој треба сам да си одреди доза до колку една храна му користи а кога почнува да му штети. Сепак ако изедеш две кила грозје не верувам дека било кому ќе му користи :).

Книгата веќе ја имам и ќе ја читнам деновиве иако веројатно ќе биде слична на останатите што сум ги читал, принципот ми е веќе јасен сеа само да видам каков е однос на пресна храна и професионален спорт.

Сега читам една книга за исхраната на античките војници па ќе ја споредам и со оваа, ќе има интересни работи за муабет :).
 
factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Сега читам една книга за исхраната на античките војници....
А, па ти многу длабоко си навлегол во тематиката:). Не верувам дека ќе можам да се носам во муабет со тебе...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom