Chocolate Chip Cookies
Одсекојпат имаах мерак да пробам домашни да видам дали ќе са послатки од купечките.. Ного поарни беа...
Мастраф:
125г Омекнан путер
1/2 шолја бел шеќер
1/2 шолја кафеав шеќер
1 кесенце ванила
1 јајце (склапано)
1 3/4 шолји брашно
1 пециво
20-30 милилитри млеко
250г Чоколадни парченца
Со миксер, у подлабок сад со миксер се клапа путеро, шеќерите, ванилата, додека не стане пенесто и хомогоено. Јајцето се клапа у посебна чинија со вилушка, и се додава малку по малку у поголемио сад со путеро и шеќеро додека не се размеша и соедине убаво.
После брашното се додава на етапи (не целото наеднаш) и пецивото. Сето се меша со миксер, и на половин додадено брашно се дотура млекцето и се дотура остананото брашно. Откоа сите нешта ке са размешани и исклапани убаво, добива се тесто (не е баш тесто, ама си е полутврда смеса). Додават се чоколадните парченца (продават се специјални, а може и да се насече од кујнско чоколадо.. и двете сам ги правил и нема никаква разлика). Меша се со миксер додека не се распоредат убаво самите чоколадни парченца.
Загрева се рерната на 180-200 степена, хартија на тепцијата за печејне. Со маленка лажичка, праат се топченца и се распоредуват у тепцијата и се остава доволно место меѓу них, оти ги ставаш топченца, а се расшируват у тек на печејнето. Обично у правоаголна тепција за ел. шпоре се збират 9 колаченца. Печат се 9-10 минути, и се вадат внимателно од тепцијата (најубаво е со голема и рамна лажица, и се стават на решетка за ладејне. Требе да се пазе коа се вадат оти са рофити и се ронат ногу. Откоа ќе истинат, се стврднуват.
Рецепто праа некаде 36-40 колаченца.