А, па ти многу длабоко си навлегол во тематиката. Не верувам дека ќе можам да се носам во муабет со тебе...
Секоја информација е драгоцена а муабетот е да размениш искуства и евентуално да научиш нешто ново

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
А, па ти многу длабоко си навлегол во тематиката. Не верувам дека ќе можам да се носам во муабет со тебе...
Да да, без месо не се може и немаш сила, или не?
Е сега, доаѓа пашањето, како "најздравите" луѓе на светот Шаолинити на високите планини каде што живеаат опстануваат само со треви и слично? од друга страна исто така знаме сите колку се физички/психички спремни. Значи тоа дека без месо не се може не е целосно точно, да дава енергија и е препорачливо во одредени количини, ама дека без него не се може не е целосно точно, зависи од тоа колку е човек здрав, какви навики на исхрана има, каков живот живее и многу други причини.
И која псевдонаука или пропаганда ве натера да се откажете од месо.а алкохол???
За вегетаријанците : извољевате криве дрине, имате пари од мама и тато или одвишок примања па сега се фолирате додека не падне некоја посериозна болест. Вашето одбивање на месото Ве прави послаби немој некој тоа да ми го негирал бидејќи факт е дека немате доволно “сила“ во Вас за одредени физички активности. Појдете на нива и бидете дете кое е зависно од нивата и земете копач или мотика... абе ќе плачете за месо! Разбирам да не јадам неколку дена месо во месецот разбирам, но со години ќе се уништам.
Свилени сте деца, свилени.
Ја ќе те негирам, што има во месото што ти дава сила бе чоек ? тоа се протеините а протеините ги има секаде не само во месото тие имаат градивна функција за човекот, друго нешто што ти дава сила се јаглехидратите односно шеќерите од нив се добива голема енергија а шеќерите ги има во лебот, други хранливи материи се мастите тие само во месото ги има така ? да ама не, ги има секаде...со правилна исхрана и со правилно комбинирање на производи ти можеш да го замениш месото.А горе што напиша дека ќе добијат луѓето некоја болест тоа не е точно повеќе се добиваат болести од месото кое што содржи голем број на масти кои што ги затнуваат крвните садови и доаѓа до инфаркт најопасен е холестеролот...а ако веганите добиваат болести тогаш ја мислам дека италијанците нема да постојат голем број од нив се вегани и имаат многу поздрав живот за разлика од другите.
Види сега,протеините се важни за исхрана оти се составени од аминокиселини.
Е сега при разградување на протеини од месо се добиваат есенцијални аминокиселини кои се неопходни за организмот како за раст така и развој,недостаток на есенцијални аминокиселини кои се 20 на број предисзвикува наружување на метаболизам и почеток на слабеење на истиот каде крајен стадиум е болест.Некои ги има во месо некои ги нема,некои се во растителна храна некои не се,така да мора човек да внесува месо во храна ради протеини оти би се јавил дефицит на некои аминокиселини.
Мора да се балансира со храната од анимално и растително потекло,но треба строго да се води сметка какво месо се јаде,колку има масти во него и слично за да не дојде до таложење на масти прекумерно во организам.
Тука треба да се има на ум дека и преголемо внесување на аминокиселини е штетно од причина што самите аминокиселини се киселини со амино група во себе барем една најмалку и за да се одстрани вишокот од нив тие треба да се алкализираат или неутрализираат а за тоа организмот зема Алкални метали од себе,се јаде сам а тоа најчесто е Калциум од коските и тука имаме нов проблем,се ослабува цврстината на коските.
Многу е лошо организмот да биде кисела средина со pH вредност помала од 7,4 а вишокот на аминокиселини ја напалува таа алкалност или неутрална вредност на pH и тоа намалување е почеток на пореметувања на организмот.
Се е тоа ок само аминокиселините не се наоѓаат само во месото ги има секаде, еве на пр. кај јајцето во жолчката се наоѓаат 18 високо калорични протеини односно 6 аминокиселини на пр. леуцин, лизин валин и др доколку ги знаеш овие работи каде се наоѓаат аминокиселините што ги има во месото ти можеш да го отфрлиш од исхраната, сепак пред се треба да се консултираш со лекар за ваков вид на исхрана бидејќи он може да помогне во правилната комбинација на прехранбените производи.
Сега не знам точно кој есенцијални аминокислеини ги содржеше јајцето,но знам дека Леуцин,Лизин и Валин се есенцијални аминокислеини и ако ги има во протеините од јајце сигурно се во Белтокот или Белката и ги нема во Жолчката најверојатно лапсус направи тука ,во жолчката има во најголем процент масти,може има некое протеинче ама многу минимално.
Ги има тие аминокиселини во голем број производи,ги има во месо,млеко,еве јајце спомна ти,житарици и семки,зељест зеленчук и што ли уште не.
Не можев сѐ да читам ама не е вегетеријнството за секого, има луѓе кои супер го процесираат месото и луѓе кај кој стварно штети. Освен тоа и дозата е битна.
Тоа што го спомна V V not W дека мало дете ќе изеда јаболко а нема да ја јаде кокошката убаво звучи на теорија и само кај женски деца кај машко е друга приказна.
Колку пари сме слушале или виделе искасапено куче или маче од мали деца така да некоја голема вродена љубов кон животни кај децата е фама, нема врска со реалноста. Има деца што без окце да им трепне ќе исечат кокошка ако им се даде прилика така да тој аргумент е невалиден.
Цела природа е врз база на убивање дали за храна дали за доминација. И ние нон стоп убиваме за да преживееме, дали паразити, бактерии, вируси, комарци, муви и да не забегувам повеќе. Кој е тој што ќе каже дека една мува во однос на универзумот е помалку вредна од една кокошка?
Совеста на страна, јадењето месо може а не мора да биде штетно а има ситуации кога е и корисно и тука секој треба да си одлучи сам за себе.
Консумирање на месо од животни кои биле чувани во ужасни услови и хранети со хормони и соја е друга проблематика и таквото месо е секако со намален квалитет па дури може и да штети.
A bre,i da e nemirno deteto sigurno nema da go unishti,nema da go izede kuceto ili sto i da eGeneralno zborime,neli...
A sum imala situacii,zavisi kako sum raspolozena i kolku imam vreme,ako e nekoja retka bubacka,da ja fatam vo tegla i da ja pustam preku prozor.
Se` e do covekot,i kako sto kazav gore,tradicija,informiranost,sovest,vospituvanje...
Jas tvrdam deka bez meso se moze.