UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.
A

Auditore

Гостин
Какви коментари прочитав, не ми се верува.
Затоа што останале 2 англиски тима значи дека италијанската лига е подобра?
Каде е објективноста во овие коментари бре, како може да е подобро, кога до вчера беше актуелно Калчополи и уште триста тракатанци, за кои ем ме мрзи, ем немам намера да објаснувам на луѓе кои што се премногу кратковидни.

Исто коментари од типот, да не беше вашиот капитен(Тери) немаше титула во ЛШ да видиме, од членот апидроне.
Друже, ти првин да си се определиш кој тим симпатизираш, оти на форумов си фан на два тима, Јунајтед и Реал, и уште си зимаш за право да реметиш, иди лечи комплекси на друго место.
А тоа дека да не беше Тери е чиста вистина, секогаш сте биле ниво подоле против Челзи во меѓусебни дуели, секогаш Челзи играше подобро иако резултатите друго говорат, но знаеме зошто е тоа така.

А и реметов вечерва ви е и повеќе од заслужен, во група со Отелул, Базел, и Челзи не паднал вака ниско, да знаеш.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Нема заслужи-незаслужи.Ждрепка е,како излезе,така.И Челзи имаше прилично тешка група,па не значи дека автоматски треба ЦСКА да ги добие.
Разумеш?

Иако мислам дека Наполи ќе налета на Арсенал или Челзи.
Моја желба. Поточно секоја италијанска екипа ми е желба затоа што со кој и да играме од Италија си го мачкаме на леб. :D
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Види, на секој тим му доаѓа темен период. И Реал го правеше истово 2000 година негде па после тоа колку години се фатија како не помина 1/8 финале? :)

Јас нигде не реков дека на Фергусон нема да му дојде крајот. Никој човек не е вечен. Ама дека уште сега му е времето не се согласувам. Само шест месеци поминаа откако му подари на овој тим историја. Арагонес колку години имаше кога освои со Шпанија ако не сум грешка? Тој има уште да работи за овој тим и минимум уште 4-5 години ќе биде на оваа клупа. Што се однесува до мене а и до секој навивач на Манчестер Јунајтед, да даде Господ да остане уште 10 години, а не 4-5 :) Мене ми се допаѓа начинот на кој го води Фергусон тимов, со давање предност и шанси на млади играчи отколку купување на други, па макар ништо да не освоел сезоната. За мене Фергусон = Господ. На ривалските фанови можеби ова им е смешно, но затоа не навиваат за Манчестер, нели?
И не, нема да дојде млад човек ко Боаш, Мурињо ќе дојде на клупата на Манчестер, јавна тајна е веќе тоа станато.

П.С. А тоа дека Фергусон више ништо големо нема да освои :pos:

Тие што се смееле на Челзи слободно нека си трпат ремет. Ако им е, секој треба да си гледа во својот двор, пошо никогаш не знаеш што ќе те пречека дента :) Поздрав и се надевам дека сезонава Челзи ќе го скрши малерот во ЛШ. (y)
Би сакал и јас да скршеме малер.Но ЛШ тешко ни го дозволува тој филм.Shit Happens :)
 
В

Вори

Гостин
Моја желба. Поточно секоја италијанска екипа ми е желба затоа што со кој и да играме од Италија си го мачкаме на леб. :D
Ја не ги сакам Наполи,затоа што се многу јаки на домашен терен,имаат фантастични играчи како Кавани,Хамшик,Лавеци,не би се залетувал многу.
А и Милан не ги сакам,ќе треба со цимерот да се искараме,а и со уште еден добар другар,така да не го посакувам тоа,наравно :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
За Сити што отпаднаа не ме чуди, имаа тешка група, немаат искуство во ЛШ, сепак се мал клуб.

За Јунатед, ова е голем удар, психолошки, лесна група, но и вакви работи се случуваат. Нека си прават анализи тие што треба како и зошто се случи.

А дали заради овие резултати или нешто друго, форумот е заглавен ептен.

Ама сигурно не ситуацијата како во Redcafe.;)
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Какви коментари прочитав, не ми се верува.
Затоа што останале 2 англиски тима значи дека италијанската лига е подобра?
Каде е објективноста во овие коментари бре, како може да е подобро, кога до вчера беше актуелно Калчополи и уште триста тракатанци, за кои ем ме мрзи, ем немам намера да објаснувам на луѓе кои што се премногу кратковидни.
Italijanskata od angliskata e minimum 10 pati po fudbalska liga. Da ne bea sheicite i rusite i trista i peeset drugi investitori, sega Chelsea ke bese nikade, za City da ne zboram voopsto. Uste Arsenal i Utd ke gi vodea bitkite vo Anglija, taka da postedi ne od toa kolku angliskata liga e posilna, koga fakt e deka ne e.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Интересна вечер, само што јас ништо не гледав.:)
Манчестер х 2, финале Лига Европа, добро е, ќе има гледаност годинава најмногу.:)
И добро, што се случува со форумов? Ко некој трактор тера.
Поспор е и од Ван Бајтен... :pos:
 
A

Auditore

Гостин
Italijanskata od angliskata e minimum 10 pati po fudbalska liga. Da ne bea sheicite i rusite i trista i peeset drugi investitori, sega Chelsea ke bese nikade, za City da ne zboram voopsto. Uste Arsenal i Utd ke gi vodea bitkite vo Anglija, taka da postedi ne od toa kolku angliskata liga e posilna, koga fakt e deka ne e.
Од ова што ми го напиша, согледувам само тешење за дереџето до кое е дојдено Калчото.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.595
Поени од реакции
22.583
Епа, колеги, вие и понатаму трубете како Платини и помага на Барселона, а не гледајте што се случува во реалноста. Французинот си владее со УЕФА, никој не може да го симне, а за време на неговиот мандат, Франција со помош на судии ќе оди на Европски и Светски Првенства и исто така безобразно француски екипи(читај Лион вечерва) ќе играат со играч повеќе на теренот, додека директниот ривал(Ајакс во случајот) ќе си биде оштетуван. :tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom