Me интересира некој што бил во Северна Дакота да ми каже како е за втора работа?Оти некои ми викаат дека било лесно и од агенцијата ми го кажуваат истото а други па знам дека не можеле да најдат.Има некој што бил таму до сега?
Не знам колку луѓе биле во Северна Дакота(како дестинација стана атрактивна од оваа година),ама ако гледаш по саатницата,која е најверојатно најголема во цела Америка,и трошоците за сместување и храна(некои работодавци го даваат тоа бесплатно),не верувам дека би имал потреба од втора работа .. Ама не знам,ако некој бил таму може поточно да ти каже,или пак да им веруваш на агенциите,друго решение нема
.
Ќе можат ли тие што веќе биле во САД преку ВОРК анд ТРАВЕЛ програмата да посочат одредени делови од САД и одредени позиции каде што се заработува солидно ?
Само види ги работните понуди,нема потреба никој да ти објаснува што и каде би требало да работиш. Очигледно е дека во големиве градови(Мајами,Њујорк,Чикаго..) се заработува минимално,а сместувањето и храната(општо мислам трошоци за нормално живеење) се најголеми.
Од друга страна,во региони кои не се атрактивни за студентите,како Северна Дакота оваа година,или Колорадо и сл. саатницата е многу поголема,трошоците се помали итн.
Не дека ова ке ти помогне,веќе го знаеше ама сепак .. не се фиксирај само на советите од другите.