Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Да бе сам си го извадив тоа од мене, а ако ти си зависен од Лике еве сега ќе ти мавнам еден

Прочитав, доволно видов, а фрустарии веднаш одам да лечам, а исто и ти овде лечи ги твоите
Не озбилно, не си потребен овде сега. Дојди другпат ако ти се иде толку, немој сега, не е најдобро време.
Се надевам тоа ти беше последен пост.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.806
Поени од реакции
21.536
каква е оваа демократијата ... има само едно копче ЛАЈК .. сакаме ДИСЛАЈК копче под хитно !!!
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Да БОЛНО Е!!! ЛОШО Е!!!! Но секогаш треба да ги подржуваме!!! Што испаднаа многу е ЛОШО, НЕРВОЗНО! Но колку можеа се трудеа повеќе среќа следниот пат... Малку и да се смени доста бевме во игра само НИЕ!!!!!!!! :P
Манчестер е ЕДЕН и ЕДИНСТВЕН! Следно ќе им вратиме за СЕ!!!! И на сити за тие 6 и за тоа што не влеговле во ЛШ!!!


Само едно нешто сакани мој :
Кога си тажен , сети се дека Челзи немаат ниедна титула во ЛШ и почни да се смееш ! :)


Главата горе момци, пак сме НАЈБОЉИ!!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
http://en.wikipedia.org/wiki/UEFA_Europa_League

не е провокација, мислам бараа неколку членови за правилата...
абе ок е убаво што се потруди,ама ме мрзи да читам мислев некој на кратко да пише што следува..

тоа е македонче што и да правиш не е задоволен:ROFLMAO: работава е сакам да ми го соџвака некој ја само да го голтнам :LOL:
 
A

apidrone

Гостин
Со самиот факт што си имаш резервен клуб, твоите муабети овде губат на важност. Ти можеш да бидеш со тимот и 10 комада да ги прима по утакмица ама одма ќе отрчаш кај другиот да го бодриш, додека претходниот не закрепне.
Затоа те молам немој да цениш дали некој е или не е поголем фан од тебе, затоа што немаш право.



Поздрав.
Исто како што ти можеш еден период да ги величаш играчите, па потоа да ги плукаш/продаваш/колнеш и слично. Не сакам да се расправам со особи кои гледаат само право, особи кои немаат свој став, кои го менуваат мислењето како што се менува времето. Го пишав цитатот прееска, за да видите дека водење клуб не е само трансфер политика и грижа за ростерот. Али хеј, што ти е тебе гајле за тоа, ти немаш никаква допирна точка со тоа, нели? Тебе ти е битно само да гледаш како тимот победува, како носи нови играчи и сл. Другото мање битно. Кој има време, нека се замара со тоа (всушност јас се би дал сеа да сум средно, да имам време колку сакам, и да ги имам сите информации)..
Никогаш не реков дека некој е или не е поголем фан од мене. Сите се сложуваме дека ова е лош период, дека елиминација од групи во ЛШ е катастрофа, дека имаме смена на генерација.. Но ја сменивме и 99та генерацијата (тука е само Гигс, и Фергусон нормално).. пак сме на врвот. Дури и ништо да не освоиме годинава, јас ќе верувам. Така сум научен. И знам дека Ферги повторно ќе направи некоја магија и ќе го крене тимот. Знаеш зошто го знам тоа? Затоа што го направил тоа и претходно.
Спортски поздрав и се надевам дека утре со ладна глава ќе размислиш малку подлабоко на проблематикава која сите ние тука ја дискутираме.
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
684
Поени од реакции
1.193
Манчестер јунајтед испадна?!?! - Да испадна! Го мразам сега? Не - го сакам уште повеќе. И не ме прашувајте зошто ... вие тоа не го разбирате. Тажен сум и љут сум, но не и разочаран. Кога ќе се сетам само колку пати овој клуб ме направил среќен и колку многу ни пружил на нас навивачите. Испаднаа од Лига на шампиони??? Да. Изгубија од Сити и примија 6 голови??? Да. Па??? Сега кога сте сите против него, јас сум тука за мојот клуб. И секогаш ќе бидам. Се наоѓа во криза, но ќе биде подобро. Знам! Верувам во тој тим и секогаш ќе биде така!!! ♥ UNITED TILL I DIE ♥
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.273
Поени од реакции
30.592
Лошо и слабо сезонава. Од бетер побетер.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Манчестер јунајтед испадна?!?! - Да испадна! Го мразам сега? Не - го сакам уште повеќе. И не ме прашувајте зошто ... вие тоа не го разбирате. Тажен сум и љут сум, но не и разочаран. Кога ќе се сетам само колку пати овој клуб ме направил среќен и колку многу ни пружил на нас навивачите. Испаднаа од Лига на шампиони??? Да. Изгубија од Сити и примија 6 голови??? Да. Па??? Сега кога сте сите против него, јас сум тука за мојот клуб. И секогаш ќе бидам. Се наоѓа во криза, но ќе биде подобро. Знам! Верувам во тој тим и секогаш ќе биде така!!! ♥ UNITED TILL I DIE ♥
Кој и да го пишувал ова сигурно се дружи со Панче Малдини :S
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Испаднавме, испаднавме па што, не е крај на светот!

Се надевам дека после ова Ферги ќе сфати кои играчи се за Јунајтед, кои не ... и по можност уште Јануари да се направат некои промени, не да се чека до на лето.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.306
Поени од реакции
26.208
Фергусон заебал? Можеби. Всушност и да заебал има право на тоа. Фергусон е во тимов 25 години. Фергусон го направи тимот од познат британски -- глобален бренд. Фергусон е институција. Згрешил, голем курац што згрешил.

Инаку во сезоната кога последен пат испаднавме вака имавме нов голман кој после стана легенда и на зима, во последните денови ги купивме Видич и Евра. Тогаш Нистелрој побара трансфер бидејќи тимот бил очаен и немало да освои ништо. Сега ќе видиме дали ќе има некоја следна будала.
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Да БОЛНО Е!!! ЛОШО Е!!!! Но секогаш треба да ги подржуваме!!! Што испаднаа многу е ЛОШО, НЕРВОЗНО! Но колку можеа се трудеа повеќе среќа следниот пат... Малку и да се смени доста бевме во игра само НИЕ!!!!!!!! :P
Манчестер е ЕДЕН и ЕДИНСТВЕН! Следно ќе им вратиме за СЕ!!!! И на сити за тие 6 и за тоа што не влеговле во ЛШ!!!


Само едно нешто сакани мој :
Кога си тажен , сети се дека Челзи немаат ниедна титула во ЛШ и почни да се смееш ! :)


Главата горе момци, пак сме НАЈБОЉИ!!
Детенце колку годинки имаш?10 или 12?
Кога и најтешко ви е го спомнувате Челзи ццц..

Поздрав до сите фанови на Манчестер,стварно никој не очекуваше дека волку рано ќе испадне али тоа е..
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Го пратам фан клубов повеќе од година, и не се решавав да напишам било каков пост бидејќи никаква дискусија неможе да се развие. Тука се пишува само за шпекулации за нови играчи, плукање по тие што зафркнале утакмицата, и сите знаат како може да се реши проблемот. Фергусон не треба да се замара, едноставно нека отвори еден ден пред натпревар кајгана и само нека примени што кажале стручњаците. (трол рулз)

Дојде тоа време кое никој од нас не го посакуваше (и тие што плукале и тие што не плукале по серот и играчите, сите ваљда си го сакаме клубот). По очајниот пад у играта по поразот од Сити, и не можноста постигнување на 2 погодици во последните 5-6 натпревари, не ме разочара толку ова.

Ајде од почеток, да пишам тоа што ми лежело на душа од почеток на сезона. :pos: Со неколкуте трансфери (кои според мене се сеуште одлични), оваа сезона имаме поинаков состав од предходните. Споредете ги првите 11 против Барселона во финалето во мај, и сегашните први 11 (добро бе секоја утакмица иаме различни први 11 ама отприлика ја имате сликата кој игра прва постава:D). Оваа сезона играта на Манчестер падна на грбот на гуштерите. Додека не почнаа повредите, тимот функционираше перфектно, но подоцна почнаа да не бијат малерите. Клеверли изигра само неколку утакмици, и тој што требаше да ја води играта го изгубивме. Андресон по обичај не го покажува својот максимум, ама со него колку толку функционираше средината, но и он е повреден. Сколс (легендо!), Керик и Флечер што не држеа до лани, оваа сезона ги нема. (не ги бројам неколкуве утакмици што ги изиграа) Во одбраната Рио и Евра не се тоа што беа изминативе години, а Видич има слична судбина со Клеверли оваа сезона. Што значи главните мидфилдери и столбот и генералот во одбрана ги нема. Оваа сезона имаме премногу напаѓачи, Руни, Чича, Берба, Овен, Македа, Велбек... Неможе головите да паднат, ако целиот тим лошо игра. Малкуте шанси што се создаваат преку Нани и Јанг се тие голови што носат. Тоа пали само кај екипите од долниот дел на табелата. Според тоа Фергусон мора постојано да менува формација за некако да упали работава, ама играјќи играчи што не се на нивната оригинална позиција неможе да донесе многу успех инстантно. Целиот тим некако се крпи, и прикрпува. Не навлегувам у тоа дали ни требаат и кои ни требаат играчи за во зимскиот преоден рок, но само ке ви кажам дека не сме Сити, за да земеме кој сакаме. (моја новогодишна желба е да се вратат сите повредени, да се вратат јачи него икада:pos::pos:)

Според сето ова мојата констатација е дека повредите (со нив постојаната промена на формација) не донесоа до кај што сме сеа. Далеку од тоа дека плачам на повредите, "ние сме најјаки само неаме среќа", како што тоа го прават фановите на Арсенал последниве 5-6 години, само пробувам да најдам одговор на оваа криза во кој западна нашиот драг Манчестер (покрај одговорот дека секоја сезона околу крисмас (нивниот) играме јако, сеа нормално е да губиме, така секогаш било) и малце да ви разбијам монотонија со постовиве кои очигледно се едното исто. (поголемиот дел)

Конкретно денес од коа ви ги прочитав коментарите сосема ја ублажив сликата што ми се создаде од поразот. Проблемот во фановите на Јунајтед е што се навикнати секоја година да гледаат трофеј. Фергусон ве разгалил, најтрофеен клуб во Англија, 3 финалиња во ЛШ во последните 4 години... Само Барселона е поуспешна од нас последно време. И кога дојде кризата на Јунајтед, Фергусон го сменивте. Не иде тоа така, треба да се знае да се биде голем во поразот. Да се прифати и да се оди понатаму верувајќи во клубот (Манчестер ако не се дигал после вакви кризи, незнам кој...)

Со тоа што глеам сите кажавте дека ке си го сакате клубот, еве и јас кажувам..??!?!? Абе втф, после пораз не ја ставам на тест мојата љубов кон клубот, не ни помислувам воопшто на тоа... Таман работа после порази да се откажувавте, и да ви прекинуваше љубовта кон клубот. (морав да исхејтам ова:D)

Се прашувам само зашто е измислено она BELIEVE...

п.с. Немојте да добиете претстава дека сум светец :pos: и ја си ги пцујам играчите дур трае натпреварот, ама тоа е ради реда и инстанта нервоза (тоа македонското:pos:), ама знам дека никој намерно нејке да згреши, и да му наштети на клубот.

п.п.с На лисецов му станаа опсесија комшииве, отиде у Лига Европа за да ги остави без ниеден трофеј :pos::pos::pos:
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.746
Исто како што ти можеш еден период да ги величаш играчите, па потоа да ги плукаш/продаваш/колнеш и слично. Не сакам да се расправам со особи кои гледаат само право, особи кои немаат свој став, кои го менуваат мислењето како што се менува времето. Го пишав цитатот прееска, за да видите дека водење клуб не е само трансфер политика и грижа за ростерот. Али хеј, што ти е тебе гајле за тоа, ти немаш никаква допирна точка со тоа, нели? Тебе ти е битно само да гледаш како тимот победува, како носи нови играчи и сл. Другото мање битно. Кој има време, нека се замара со тоа (всушност јас се би дал сеа да сум средно, да имам време колку сакам, и да ги имам сите информации)..
Никогаш не реков дека некој е или не е поголем фан од мене. Сите се сложуваме дека ова е лош период, дека елиминација од групи во ЛШ е катастрофа, дека имаме смена на генерација.. Но ја сменивме и 99та генерацијата (тука е само Гигс, и Фергусон нормално).. пак сме на врвот. Дури и ништо да не освоиме годинава, јас ќе верувам. Така сум научен. И знам дека Ферги повторно ќе направи некоја магија и ќе го крене тимот. Знаеш зошто го знам тоа? Затоа што го направил тоа и претходно.
Спортски поздрав и се надевам дека утре со ладна глава ќе размислиш малку подлабоко на проблематикава која сите ние тука ја дискутираме.
Кој играч јас сум продал/колнел/плукал?
Имам кажано и порано и сега истото го зборувам, ако мислиш за Македа и Клеверли.
Недозволиво е тим од рангот на Манчестер Јунајтед да не може да победи еден К.Палас, Базел, Бенфика и тимови од нивни ранг, значи Н-Е-Д-О-З-В-О-Л-И-В-О.
Ти не се расправаш, ти си у тие кои гледаат само право и не сакаш здраво да испратиш една критика иако си свесен дека нешто е погрешно. Гледаш дека треба играч кој ќе ја држи средината, ама не сакаш да го кажеш тоа, мислиш дека Ферги со магиите ќе направи нешто.
Кој сака нека биде на клупа, милион трофеи нека се донесат ама онаму каде што се има простор за критика да се испрати, а не да се замижува и да се предвидуваат дадени дузина голови по натпревар и минување ко експрезен воз, а уствари се дешава Македонски железници.

Друга работа, кој не сака тимот да победува, ако тоа не било така мал милион просечни екипи ќе имале најголема база на навивачи ширум свет, ама тоа во пракса не е така. Трофеите и успесите се магнет за гледаност, симпатизирање, прибирање на навивачи.

Трето, никој тука не престанал да верува, само фактот што ова може да претставува една изгубена сезона многу нормално дека ќе иритира и секогаш ќе иритира. Ферги нека прави магии, ама сигурно не може да направи да се помине групата, зашто тоа е завршена работа. ЛШ за Манчестер Јунајтед годинаава заврши, многу порано отколку што сме навикнати.
Наредна година здравје друг муабет, ама НАРЕДНА ГОДИНА.

И на крај, овде во последен период не се дискутира никаква проблематика, туку се трола за жал.
Со 2-3 исклучоци.
А пример за дискусии на различни проблематики во тимот, се дечките од фан клуб Интер, би препорачал од нашиве овде да почнат да го читаат малце и тој фан клуб.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Фергусон заебал? Можеби. Всушност и да заебал има право на тоа. Фергусон е во тимов 25 години. Фергусон го направи тимот од познат британски -- глобален бренд. Фергусон е институција. Згрешил, голем курац што згрешил.
Инаку во сезоната кога последен пат испаднавме вака имавме нов голман кој после стана легенда и на зима, во последните денови ги купивме Видич и Евра. Тогаш Нистелрој побара трансфер бидејќи тимот бил очаен и немало да освои ништо. Сега ќе видиме дали ќе има некоја следна будала.
Не знам зашо се замараш да објаснуваш, најсериозно. Полно тука мислат Фергусон дека е безгрешен. Не бе луѓе има право на грешка човекот. Да не беше тој пола од вас тука можеби немаше да навиваат за Манчестер Јунајтед. Да сфатам противнички фанови што бараат да си оди Фергусон, ајде де, мада глумат само дека така е реално, всушност реалноста е дека ноќна мора им е стариот на повеќето. Ама навивачи на Манчестер? Аман бе? Убаво ви вика Бастерд, навратете се на оваа сезона и се ќе биде појасно.

Друго нешто што приметив, и овој натпревар Де Геа го кривеа. Остајте го човекот да брани на раат. Ваму кај што гледав у Агер и Сагер одма почнаа, што виде стариот у него па 20 милиони даде? o_O Навистина не знам дали кај нас има само вакви менаџеришта и скаутишта полно или сегде у светов е вака. Ако е само кај нас, па дај некако да ги контактираме MUFC, да не седи незапослен народов за џабе. После тоа кога го одбрани слободниот удар му аплаудираа. Издрогиран народ, не знам што да кажам друго. Ако некој го плукам јас, срам ќе ми е после тоа да му аплаудирам. Лицемерие право да му се сневиди, нешто што најмногу мрзам општо кај народот.

А за Руни збор лош да не можеш да кажеш, само Нани и Де Геа на пик. А факт, да не е Нани да повлече и да се избори, нема кој. А и општо е вака меѓу грото фанови на Манчестер, имаш само 2-3ца играчи кои се на пик и се жртвени јагниња. Лани тоа беше О`Шеј, сеа го нема Џони па другиот Џони го имаш (иако вечерва изигра добро) заедно со Де Геа и Керик.

Сезонава само ПЛ да се насочиме и ако може во ФА купот да направиме нешто, но мора да се помириме со тоа дека некогаш претстојуваат и вакви сезони кога и да купуваш играчи ко што викаат повеќето, ЏАБЕ Е, смена на генерации, мора да помине време да се создаде хемија меѓу играчите. Тоа е тоа, само на Видиќ да не му е нешто сериозно зошто најмалце заслужи.

Не знам за вас, ама утре се шетам со дресот низ град. Во вакви моменти ако не сфатиш колку го сакаш клубот, нема кога. GGMU!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom